Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Култура
25.09.2009, 16:29

Викторија Абрил на отворањето на „Браќа Манаки“

Јубилејното 30. издание на фестивалот ќе почне со доделување награди на Питер Сушицки и Ентони Дод Мантл

Сунчица Уневска

Денеска во 19,30 часот во Домот на културата во Битола свечено ќе се отвори 30. Филмски фестивал на филмската камера. На годинешното јубилејно отворање ќе пристигнат двајцата оскаровци, Питер Сушицки и Ентони Дод Мантл, како и големата шпанска актерка од врвот на европскиот филм, Викторија Абрил. Фестивалот, токму во знакот на одбележувањето на 30-годишнината и посветата на големите имиња на светскиот филм, ќе започне со доделување на почесните награди.

Питер Сушицки ќе ја прими „Златната камера 300“ за животно дело за својот импресивен опус, чие големо обележје стана неговата долгогодишна соработка со Дејвид Кроненберг. Ентони Дод Мантл пак, ќе ја добие специјалната „Златна камера 300“ за исклучителен придонес кон светскиот филм. Дод Мантл се потпишува зад голем број дела на основачите на стилот „догме“, меѓу кои секако најпознат е Ларс фон Трир. Тој има работено на неколку филма и со британскиот режисер Дени Бојл, чиј филм „Милионер-бездомник“ и му го донесе „Оскарот“. „Милионер-бездомник“ ќе го означи и стартот на фестивалот.

Но, пред тоа, битолската публика ќе има можност да ја види и Викторија Абрил, позната како една од музите на култниот шпански автор, Педро Алмодовар. „Кика“, „Врзи ме“, „Високи потпетици“, „Љубовници“, „Меѓу твоите нозе“ и уште многу филмови во кои Абрил даде силни и впечатливи улоги. Таа е добитник на Европската филмска награда за нејзиното уметничко достигнување во светскиот филм, за што и во Битола ќе ја прими Специјалната награда. Викторија Абрил во Битола ќе остане до крајот на месецот, а на 29 септември ќе има отворена средба со публиката.

Фестивалот годинава има сосем поразлична концепција. Планот беше секојдневно да има многу настани и случувања кои на „Браќа Манаки“ ќе му дадат вистинска фестивалска атмосфера. Веќе утре во 10 часот започнува тркалезната маса на Европската филмска академија, чиј модератор е нејзината директорка Марион Доринг. Додека во 12 часот Сузан Дејвис ќе ја претстави меѓународната организација „Европска филмска промоција“. Во Битола ќе пристигнат и Најџел Волтерс, претседател на познатата снимателска асоцијација ИМАГО, Роберто Ола, директор-менаџер на „Еуроимаж“ и Фабиен Хенклот, претставник на програмата АСИД, кои исто ќе бидат претставени на „Браќа Манаки“.

Утре во 18 часот во големата сала започнува и паралелната програма на фестивалот „Нови визии“, и тоа со еден од најинвентивните и најпровокативни филмови, „Кислород“ на Иван Вирипаев. „Кислород“ низ жестока музика и неколку видео клипови ги урива сите граници на формата, а Вирипаев се смета за предводник на новиот руски бран. Во истото време во малата сала стартува и годинешната „Документарна програма“ и тоа со оскаровецот „Човек на жица“ на Џемс Марш.

Во рамките на главната програма ќе можат да се видат хрватскиот „Метастази“ на Бранко Шмит и францускиот „Пророк“ на Жак Одијар, еден од годинешните кански лауреати. Во музичката оф програма во 17 мразот ќе го скршат „Lilit vs Amon Mra“, а на крајот ќе се одржи и премиерата на албанско-македонската копродукција „Исток-Запад-Исток“ на актуелниот албански режисер Ѓерѓ Џувани.


Статијата е прочитана 1058 пати.

Испрати коментар



„Храпешко“ објавен во Словенија
Балетот за деца „Доктор Офболи“ в недела во МОБ
Европа го слави денот на јазиците
Момир Поленаковиќ добитник на „11 Октомври“ за животно дело
Што направи Македонија за Скаловски и Прокопиев
Искра Шукарова во меѓународен кореографски проект

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (13)
Африканската турнеја на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Современиот танц широко ги отвора портите
„Желбата да студирам современ танц отсекогаш потсвесно тлееше во мене“, вели балерината Матеја Киселичка...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |