Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
21.10.2012, 16:01

Улогата на „бронзата“ во изборната битка

Еден од најкрупните проекти на актуелната владејачката гарнитура нема поддршка од мнозинството граѓани. Но, дали тоа може да значи ветар во едрата на опозицијата, пред локалните избори?

Александра М. Митевска



Мнозинството граѓани (57,8 проценти) не го поддржуваат „Скопје 2014“. Еден од најпрепознатливите, но и најконтроверзни проекти на актуелната владејачката гарнитура има поддршка од 26,4 проценти, покажа неодамнешното истражување на јавното мислење, што го спроведе „Брима- галуп“ по иницијатива на „Плоштад слобода“. По пласирањето на овие резултати, се наметна прашањето - до колкав степен негативните ставови за инвазијата од споменици во центарот на главниот град може да влијаат на политичкото расположение на гласачите? Односно, дали негативниот тренд во поддршката за проектот може да значи ветар во грбот на опозицијата?

Дилемата добива специфична тежина поради тоа што се отвора на пет месеци пред локалните избори, за кои веќе подолго време е во полн ек неформална кампања. Во изминатиот период токму локалните власти ја имаа главната (извршна) улога во поставувањето на спомениците. Сепак, Владата се смета за идеолог на проектот кој, според опозицијата, навлегува во меѓуетничките односи, ја нарушува меѓународната позиција на државата, нема историска оправданост, не ги задоволува естетските критериуми и претставува голем луксуз во време на голема економска криза...

„Додека расте стапката на невработеност и сиромаштија, а се зголемуваат цените на нафтата и струјата, власта се расфрла со народни пари за барокното лудило“, критикуваа социјалдемократите летово за време на собраниската расправа што ја иницираа за проектот „Скопје 2014“.

Опозиционерите тврдеа дека сумата за спомениците, од најавени 80 милиони евра, достигнала до 500 милиони евра и бараа, наместо за бронза, парите да се искористат за подобар живот на граѓаните и за енергетски проекти.

Ѓорѓи Кимов од „Брима - галуп“ вели дека стандардот на граѓаните и на претстојните локални избори ќе биде оската околу која се врти расположението на гласачите.

„Ако граѓаните чувствуваат дека нивната куповна моќ опаѓа, тогаш е очекувано нивните политички ставови да натежнат кон опозицијата. Владејачката гарнитура, пак, би можела да задржи поволни позиции ако, користејќи ги моќта и механизмите со кои располага, успее да го санира тој негативен тренд“, вели Кимов.

Тој посочува дека „Скопје 2014“ е пропаганден проект, додека секојдневните проблеми се нешто со што граѓаните директно и лично се соочуваат. Поради тоа, тие проблеми имаат поголемо влијание при градењето на политичките ставови на гласачите отколку импресиите што се создаваат врз основа на пропаганда.

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски напоменува дека, генерално, не им верува на анкетите, бидејќи тие, најчесто, се ставаат во функција на нивниот нарачател. Сепак, вели тој, под услов презентираните резултати за „Скопје 2014“ да се објективни, тој тренд на опаѓање на поддршката, најверојатно, ќе има свој одраз на резултатите на локалните избори.

„Револтот на граѓаните го гледам во тоа што тие се' повеќе осиромашуваат и се' потешко врзуваат крај со крај, а од друга страна се соочени со мегаломанија“, вели Кекеновски.

Опозициските социјалдемократи изненадија многумина кога најавија дека завршниот протестен митинг од проектот „работно лето“ планираат да го одржат на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што ќе ги промовираат своите кандидати за градоначалници во скопските општини. Одбирајќи ја локација што до скоро ја одбегнуваа, токму поради тоа што преку неа се прекрши „Скопје 2014“, социјалдемократите ќе се обидат уште еднаш да испратат порака за, како што велат, апсурдноста на овој проект, особено во период на галопирачка сиромаштија.

На последните локални избори (во 2009) опозицијата неславно помина во главниот град, освојувајќи ја единствено општина Карпош. Од СДСМ сега велат дека во изминатите години во дел од скопските општини се сменило гласачкото расположение во нивна корист. Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека „Скопје ќе остане вмровски град“.






Статијата е прочитана 1780 пати.

Испрати коментар



Синди ново име на македонската поп-сцена
Тајна венчавка на југот на Италија
Во борба против наплатата за музика
Гран-при за Војо Стојановски
Науката на диригентството - Фон Карајан беше во право
Хемиски елементи - Натриум
Хемиски елементи - Молибден
Што прават
Со светли бои ги обележав рајот и животот
Се откажа од улога поради премногу секс
Сепак, се разведува
Пејачката на седмо небо - роди син
Телото бара помош
Како да спречите дијабетес



Rezzilof, 22.10.2012 08:40:45
Кому му требаше и со каква цел е направена оваа анкета?Ако,наводно,мнозинството е против,значи ли тоа дека треба да се руши се’ што е до сега изградено?А ако знаеме кој го води “Плоштад Слобода“ тогаш резултатите,во најмала рака,се сомнителни,да не речам,невалидни.
STARA SKOPJANKA, 22.10.2012 10:39:54
*Upotrebata*na bronzata, majka im rasplaka na skopjanite i na Skopje kako onie pridojdenite skopjani so pomok na uste popridojdeniot od selo Pobozje, pravejki od Skoj smesna *detska gradina*.Ovojapat, izjavata i zabeleshkite na SDSM se sosema na mesto i ne gi povtiruvame. A anketata, napravena pod bilokoja PR kukja bi bila isto taka tocna. Nikakva *ploshtad sloboda* nema vlijanie na rezultatite koi sigurni sme deka se duri i dosta nezni vo odnos na mislenjeto na onie sto si go sakaat Skopje. Gradbi i skupturi, bez vkus, bez umetnicka vredonst zalno e da go krasat nashiot grad, na shteta na sé pobrojniote gragjani koi odvaj skrpûvaat kraj so kraj za osnovnite zivotni potrebi.Bronzata itoa kako ke vlijae na izborite, osven ako tie bidat kako poslednite,so zastrashuvanje i ucen. Ttaka opozisijata pomina neslavno! A Skopje so skopjanite NIKOGAS ne bese VMROvski grad, takov go napravimle, pridojdenata vlast i onie sto zaboravija da se vratat vo rodnite sela( so isklucok na cesno poedinci)
Тето, 22.10.2012 11:11:24
Прашањето дали сте за или против т.н Скопје 2014 не е релевантно, затоа што многу луѓе тој проект го поврзуваат со сопствената состојба во која се наоѓаат. Имено преовладуваат мислењата од типот „се поскапува што ќе ни се споменици“, „голема е невработеноста со тие пари може.....“ итн, а има и мислења од типот „барем нешто се гради“. Испитувањето на јавното мислење треба да содржи и прашања од типот „Дали ви се допаѓа проектот?“ или „Дали со проектот се достигнуваат некои уметнички вредности и критериуми?“, за да се даде поширок општествен контекст на прашањето и да се цени и од некоја друга перспектива.
Жт вк, 22.10.2012 11:29:12
Ако е точна таа анкета, тогаш зашто никој од СДС не сака да се кандидира за градоначалник на Центар или Скопје? Скопјани дури се плашат да одат сами навечер, оти може од СДС да ги фатат и да ги кандидираат за градоначалник на Скопје.
Mudrec, 22.10.2012 13:41:58
Laga e deka povekjeto se protiv Skopje 2014. Na sekogo ne mu se svigja del od izgradenoto, no se raboti za vkusovi. Kako koncept, Skopje 2014 e tokmu toa sto mu trebase na gradot. Se nadevam SDS ke odrzat dostoinstven miting i destuktivnata energija ke im bide samo verbalna, odnosno nema da se drznat da gi skvernavat spomenicite i plostadot.
Plashila, 22.10.2012 14:13:43
I da e se super, unikatno i izuzetno umetnichki vredno, a ne e, dovolna e lagata na vladata deka celiot proekt ke koshta 80 milioni, pa da padne. Da povtorime, vece se potrosheni 5 pati povece pari od predvidenite. So kolku ke se zavrshi, ni Grujo ne znae. Na zaost, seto toa e ne bitno za makedoncheto, pa nasednuva na trikovi od tipot *vazno e da se neshto gradi*. E pa mnogu povazno e shto se gradi i najvazno, kolku ke koshta! Zatoa, ostavete gi emociite, glupostite i navivachkite strasti, zborete so fakti i ponashajte se soglasno na tie fakti, odnosno bidete seriozni pri glasanjeto. Popat, Erol bara plashila za spomenicite da ne gi pticite mokrat i sl. a bogami i ludjeto. Epa drag moj Erole, pogolemi, posufisticirani i poskapi plashila od samite spomenici - zdravje! Da go e chovek strav i denje, a kamoli noce da pomine pokraj niv.
goran, 22.10.2012 14:16:05
Edna ispravka ve molam...vetar do grobot :)
Срамотилов, 22.10.2012 15:00:12
Резилов , анкетата е од Брима Галуп , не од „Плоштад Слобода“! Со самото тоа , твојот коментар е невалиден! Ж’т в’к , може ли да кажеш макар еден кандидат за градоначалник од ж’тите? Или горското началство не заседавало?Затоа ти шеташ навечер , чекаш некој од „Ж’тата куќа“ да те забележи!
Трпе, 22.10.2012 15:53:37
Кичот Скопје 2014 појке наликува на кралска гробница со споменици,мавзолеи и капели.
RIS, 22.10.2012 16:33:21
Ima podrska zosto Makedoncite sme naviknati samo da kritikuvaat.10 Makedonci deset stavovi.So nevrabotenosta nema vrska zosto vo takvo opkruzuvanje tesko da se najdat firmi za investicija a se naogaat po malku.Proektot ja digna gordosta na mak.narod malogragani

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Среда
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (33)
Првомајскиот ручек на Караѓорѓево. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кокан Димушевски: МРТ ја минира турнејата на „Леб и сол“ во Австралија
Клавијатуристот Кокан Димушевски не добил одобрение од МРТ, каде што е вработен, да замине на турнеја со групата...
Охрид со развоен план ќе го штити културното наследство
Во проект за интегриран пристап во управување со наследството се вклучени и Венеција, Вилавска Долина - Словенија, Крф, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |