Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
27.11.2012, 17:26

Филе: Македoнија треба да почне преговори

Министерот Никола Попоски лобира за датумот и за безвизниот режим во Брисел

Еврокомесарот Штефан Филе вчера на форум во Загреб побара поддршка за преговорите на ЕУ со Македонија, оценувајќи дека тоа ќе ги забрза реформските процеси во земјата и ќе ги зајакне меѓуетничките односи.

„Треба да покажеме дека европската перспектива на земјата е реална. Силно веруваме дека придвижувањето на пристапниот процес во следната фаза ќе го задржи темпото на реформи. Земјата е добро подготвена, но преговорите се потребни за да ЕУ подлабински се посвети на прашања како што се владеењето на правото и борбата против организираниот криминал“, рече Филе.

Паралелно со еврокомесарот, шефот на дипломатијата, Никола Попоски, ја турка препораката на ЕК за Македонија директно во Брисел, говорејќи пред членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент. Тој исто така се обрати во Европскиот центар за политика (ЕПЦ) и имаше појадок со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, плус билатерални средби со европарламентарците. Неговата главна порака е дека очекува поддршка од сите земји членки на ЕУ за препораката на ЕК за почеток на преговори со Македонија, а Грција да се согласи со констатацијата дека тоа позитивно ќе влијае за изнаоѓање на решение за спорот за името. Со еврокомесарката за внатрешни работи и правда, Сесилија Малстром, Попоски вчера разговараше за заканите од Европската комисија за привремено укинување на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан и за справувањето на Македонија со лажните азиланти.

„Ние на Балканот испорачуваме реформи, па верувам дека ЕУ ќе ни испорача членство според индивидуалниот напредок. Доделување на датум за преговори на декемврискиот самит на Европскиот совет ќе биде најголем ќар на долг и краток рок и за Грција, и за нас и за Унијата. Имаме заедничка одговорност, како и иднина и верувам дека продолжувањето на процесот на унификација на ЕУ ќе ни донесе бенефит на сите“, рече Попоски во Европскиот парламент.

По говорот германскиот европратеник Јорго Шацимаркаркис рече дека видел како се палат знамиња во вашата држава, што според него значи дека Охридскиот рамковен договор треба целосно да се имплементира. Ричард Ховит истакна дека шпекулациите оти Македонија чека да добие датум за пристапни преговори за да олабави во моментумот за реформи се неточни и дека тој има поинаков впечаток од средбите со премиерот Никола Груевски.

Грчката европратеничка Марија Елени-Копа праша дали нашата земја го прифаќа грчкиот Меморандум за разбирање и ако го прифаќа кога очекува формалните преговори по тие точки да започнат. Бугаринот Евгениј Кирилов говореше дека лицата со бугарско државјанство во Македонија се третирани лошо и се чудеше зошто бил нападнат што организирал конференција за поетот Никола Вапцаров и истиот иако македонски, го претставил како бугарски поет. Најригиден во ставовите беше бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој тврди дека се врши дискриминација и нетолеранција кон Бугарите во Македонија и дека Мирослав Ризински е осуден оти рекол дека е македонски Бугарин.

„Бугарија нема да биде пречка на македонскиот пат кон Европа, но ова се работи кои не може да се решат во Брисел. Вие велите оставете ја историјата на историчарите, но вие не го правите тоа, ја користите историјата да формирате национален идентитет“, рече Ковачев.

Попоски одговори генерално дека целата ситуација би се сменила на подобро доколку се добијат пристапни преговори.

„Седум години сме кандидат и четири години добиваме позитивни препораки, а се уште не сме почнале преговори за членство во што сме рекордери. Никој толку не е тестиран како Македонија“, посочи Попоски, според кого меѓуетничките односи се важни, но единствен начин тие да се решаваат е во европски манир, додека оние што имаат двојно државјанство имаат еднакви права во нашата земја. Тој рече и дека владеењето на правото е најважно, па кога се третира случај на корупција (како кај Ризински, кој е осуден за примање мито), да се гледа криминалот, а потоа етничка припадност и националност. Во врска со надминување на проблемот со Грција, Попоски посочи дека треба да се почитува Времената спогодба од двете страни, според пресудата на Меѓународниот суд на правдата, додека Меморандумот за разбирање содржи димензии од едната, а не од тоа што го бара и другата страна.

Нема лесен начин за решавање на проблемот со името, но ако почнеме преговори ќе биде полесно, иако секоја земја-членка ќе има можност при отворањето и затворањето на секое од 35-те поглавја да ни го загорчи животот ако не исполнуваме некои барања“, одговори Попоски. Во врска со бугарските прашања околу историјата, министерот одговори дека тој не е историчар и дека не сака да третира прашања од оваа област во неисториска рамка, што наиде на гласно негодување кај бугарските европратеници.

Денес Попоски ќе се сретне со известувачот за Македонија во Европски парламент, Ричард Ховит, а потоа со првиот човек на Директоратот за проширување во Европската комисија, Стефано Санино. Попладнето се предвидени билатерални средби со бугарските европратеници, Станимир Илчев, Евгениј Кирилов, Андреј Ковачев и Кристијан Вигенин. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 1664 пати.

Испрати коментар



Привилегиите станаа демократски сопирачки
За десет години - Стразбур ни зеде над милион евра
Златна зора најде предавници и патриоти
Се гледа ли крајот на хашката одисеја на Тарчуловски?



Itar Pejo, 28.11.2012 00:05:16
Lobira, od jaka pozicija i so jaki argumenti.
Мила, 28.11.2012 01:39:46
Навистина седнум години чекање пред вратата на големото Европско семејство звичи како долго чекање. Но, ме охрабрува фактот што ја добивме и четвртата по ред препорака на Комисијата за отпочнување на преговори со Македонија. Тоа значи дека веќе не сме на она почетно ниво кога требаше скоро се да се менува, во сите институции на државата. Навистина сакаме да се сменат работите, и да уживаме во подобро утре, а тоа го можеме само со напорна работа, и со сработени дела. За влез во ЕУ потребни се да бидат исполнети критериуми кои Унијата ги бара како задолжителни. Тоа и се случува, значи сме спремни на промени кои би биле добри и позитивни и за нас како дел од ова општество. Визната либерализација може да ја сметаме како голем успех кој го добивме токму меѓу позитивните извештаи од Европската Комисија. Во однос на дипломатските средби, колку се почести толку подобро за нашата држава, бидејќи така другите не запознаваат нас.
пријател, 28.11.2012 06:39:57
Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ и НАТО како земја која ги слави оние кои барале припојување на Егескиот дел кон РМ (пр. Ченто) и додека власта ги прикажува жителите на Македонија како потомци на античките македонци,а РМ како наследничка на античка Македонија.ВМРО-то на Геоергиевски демонстрираше во 1990г. на границата со Грција со карти на кои Егејскиот дел беше составен дел на РМ,и го закажуваше вториот конгрес на партијата во „наш“ Солун,а ВМРО-то на Груевски не` претставува како потомци на Александар и наследници на античка Македонија.Затоа е донесена Резолуцијата 817,променето е името во ФИРОМ и сме надвор од НАТО и ЕУ.
Buntovnik, 28.11.2012 07:45:58
Po Majite na 21 dekemvri 2012 godina svetot ke dozivee ogromna kataklizma i unistuvanje. Ova ima 100 pati pogolema sansa da stane vistina od kolku da padne grckata blokada. No, gladna kokoska sito sanja.
ФЕЛИКС, 28.11.2012 10:18:20
Ќе видиме за некој ден колку е моќен г-дин Филе,својата намера да ја претвори во стварност.Дали ќе добиеме паралелизам помеѓу датумот за започнување на преговорите и преговорите околу името,или ќе победи соседната ,,демократската рујна зора,,.Инаку пријател-от треба да се запраша што мајка коалицираат со конгресниот Солунец кој според пријател-от дремел на јужната граница.Зарем со вакви ќе ни ја спасуваат државата и таа ќе биде спасена.
pile/do prijatel, 28.11.2012 10:56:12
Rezolucijata 817 na SB pri ON pri baranjeto za priem na Drzjavata so ustavno ime ,,Republika Makedonija se odnesuva na neodobruvanje za priem vo ON pod imeto ,,Makedonija i toa vo vreme koga oskata MMM funkcionirase besprekorno vo nasoka i na podelba na R.Makedonija.Se nadevam vo idnina ke go prifatite faktot deka nadminuvanje na razlikite za imeto so sosedna Grcija soglasno VS od 1995 godina neznaci i treto ili cetvrto ime razlicno od Republika Makedonija (neprifateno vo 2005 godina od VMRO DPMNE),Republika Makedonija (Skopje) za priem vo NATO 2008 (dadena soglasnost od DPMNE ),osven ako ne ste na linijata so Premierot deka ,,vremenata spogodba e zjiva katastrofa,ili barate, najpozitiven izvestaj od Ek za da go resite sporot vo rana faza i da udovolite na memorandumot-revizija na VS od 1995 godina, so odgovor steten po Drzjavnite interesi, ramen na predavstvo.Inaku delumno ste vo pravo,dodeka Gruevski e na vlast nema vlez vo NATO Alijansata,po padot na Gruevski prva sreda R.M.ke
Factovski, 28.11.2012 12:08:39
Only facts: http://www.focus-news.net/?id=n1722843
do prijatel, 28.11.2012 16:07:31
I da nemase baranja za Solun i da nemase antikvizacija,a nemase ant. togas koga bese donesena taa rezolucija vo OON,pak juzniot sosed i negovite sojuznici ke ja blokiraa Makedonija vo OON i nemase i togas da dozvolat Makedonija da bide primena za clen vo OON so normalna postapka kako i drugite drzavi.Zatoa ne baraj opravduvanja za juzniot sosed i za negovoto fasisticko odnesuvanje kon nas.
koki, 28.11.2012 19:48:11
Tupamarosite od VMRO treba da svatat deka Grkot ne ni dozvoluva datum i vlez vo EU, dodeka ne se otstranat skapite igracki na Gruevski od Plostadot vo Skopje, pred se Aleks Golemiot, Filip, Olimpija i drugata anticka boranija..........taka li e Feliks?????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Делумно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 2°C

Петок
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (14)
Африканската турнеја – Конфликтот помеѓу Тито и Миќуновиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...
Ким Јонг-ун, нај маж на планетата
Дури и официјалниот весник на Кинеската комунистичка партија наседна на измама од американската сатирична веб-страница „...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |