Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.06.2012, 19:36

Црвенковски ја смени тактиката, но не и реториката

Токму идејата за иднината, односно колку таа се содржела во говорот на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски

Наум Котевски

Додека Горан Пандев и неговата Надица даваа брачна заклетва пред Бога во струмичката црква „Свети петнаесет тивериополски маченици“, само преку еден ѕид, на плоштатчето (ако така може да се нарече) во Турското Маало се појави градоначалникот Зоран Заев, кој следен со зурли, тапани и оро, го официјализираше пред сограѓаните продолжувањето на бракот со политиката преку трета градоначалничка кандидатура.

Во таа сеопшта веселба, додека на куќите со разни бои висеа фоторепортери за да фатат некој папарацо-кадар од среќните моменти на најдобриот репрезентативен стрелец, најефикасниот, според СДСМ, градоначалник во земјава потврди дека не станува збор за брак од интерес, туку за брак кој се базира на идејата за подобра иднина.

Токму идејата за иднината, односно колку таа се содржела во говорот на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на првиот од серијата митинзи најавени за летово, вчера се насочија сите аналитичари, а заклучокот е дека Црвенковски повеќе сака да дава оцени за работата на политичкиот противник, наместо да нуди решенија како кандидат за некоја идна власт.

Нема никакво освежување во реториката на поранешниот премиер и претседател, а сега лидер на опозицијата. Наместо по теркот на современото политичко изразување и комуникација со масите, 10 отсто од својот говор да го посвети на нападите кон противниците, а 90 отсто да издвои за да им ги соопшти на граѓаните своите замисли како да се промени ситуацијата, тој се потруди да го одржи во кондиција застарениот обратен модел - богат со хумористично иронизирање на реалната ситуација, не нудејќи ништо што како дискусија ќе претставува чекор напред во сегашната ситуација.

Други, пак, сметаат дека Црвенковски во случајов не е кандидатот за градоначалник и дека е доволно што во своето обраќање се осврнал на проектот за гасификација, како темел на борбата на опозицискиот СДСМ за зголемување на капиталните инвестиции, притоа потенцирајќи го во тој контекст, според него, недозволивото расипништво на власта, кое е највидливо низ призмата на проектот „Скопје 2014“.

„Деновиве слушам дека Владата со новиот проект за 13 милиони евра ќе вработела 8.000 луѓе. Толку вреди само споменикот на Александар Македонски, од кој големите патриоти се срамат и го нарекуваат ’Воинот на коњ‘. Значи, цената му е колку 8.000 работни места“, ќе потенцира Црвенковски во својот говор.

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски очекувал таков настап на Црвенковски и смета дека, особено по самитот во Чикаго, се интензивирала реториката на лична дисквалификација.

„Современата политичка реторика бара на граѓаните да им се понуди излез од тешката ситуација, некаква алтернатива. Нападите кон противникот се веќе видена и прочитана работа. Нема потреба од толку ниски напади, бидејќи граѓаните гледаат што прави противникот. Но, ние сме далеку од светската практика“, вели Кекеновски.

Според него, само Љупчо Георгиевски на изборите во 1998 година повлекол исправен и современ потег во вербалната комуникација со електоратот, и тоа му донесе резултати на политички план.

„Тој тогаш јасно кажа дека нема да си дозволи целата програма да му се сведе на напад на противникот. И така и направи. Излезе со понуда и решенија“, додава Кекеновски.

Комуникологот Петар Арсовски, пак, смета дека не може да се носи заклучок по само еден митинг и дека поважно од говорот е тоа што, според него, СДСМ дефинитивно се активира.

„Најдобро е на крајот од низата најавени митинзи да дадеме оцена за тоа како Црвенковски и' се обратил на јавноста. Струмица и не е баш индикативен пример. Тоа е општина каде што СДСМ добро стои. Можеби на наредните митинзи во градовите каде што поддршката е помала тотално ќе ја смени реториката. Затоа мислам дека издржаната анализа треба да се остави за крај“, посочува Арсовски.

Според него, споменатиот проект за гасификација е најдоброто нешто што некоја партија може да го понуди на локално ниво.

