04.06.2012, 19:33 Мое ќоше
Нов „Бранков закон“
Ерол Ризаов
Новиот пакет на Владата за вработување не се мерки на реформа, туку на очај
Премиерот Никола Груевски со својот тим промовираше нова варијанта на стариот „Бранков закон“ за вработување. Со 13 милиони евра пари од владината благајна, во што се претвори буџетската каса, и со крчмење на државен имот ќе се ублажува најголемата стапка на невработеност во Европа. Владините економски експерти планираат со социјални мерки да вработат меѓу шест и осум илјади невработени луѓе во Македонија. Ќе се делат поволни кредити, кеш на рака, за самовработување, ќе се обучуваат невработени за познат работодавец, ќе има специјална Програма за јавни работи, каде што 2.000 луѓе по општините привремено ќе чистат улици, споменици, паркови и стадиони, ќе наплаќаат паркирање или ќе откопуваат артефакти од нашето славно минато. Ќе се дели и државно земјоделско земјиште, над 850 хектари во повеќе региони. Се отвора цел пакет од 12 мерки кои Владата очекува да ја раздвижат економијата и да ја ублажат сиромаштијата и бедата во пресрет на локалните избори.
Веќе се јавија земјоделците и студентите со поддршка на владините мерки за делење земја и ваучери за бесплатни компјутери, дозволи да се возат нерегистрираните трактори и приколки итн. итн. Оваа волунтаристичка и популистичка предизборна мешавина која нема допирни точки со економските закономерности во суштина е идентична со „Бранковиот закон“ за вработување кој, главно, се потпираше на финансиски олеснувања и ослободувања од плаќање придонеси за компаниите кои ќе вработат луѓе. Во суштина секаде се еднакви ваквите кампањски вработувања, бидејќи не се потпираат на создавање нови вредности, туку се инсталираат нови буџетски зависници на сметка на државната каса.
За продуктивно работно место инвестициите се движат од 30.000 до 100.000 евра по човек. Таков мотив за вложување можат да имаат само деловни луѓе кои ќе препознаат, ќе намирисаат, профит. Тука Владата и државата се јавува само со амбиентални мерки и вообичаени погодности кои се состојат во добра инфраструктура, стабилна законска регулатива која не се менува секој ден, со правна сигурност и недопирливост на сопственоста, поволна даночна политика. Сето ова заедно со стабилна демократија и квалификувана работна сила е клучот што ги отвора вратите на домашните и странските инвеститори, а не поволности кои важат во еден краток период, а потоа стануваат прескапи, па не важат. На пример, што мислите што кажуваат во четири очи за мерките на Владата компаниите кои вработуваат луѓе без никакви поволности наспроти нивните конкуренти кои сега ќе имаат поволности. Што ќе се случи со пазарната цена на земјоделското земјиште кога ќе почне да се дели земја без пари, што ќе помислат земјоделците кои редовно плаќаат за регистрација на тракторите и приклучните машини кога тоа непочитување на законот ќе се легализира, што да мислат родителите кои одвојувале од уста да му купат на синот или ќерката компјутер кога тие ќе се делат бесплатно итн.
Кога беше донесен „Бранковиот закон“, неговите критичари и тогашната опозиција беа нападнати од власта дека подобро е нешто да се прави отколку ништо. Потоа уследија јавните поддршки од разни здруженија, па почнаа да се објавуваат големите успеси, дека таму и таму се вработени толку и толку луѓе за на крајот од сето тоа да не испадне ништо значајно. Односно да испадне шампионската титула по невработеност во цела Европа. Сега се случува нешто слично. Прво се објавува спектакуларно голем пакет за раздвижување на економијата, потоа се соопштуваат атрактивни мерки на делење пари и земја, потоа уследи поддршката од разни асоцијации и апологети. Набргу ќе следуваат соопштенија за одлични резултати по сите општини, за веднаш по локалните избори да констатираме дека и натаму сме европски шампиони по невработеност и сиромаштија. Не помага ништо, ни масовното бришење на списоците во заводите за вработување. Наместо социјална делба на сиромаштијата неопходни се сериозни структурни реформи.
