06.10.2011, 12:41 Почна „Вино-скоп 2011“
На плоштадот Македонија синоќа почна петтиот Интернационален вински фестивал „Вино-Скоп 2011“. За отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а настапи Влатко Стефановски трио.
- Чест ми е што традиционално по петти пат Градот Скопје дава свој придонес во промоција и афирмација на традиционалното македонско вино, како пред домашните, така и пред странските посетители, а соединувањето на традицијата и иновацијата во винарството со искрена љубов за производството на вино овозможува да се оствари крајната цел - производство квалитетно вино со најдобра вредност за секој купувач. Секоја капка гроздов сок преточена во виното зближува, затоа на ова место под отворено небо може да уживате пет дена во вкусот на белото и на црвеното вино, рече градоначалникот Трајановски.
Во рамките на годинешниов петдневен фестивал ќе бидат презентари 30-тина домашни и странски винарии и богата музичка програма. Во деновите што следат за посетителите на „Вино-Скоп 2011“ ќе настапат Гоце Арнаудов, Даутовски квартет, Игор Џамбазов, Есма Реџепова и многу други.
Продажбата на сите производи на фестивалската територија ќе се врши искучиво со таканаречените "Вински денари" (бонови), што се продаваат на определени��е пунктови на Вино-Скоп, а љубителите на овој пијалак на вистината ќе можат да купат и специјално испечатени чаши со грбот на фестивалот во пескарено стакло.
Фестивалот „Вино-Скоп 2011“, што ќе се одржува до 9 октомври, се реализира на иницијатива и под покровителство на Град Скопје, а стручен организатор е друштвото за угостителство и трговија „ОЛД ГРИПС ПУБ“ Д.О.О.
|