„Тој проект повлекува низа страшно позитивни ефекти. Од отворање повеќе фабрики, зголемување на конкурентноста, намалување на давачките, да речеме, на болниците и останати институции... Што друго би требало да се понуди на локално ниво“, прашува Арсовски, кој како позитивен за опозицијата го оценува и обидот за доближувањ�� до граѓаните, како што беше спиењето на потесното раководство на СДСМ во домовите на струмичките селани, а не во хотел. За тоа дали ваквиот потег ќе придонесе за уривање на доминантната елитистичка слика за СДСМ кај граѓаните, Арсовски вели: „Работите не се менуваат преку ноќ. Но, ако продолжат во овој ритам, сигурно ќе има резултат. Секој граѓанин посакува да се интензивира таа комуникација со политичарите“, потенцира Арсовски.

За Кекеновски, пак, тој обид практично претставува лична деградација на СДСМ.

„Не може со години да се гради елитистички имиџ, па наеднаш да се бориш за руралниот. Тоа претставува копирање на начинот на кој функционира ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго. Мислам дека тоа нема да им донесе поени“, вели Кекеновски.

СДСМ: Ќе нудиме решенија

Од СДСМ реагираат дека во изминатиот викенд највисокото партиско раководство се сретнало очи во очи со повеќе од 12 илјади граѓани од Струмица и од сите околни општини.

СДСМ, стои во реакцијата, и натаму остануваме посветени на непосредните контакти со граѓаните и на нудење решенија за нивните проблеми.

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно елитизам од СДСМ

По митингот во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ оцени дека излегле на виделина неколку нови негативни феномени, кои покажувале дека социјалдемократите не се промениле и дека нивните челници не можат да се променат.

„По 20 години во политиката и просечна животна старост од 45 години, тие се фалат дека првпат отишле во село и дека првпат јаделе компир-манџа. Ова е доказ за елитизмот на СДСМ. Дури и кога им одат дома со вакви изјави ги навредуваат луѓето. Ги потценуваат дури и сопствените членови, заборавајќи да им кажат во колку квадрати и каде се' тие живеат“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.


Статијата е прочитана 4638 пати.

Испрати коментар



Пандев и јавноста
Груевски побара повеќе шведски инвестиции
Македонија молчи пред Белград
Камбовски: МАНУ ќе се подмлади
Битола парализирана oд непотизам
Тежок пат до ослободителна пресуда за клевета
Тешка артилерија против Владата од струмичкиот плоштад
Нов „Бранков закон“
Нема обвинение за градоначалникот на Старо Нагоричане
Мартин Нешкоски - една година потоа