Ако државата, само по една основа, на пример, ако и натаму не си ги намирува своите обврски кон компаниите, на крајот на оваа акција ќе има поголем број отпуштени работници и банкротирани компании отколку што ќе има нововработени и новоотворени фирми. Тоа не е претурање од шупливо во празно. Полошо е, бидејќи квалификациската структура на оние што остануваат без работа е многу подобра од оние што ќе бидат социјално згрижени на шест месеци на јавни работи.
Ова не се мерки на реформи. Ова се мерки на очај. |
|
Статијата е прочитана 4175 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 05.06.2012 00:12:56 | Eden komsija bil vcera da prasa za samovrabotuvanje i mu kazale deka treba da ima registrirano firma koja veke rabotela 1 godina (i se isplakala plata) pa togas ke mu dale kredit/pomos (1000 ili 1500evra , taka nesto). Prasal vo zav. za vrabotuvanje, i taka mu kazale. Spored toa, znaci seto ova sto go pisuvaat i najavuvaat po mediumite, nema vrska so realnosta. Koga ke otidis tamu, nesto sosema deseto ke ti kazat. (ako e tocno ova sto komsijava mi go kaza, a mu veruvam deka e) |
| Komu majka, komu makea., 05.06.2012 01:52:11 | Osven niv, nikoj ne znae kolku pari potroshija samo na proektot Skopje-2014, no zasigurno so tie pari ke se izgradea avtopatovite: Miladinovci-Sv.Nikole-Shtip i Veles-Prilep(direktno)-Bitola. Kolku golem problem bi se reshil i za Istochna i za Zapadna Makedonija. Ama Severna Makedonija (Skopje), ne ne ferma, si go gledat samo svoeto. Taka ke bide i so ovoj vtor Brankov, odnosno ovoj pat, Grujov zakon. Ke si ja naredat Erole i ke gi zemat parite, a toa e i edinstvena cel. Kakvi vrabotuvanja, kakvi bakrachi. Se e podredeno na lichniot interes i dzeb, posebno ovakvite zakoni so koi se otvoreno manifestira majka i makea. PS: Go odbile bolnoto dete za pomosh, da bi istiot den tri pati povece pari isturile na vece platenata porta. ??? Da imaa barem malku moral i chovechnost, kolku li dechki zivoti ke se spasea. A reklamiraat treto dete i toboze veruvaat vo boga? Zalno, nemoralno i sramno! |
| Ljubotan Trade Name, 05.06.2012 05:18:13 | Proektot 2014 i taka i taka, eden den ce bide-Izguben Slucaj na izgubeni Politicki Slucai! Sut-odpad Po Vardar, il ce se prodava na kilo kako staro zelezo! So Tie ,,siln Voini i Lavovi ce se napravese; toj naj komunikativen Pat pokraj Vardar ;Jegunovce Skopje, il kako sakate Skopje -Jagunovce! Ovoj pat bi Bil, naj Ekonomski i Turisticki Investment kako na Skopje Taka i na celiot Dolni Polog,ama Tetovo-Tetove, nikogas nema toa da go dozvoli! Zamislete samo za 20 Minuti Zitelite na Dolni Polog-Jegunovce- Opstina ,samo za dvaesetina minuti bi bile vo Skopje i Skopskoto trziste so Seto toa sto mu nudat na Skopje i Skopje na Niv kako najgolem Trgovinski centar vo makedonija!,a Tetovo -Tetove bi im ostanalo kako Slepo Crevo Appendix! Ve molam bez Cenzura! |
| ovcarot Isnifaris, 05.06.2012 06:10:03 | Do jovan: kade zivees ti be, duso napatena? Zarem dosega ne ti stana kristalno jasno deka zborovite na vlasta se veter i magla? Sramot e nepoznata kategorija za niv. Vo bilo koja druga normalna zemja, takvite odamna se nisaat na besilki, ama ne i ovde, kade sto drzavata ja socinuvaat stado ovci. Ne za dzabe Gujo e pastirrrr.... |
| mmk, 05.06.2012 07:51:03 | Ако владата еднаш програмирала некакви мерки,да речемеоние ос сферата на вработувањето и ако истите дале резултати,зошто сега повторно ги актуелизира. Или нема што друго да предложи или пак истите тие мерки не ги постигнале очекувањата. Не би рекол дека е очај,ама сигурно некои мерки ке предизвикаат реакција. Па времените вработувања не се ништо друго туку борба за нови гласови за локалните избори. И зошто баш вакви вработувањаво општините.Па зар досега немаше такви, Колку ли само такви грагани се наогаат на други списоци,а не на оние легалните. Ероле направи анализа на оваа проблематика и ке дојдеш до фрапантни согледувања.како власта и локалната самоуправа под надлежност на ВМРО ги купува граганите, И тоа нее корупција нели!!.Во ова време од владата се очекуваат поинтензивни реформски мерки,а не одржување на некаква популистичка состојба.Но тоа е тоа.Што ли ке коментираат апологетите кога ке се смени власта.Затоа ли отиде ставрески на муабет во Комората,да ги притисне бизнисмените |
| ФЕЛИКС, 05.06.2012 08:11:17 | Нема тука нов ,,Бранков закон,, од едноставна причина што тој е уникатен како кон кого е наменет така и по содржината.Па така денес тука нема ,,ќе вработиме по еден член од фамилија,, туку кредитирање на оној кој сака самовработување.А можеби и не сме го добро разбрале тогаш ,,Бранковиот закон,, предизборен.Кога се вели ,,ќе вработиме по еден член од фамилијата,,вероватно се мислело другите вработени од фамилијата си одат дома поради економскиот историски миг на нивното тогашно владеење.И на крај Jovan ова уште не е ни започнато а веќе ,,вашиот комшија,,добил одговор што треба да направи за да добие кредит.Испадна администрацијата да е побрза од предлогот на премиерот. |
| Viva Panco Vilja!!!, 05.06.2012 08:24:19 | Toa se vika: sarlatantsko diletantski paket za resavanje na nevrabotenosta , koj ama bas nisti nema da resi , a istovremeno e nezakonski , bidejci gi stava ekonomskite subjekti vo neravnopraven polozaj. Ova me potsetuva na Panco Vilja( meksikanski selski revolucioner, inakum i nepismen) Koga vlegol vo glavniot grad Mekciko Siti , a tamu beda i siromastija, kako i sekade vo Meksiko.Strucni finansiski lica mu rekle deka za oporavuvanje i funkcionira na drzavata potrebni se pari , koi gi nemaat. Toj ednostavno otisol vo pecatnicata( tarapanata) i naredil da se napecatil kup na pesosi i im gi donel radosten na negovite funkcioneri. Koga istite mu rekle deka ovie pesosi se nevredni, bidejci nemaat pokritie. Panco Vilja ostanal zacuden i rekol: Pa cekajte,zosto da se nevredni, ? pa tie se isti kako i drugite pesosi? Ete tolku covekot znael od finansii , ekonomija i monetarna politika. Viva Panco Vilja in Macedonija.!!! |
| Коста Стоименовски, 05.06.2012 09:02:55 | На популизмот и пропагандата на актуелната мак. власт може да и позавиди и Гебелс! Како човек кој имаше можност на лице место да види како, од самиот почеток на плурализмот, почна да функционира демократијата во Полска, се згрозувам од „демократијата“, „правната држава“, „независното судство“, „пазарната економија“ и сличните „достигнувања“ на актуелната македонска власт. Успехот на Полска најдобро синтетички е изразен во написот на германскиот весник „Шпигел“ под наслов: „Локомотивата од Истокот - ПОЛСКА Е НОВОТО ЕВРОПСКО ЕКОНОМСКО ЧУДО“. Полјаците самоуверено најавуваат дека нивна главна цел е да се натпреваруваат со Германија! Тие тоа го можат затоа што со промените добија вистински државници, а не ситни политичарчиња, профитери, ненадминати популисти и прагматични националисти кои по секоја цена сакаат да победуваат на избори и да одржуваат на власт! |
| S.P., 05.06.2012 09:28:01 | Se slozuvam so se sto kazavte, no ne gledam deka nekoj vo drzavickava jasno gleda koga mu se nudat kvazi resenija. Kaj nas pominuva se, se odusevuvame od spomenici i haos vo glavniot grad, se odusevuvame od slobodni industriski zoni na koi trci, trci pa ke nikne fabrika, se odusevuvame na vrabotuvanja vo administracija (a eden uslov za da vlezeme vo evropa e da imame pomala administracija), se odusevuvame zosto kaj nas ima policija sto ne stiti od ALKaeda...................
Kraj nema na sto se se odusevuvame a sekoj den sme ponesrekni i posiromasni. |
| seirdzija, 05.06.2012 11:07:50 | Smrdliva rabota vo potkrepa i sobiranje pari za dupkata od poslednite izbori. |
| ИСТОК, 05.06.2012 12:12:28 | Овие се мерки само за вработување на оние од списокот на Општинските комитети на ВМРО - ДПМНЕ кои се незадоволни и мора да се згрижат пред локалните избори за да не прават белја. Нема тука никакви други мотиви и економска логика туку само чиста партиска математика. Ајде нека проба некој невработен од опозицијата да конкурира и да земе од оние средства што се нудат преку Агенцијата за вработување. Нема шанса. Затоа тоа е наменски направено во пресрет на локалните избори да се удоволи на незадоволното ВМРО - овско членство. Други мотиви и други причини нема. |
| Istocna Makedonija, 05.06.2012 13:22:45 | Taka e,,, paket socijalni merkina ocaj i obid da
se zacuva vlasta!Isto, kako na covek,koj umira
na sekoi tri casa mu davate kafeena lazicka!I ne-
ka bide povtoreno kazanoto od sosedot!Posle 28
godini raboten staz,izbrkan kako t.visok,gi ispolnu
va uslovite za materijalno obezbeduvanje-odbien
so obrazlozenie deka drzavata ne bila dominaten soppstvenik na ustanova koja e bila opstestvena
drzavna i finansirana od opstinski i drzaven bud- jet,izbrisan od evidencija na nevraboteni.Dosega
mu zakinale nad 5000 evra,sega ,,paket merki! |
| Луј XV, 05.06.2012 13:54:47 | Мерките се генијални , особено онаа да се праќаат на театар и на балет оние што немаат леб да јадат! Ги надминаа мерките на мојата сакана сопруга Марија Антоанета. Овој народ така ќе се усреќи , кога не му беа доволни осум милијарди евра од вашиот пастир!А.уште кога „шоуменот“ ќе донесе нова инвестиција од Шуедска , некој нов „Суедмиук“ , кај ќе ви биде крајот! |
| Петар, 05.06.2012 20:09:19 | Ерол секоја чест.Мислев дека македонските новинари се во сон.Но,,сепак некој бил буден.
Владејачката гарнитура влече ептен популистички потези,грчкиот синдром на трошење буџетски пари го имаме кај нас.
Ме чуди зошто македонската интилигенција молчи а со тоа го подржува ваквото однесување. Бараме членство во Нато и Еу,
со вакво однесување верувајте никогаш па ниту тогаш не ке не прумат во семејството на демократските држави . |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 13°C
Ведро
|
Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C
|
Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|