Уште тројца се повредени откако се урна хеликоптер во кој се наоѓаа британски туристи во Њујорк.
Полицијата извлече тело на жена од Ист Ривер откако леталото во кое биле четири луѓе се урнало во вода непосредно по летањето.
Спасувачките екипи успеале да спасат две жени и еден маж кои се хоспитализирани. Засега не е позната причината за уривањето на хеликоптерот кој бил приватна сопственост.
Хеликоптерот Бел 206 џет ренџер е еден од најпопуларните комерцијални модели на хеликоптери. Моделот чини меѓу 700.000 и 1,2 милиони долари.