sando novoselec, 05.06.2012 00:15:10
Branko vo Strumica ne spomnal zaboravil čovekov ako dojde na vlast deka živi luge ke jade FALA
Mudrecot Tochakliski i graditelot Djorchev, 05.06.2012 01:17:50
A shto se pak zamisluva toj Tochakliski, da e popameten od Branko? Daj choveche, trgni se vece ednash od tie pres-konferencii, odvraten si! Ili V.Djorchev go gledam vo dnevnikot, se oni izgradile ??? Abe dechko, da ne bea komunistite i nivnite zrtvi, nitu drzava ke imavme, nitu pak bilo shto za rekonstruiranje, krpenje i belenje. Tie izgradija pravedna i pravna drzava, fabriki, centrali, bolnici, patishta, stanovi, ..., a ne spomenici i vrbi. Ne davate pari na deteto da mu se spasi zivotot, a milioni treskate na spomenici, kapii, fasadi, ogradi, vrbi, shmizli, kuronji ... . So koj moral go toa pravite? I ushte se ponosite! Da te podsetam Vlatko na onaa narodnata: Od ona shto se pameten srami, so toa se budala ponosi. Prodolzi da se ponosish, zaedno so Grujo i drushtvoto, nazalost, i so prepolnetite dzebovi. Belkim na vmro-vchinjata ke im tekne na slednite izbori da vi go pokazat svojot ponos i sredniot prst.
Mirko, 05.06.2012 06:47:24
Gos. Kekenovski ti sekogas gledas so dvapara oci pa covece negledas li deka 6 godini tvojot lider na site mitinzi intervjuja i na sekoja frlena lopata zbori samo za Crvenkovski ako e tocno ona sto bese objaveno 180 iljadi evra dnevno trosi pari nasi pari za ocrnuvanje na BC,e sega da te prasam zosto tolku penjavenje ako e nebiten i istrosen politicar,no odgovorot e jasen sto bi rekol nasiot narod PRPA vi e od BC vo imate nemiren son kosmari imate od BC i svesni ste deka nikogas nema da mozete da bidete na negovo nivo takov vo vasata partija nemalo ,nema ni ke ima sve dodeka najupotrebuvan zbor vie ke ke ke ke ke...
Branko, 05.06.2012 06:52:03
Nema potreba od tolku niski napadi, bidejki gragjanite gledaat sto pravi protivnikot E g. Kekenovski, tocno e deka narodot gleda sto pravi protivnikot i gleda deka protivnikot sekojdnevno upotrbuva takvi pogrdni zborovi kon SDSM da na covek mu se krene kosa na glavata, bidejki site presovi i izjavi na DPMNE se pretezno vregjanje na SDSM. So veli ekspertot za stranski investicii Samak? Opozicijata nema pojma od stranski investicii, da dojdat da im objasnam bree majkata sto e toa? Ne e vregjanje?
ФЕЛИКС, 05.06.2012 07:57:18
Некои нешта фрапантно се повторуваат и во овој митингашки караван.Значи како прво повторно жолти маички,реквизит изборно несреќен за Бихаќевците.Повторно се критикува а не се нудат решенија што е и за очекување од докажаниот блефер.Потоа има аветинска тупаница во сива боја како плакатен реквизит.Но има и нешто ново а тоа е преспивање по селски куќи,амбари и други селски помошни простории.Идеа првокласна за да се осознае како и каде земјоделецот после напорната земјоделска работа ја поминува ноќта.Дружење за пример на оној со испукани раце,поцрнет од сонцето а од друга страна негувани раце,поцрнети лица од солариум,маникирани нокти,гардероба од стотина евра и т.н Но дружбата е далеку поважна иако актерите во неја се тотално различити во секој аспект.
Коста Стоименовски, 05.06.2012 08:26:15
Елитизмот на СДСМ и лидерот на оваа партија се сериозна хипотека која ја отежнува смената на актуелната популистичка и арогантна власт. Елитизмот е базиран на потомците на тн. „Црвена буржуазија“ (Водно) и универзитетски професори. Во периодот 1992-1998 година „Водњанци“ крајно самоуверено и арогантно настапуваа со флоскулата „Ние сме на власт и можеме да правиме што сакаме“! Да, правеа што сакаа, ама еве сега никако не можат да се соземат! Имам познати и пријатели меѓу префесорите и ги молам да не ми се наљутат, но мислам дека тие се мошне неуспешни и неефикасни политичари. Тие општеството го поистоветуваат со амфитеатар полн со студенти и никој не смее да им „контрира“. При тоа, немаат ни чувство, ни знаење за оперативно работење, кое е мошне важно во политиката! Во СДСМ владее евидентна безидејност. А бре луѓе, зошто не ги повикате најдобрите студенти и зошто не основате „Политичка академија“ за да ги активирате и привлечете младите, како што тоа го направи ДПМНЕ пред 8-9 години?
elena, 05.06.2012 09:25:35
bidete korektni:vo socijalizmot se izgradija fabriki, a vo vremeto na b.c. se raspordadoa na parce? a kade otidoa tie pari?eve,samo eden primer staklara, a sega pregovarame si sise-djam?
Rezzilov, 05.06.2012 09:26:55
Во недостаток на свои идеи сдсм-овциве повторно го имитираат противникот па дури и боите им ги позајмуваат.
Bezanec, 05.06.2012 15:43:57
Gospoda vmrovci unistuvaci na makedonija,zaminete si vo minatoto bidejki dovolno go ispokaravte ovoj narod,da ve potsetam na 1913 godina koga ja rasparcavte zalna makedonija. Komunistite ja stvorija ovaa drzava i ti se edinstvenite spasiteli. Ako i mislevte arno na makedonija ke go prifatevte zakonot za nezastaruvanje na krivicnite dela.
od doma, 05.06.2012 16:48:57
Da go osavume Branko Crvenkovski,da ni kaze kako ke postapi za da ja podobri idninata na nasiot narod,bez da*trcat*pozicijata analiticarite politolozite ili nie obicnite smrtnici,da barame uste od prviot miting, moznost ne za pozitivna kritika tuku prostacko ozboruvanje. Koj od bivsite *prodal* koj go ostetil narodot so Okta ili spomenicite koj gradel-kredal veke na nardot mu stana obicno.No nuzno ni e da imame jaka opozicija koja duri ke i pomogne na Vlasta , za pobrz napredok, sto ne e mozno bez nea! Za toa,trebe site da im pomogneme! Ako za prvpat od SDSModat po selata i kukjite, toa mozeme da go pozdravime,znaci nesto novo zapocnale. Kritikite na Bicikliski kon SDSM se nevkusni kako i sporedbata koj kade zivee. Prvo neli,da se izmete sopstveniot dvor, pa po toa podaleku. Takvi kritiki potsekjaat na kolumnite vo Dnevnik ,na*kindergarten*. Oti koga se odnesuva za stanovi kukji i bankarski smetki,negovite kolegi se shamioni.(Kupete si novi ocila so pogolem diopter zapodobar vid)!
Gjorgji, 05.06.2012 17:58:53
Ako Crvenkovski navistina mu misli dobro na ovoj narod, togas prvo neka ne spasi nas od nego samiot, a potoa SDSM so novi i svezi i so nisto neizvalkani kadri ke ne spasi od aktuelnite.
dvojni arshini, 05.06.2012 18:21:19
Zoshto otekogash se bara povekje od SDSM otkolku od VMRO-DMPNE? Zoshto kritikuvate deka ... Нема никакво освежување во реториката на поранешниот премиер ..., a ne barate promena na retorikata na segashniot premier? Chudno? Gruevski sekoj predlog go brani so napad na g-ot Crvenkovski i SDSM, shto e chuden nachin na prezentacija, neli, i NIKOGASH ne ste go kritikuvale za toa. Zoshto nemate isti arshini kon dvete partii????
Leviot, 05.06.2012 18:57:39
Ako mozam malku ponezavisno da pogledam na ovie politicki poganici i plukanja ke kazam slednovo. 1. Vmro go pretera so plukanicite po Branko i toa moze da svori kontra efekt kaj glasacite a posebno kajonie sto ne pijat nafta i sto razlikuvaat cno od belo.Potegot na Sdsm da spijat po kukji e odlicna moznost da se cue obicniot covek za problemite sto go macat , toa moze da bide plus za Sdsm. 2. Megafonite od vlasta se poslabo se vklucuvaat izgleda nemaat mnogu temi za verglanje, pa sekoj vtor zbor im e Branko pa Branko.Ako znaat vo Sdsm mudro da odigraat , a tuka treba da se vkluci i Pelister koalicijata togas Grujo nema da go spasat ni 1000 na kvadrat cekori zasto 90% od merkite mu se plaknenje mozok i opojni sredstva za narodot da misli deka mu e ubavo.
Centar za komunikacija, 05.06.2012 19:24:23
ova go napishaa vo centarot za komunikacija, neli taka?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Трајановски ги (о)лади скопјани
Градоначалникот Коце Трајановски денеска барем на момент успеа да ги освежи скопјани на пеколните температури...
(ФОТО+ВИДЕО) Се ожени Андрес Иниеста
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, 28-годишниот Андрес Иниеста заплови во брачните води со својата партнерка А...
(ФОТО) Калашников распали во Хераклеа
На концертот на Горан Бреговиќ присуствуваше три и пол илјадна публика која претежно беше средовечна полна со емоции и с...
(ФОТО) Отпад од Пена изложен на плоштадот во Тетово
Мебел за дневна соба, цела кујна, многу облека и о��увки што Тетовци го фрлале во водите на реката Пена или покрај нејзин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |