Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.06.2012, 19:50

Македонија молчи пред Белград

Србија или Литванија - е дилемата околу која треба да се изјасни нашата држава до петок, кога во Њујорк во Генералното собрание

Слободанка Јовановска

Србија или Литванија - е дилемата околу која треба да се изјасни нашата држава до петок, кога во Њујорк во Генералното собрание на ОН ќе се решава кој ќе биде идниот претседател на ова тело, откако двете земји влегоа во дипломатска битка и не успеаја да се усогласат.

Како што се дознава, Владата се' уште не расправала за ова прашање, а со оглед на тоа дека премиерот е на турнеја низ скандинавските земји, не е ни јасно како ќе се официјализира позицијата. Од МНР, кое треба да испрати инструкција до нашата мисија во Њујорк, неофицијално тврдат дека оформен став за ова прашање нема, а како ќе се позиционира Македонија во ОН не знаат ни во српската амбасада тука.

Според српскиот амбасадор Томислав Ѓурин, Македонија не е обврзана да и' го соопшти ставот на Србија како ќе гласа, па и не мора да има став до самото гласање во петок во Њујорк. „На гласањето ќе се види кого решила да поддржи Македонија. Но, ако го поддржи кандидатот на Србија Вук Јеремиќ, тоа ќе биде од корист за целиот регион“, порача вчера амбасадорот Ѓурин.

Реално Македонија има интерес да ја поддржи и едната и другата земја. Србија, бидејќи е сосед и има интерес да гради со неа добри односи и меѓусебна поддршка. Литванија, бидејќи е еден од најревносните поддржувачи на Македонија за членство во ЕУ и особено за НАТО, при што реториката пред самитот во Чикаго беше толку силна што не се исклучува и некаков дипломатски пазар околу оваа функција што ја посакува Вилнус.

Според висок дипломат од Македонија, нашата делегација, најверојатно, ќе биде воздржана или ќе го поддржи кандидатот на Литванија Далијус Чекулис, кој многу порано (во 2004 година) ја најави кандидатурата и за неа сме дале неформална поддршка. Според овој дипломат, битно е новиот претседател на Генералното собрание да има поголемо мнозинство земји зад себе за да обединува место да разединува со извршувањето на функцијата. Исходот, според негова процена, е неизвесен и ниту една од двете земји не се повлекува, а целата ситуација во ОН се доживува како срамота. Бидејќи освен во 1991 година, сите претседатели на Генералното собрание биле избирани со претходно усогласување.

Реално, Македонија има четири опции в петок во Њујорк - да гласа за Србија, да гласа за Литванија, да биде воздржана или во моментот на гласањето нашиот претставник да излезе и да го пропушти. Оваа последната би била сфатена како несериозно однесување на државата.

Српските медиуми деновиве тврдат дека од регионот зад Вук Јеремиќ ќе застане Црна Гора, додека зад Литванија ќе застанат Хрватска и Албанија. Ако се оствари прогнозата за Македонија, Балканот ќе се подели на линија ЕУ - Русија, бидејќи Москва цврсто стои зад Србија, а против Литванија, а Брисел го поддржува кандидатот на Вилнус. Аргументот на Белград е дека Литванија се кандидирала за премногу функции во ОН (вклучувајќи го и местото непостојана членка на Советот за безбедност) и дека толку функции не би можела да извршува и една Германија. Вилнус, пак, се обиде спорот да го реши со вето на кандидатскиот статус на Србија во ЕУ, што под притисок на Брисел го повлече, но ја држи се' уште нератификувана Спогодбата за асоцијација и стабилизација.

Српските процени се дека шансите на Јеремиќ да победи се големи, иако како сигурни се бројат само осум гласа, т.е. земји. Но, на своја страна ги гледаат неврзаните (поради честа што им ја направија организирајќи самит во Белград) и арапските земји (поради гласот за Палестина). За победа е потребно просто мнозинство, но со оглед на случувањата, кој ќе ја добие кандидатурата веќе не е толку важно колку политичката штета што може да ја предизвика овој спор за односите меѓу земјите во регионот.


Статијата е прочитана 3968 пати.

Испрати коментар



Пандев и јавноста
Груевски побара повеќе шведски инвестиции
Камбовски: МАНУ ќе се подмлади
Битола парализирана oд непотизам
Тежок пат до ослободителна пресуда за клевета
Тешка артилерија против Владата од струмичкиот плоштад
Црвенковски ја смени тактиката, но не и реториката
Нов „Бранков закон“
Нема обвинение за градоначалникот на Старо Нагоричане
Мартин Нешкоски - една година потоа



jovan, 05.06.2012 00:06:27
Pa spored *Evrovizija* Makedonija bi glasala za Srbija, no bidejki ova ne e *Evrovizija*, togas najverojatno Makedonija ke odi po mislenje vo Brisel. (porano odese vo Belgrad, koja ironija)
Antic Slovenski, 05.06.2012 00:33:21
Premnogu im zabivavme noz vo grb na bracata srbi. Da, ova momche ne nareche FIROM, ama realno toa beshe od bes poradi nekoi nashi gluposti i ne razbirlivi potezi, poradi koi i samite se kaeme. Znachi, treba na litvancite da im kazeme, izvinete, ama ovie ni se sepak braca. Ili gresham ??? Ma ko im j... mater slovensku, mi smo antici. Ha, ha, ha!!!
Matej, 05.06.2012 01:59:11
Чекај, чекај малку. Оваа речениица во текстот, цитирам : „Вилнус, пак, се обиде спорот да го реши со вето на кандидатскиот статус на Србија во ЕУ, што под притисок на Брисел го повлече...“ е од суштинско значење во односите на ЕУ и Грција кон Македонија. Значи сепак, кога на ЕУ и одговара може да изврши притисок врз извесна држава, за да се откаже од евентуално вето кон земја која исполнува одредени критериуми. Сериозно треба да се запрашаме, што со таа ЕУ?
Einstein, 05.06.2012 06:15:15
EU i NATO se najgolemo zlo koe postoi (zaedno so Vatikan), a Srbija, kakva - takva, sepak ni e sosed. Pa Vie sega videte.....
von kragh, 05.06.2012 08:42:47
Logikata e za Srbija... No nekogas nema logika a pogotovo vo politika... Zatoa ako go sakaat Belgrad nasiot glas javno neka se iznese Vuk Jeremic zad kogo stoi Srbija zad nas ili Grcija... Znaci odgovorot lezi kaj niv samite...
Mirko, 05.06.2012 09:04:58
Mnogu nasi gragani i neznae kade e Litvanija.Zosto e sega dilema? Pa, braka se braka, ili imame kratka pamet?
Tina, 05.06.2012 09:31:24
Ovoj clanok mi dade maka vo stomakot. Tolku zborovi okolu nisto prakticno ne sum citala nikogas. Mi, moze bi nekolku pati. Ovoj clenok mozel da se izrece so 3-4 recenici, i da si odime na edno Kapocino, ke bese po korisno. Bas tolku da sme zamrseni, ne e mogucno. Ako drugite se po toj pat, zosto nie gi pratime po istiot? Ah, do koga veke? Ve molam, nekoj, kladete ja crvenata linija, belkim ke se sopnime site vo eden kosmar, od koj nema izlez. Oh, da, pardon, nie sme veke tamu
goran, 05.06.2012 09:33:34
Jeremić će bara glas od Makedonija a ne narekuva BJRM pred grcite i ne ne priznava ni nas ni MP Crkrva,a im trebame samo koga će im zgusti.Neka osetat ednaš i malku gusto do kraj i pred glasanje,kako e da visiš na svilen konec.
george mitev, 05.06.2012 12:54:34
e ajde sega e momentot da i kazhete na vashata sestra shto ve maltertira kako jushna crbija i kako bjrm. da si ode kaj bratot grcija tamo da si ja tera glsot.i nemoshete da ja napustete koj ve podrzhva vo ey . i vo nato. ve snajete koj ve podrjuva i treba da lasete za nih.da zhive makedonija a ne banovina.
Лиети��кас Республикас, 05.06.2012 13:01:28
Гласаме за Литванија поради Пруското царство!
Biljana, 05.06.2012 13:48:00
Jas sum za Litvanija. A zosto? Zatoa sto za Srbite sum od BJRM, a ne od R. Makedonija, a mojata crkva ja narekuvaat sektaska.
Elena, 05.06.2012 15:52:38
До кога ќе изигруваме полтрончиња на т.н. браќа срби???? Г-динот отворено не навредува со изјавите за фиром а ние за тоа би требало нели да го наградиме?????? Мислам дека е добар момент навистина Македонија да види како може поправилно да излобира и да гласа за Литванија!
kili, 05.06.2012 19:27:59
Kako moze Makedonija da glasa za srpskiot nacionalist Jeremic koj ne ednas izjavil deka ima razbiranje za golemiot srpski projatel Grcija vo odnos na Makedonija
Miki, 05.06.2012 21:27:19
Jeremic e zakolnat antimakedonec. Koj ja sledi negovata rabota ce vidi deka vo sekoja mozna prilika raboti protiv interesite na Makedonija ,a za grckite interesi. E ,toj Jeremiv e roden poltron. Treba li nesto ponatamu da se kaze.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |