Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Хроника
23.03.2012, 17:53

Разулавено момче пукаше по улици, рани тројца минувачи

Харис Б. (20), кој дивееше во скопски Хиподром, е уапсен, повредените се во болница

Горан Адамовски



Дваесетгодишно момче од Скопје повреди тројца сограѓани во крвав поход на улиците во населбата Хиподром и на автопатот кон Куманово. Вчераутро, под дејство на алкохол, со автоматска пушка гаѓал неконтролирано пред себе, случајните минувачи во страв бегале од најлошото. Тројцата повредени се надвор од животна опасност. Семејството на напаѓачот е во шок. Велат дека детето било мирно и се чудат како е можно да се случи ваква работа. Од полицијата, пак, соопштуваат дека тој и претходно бил пријавуван за кражби, разбојништва и за нанесување тешка телесна повреда.

Инцидентот на улицата „Пехчевска“ се случил вчераутро, педесетина минути по полноќ. Харис Б. ја зел пушката од својот дом, каде што ја криел, излегол на улица и испукал неколку куршуми.

Движејќи се пеш, дошол на улицата „Жан Жорес“, каде што наишол автомобил „мазда“, управувана од 23-годишник, во кое имало и сопатник. Харис се доближил до возилото и испукал неколку куршуми. Возачот на нападнатото возило свртел наназад и во паника почнал да бега, а разулавеното момче со пушка трчало по него и пукало. По ова, Харис се упатил кон автопатот за Куманово, налетал на друго возило „голф“, во кое биле 28-годишно момче и неговата девојка. И тие биле цел на неговиот напад. Напаѓачот пукал, за среќа, не ги погодил. Сепак, патниците од возилото биле расечени од скршеното стакло во кое завршиле куршумите. Нападнатите, откако се засолниле, го пријавиле случајот во полиција. Со возило на Итна помош биле пренесени во болница, каде што им биле санирани исечениците.

Додека да пристигне полицијата, напаѓачот дивеел врз уште едно возило. Начекал такси-возило „рено лагуна“ и пукал во него. Преплашениот таксист се наведнал под воланот и така возел триесетина метри наназад, по што изгубил контрола врз возилото и делумно излетал од патот. Излегол од автомобилот и почнал да бега, но Харис трчал по него и пукал. Таксистот се засолнил во хотелот „Белви“ и побарал помош.

Дивеењето на Харис било сопрено од „алфите“, кои го пресретнале во селото Инџиково. Му рекле да го предаде оружјето, тој ја вперил пушката кон нив, по што бил совладан.

Жителите на Хиподром велат дека се исплашиле од силните пукотници во глувата ноќ.

„Не знаевме што е работата. Иако дома легнавме на подот за секој случај, да не долета нешто“, вели еден од станарите на зградата во чија близина се случи инцидентот. Тие добро го знаат соседот Харис. Некои велат дека било добро и културно дете и секогаш ги поздравувало. Други, пак, тврдат дека бил проблематичен, крадел во трафики, се тепал...

„Се прибирав дома со автомобилот, го видов Хари, имаше качулка на главата, трчаше, а во рацете имаше оружје. Се стаписав, помислив дека во мене ќе пука. Дадов гас на педалот и побегнав во рикверц, а потоа колку што можев подалеку по најблиската уличка“, вели еден од жителите на населбата.

Соседите велат дека Харис бил најстар од четирите деца. До пред неколку месеци, сите живееле во зградата број 7 на улицата „Пехчевска“.

„Се отселија, заминаа под кирија. Тука останаа само бабата и дедото“, велат тие. Бабата Фадила има сериозни здравствени проблеми. Ја здогледавме кога излегуваше на прошетка.

„Дома го имав, мирно дете, не можам да поверувам дека направил таква работа. Не знам од каде му е оружјето, не знаев дека има. Вечерта беше на гости за Младенци, беше пијан. Јас спиев, а сопругот му рекол да си легне. Ама не го послушал, излегол надвор и ете што се случи “, се јадосуваше бабата Фадила.

Против Харис Б. полицијата поднесе кривични пријави за убиство во обид, недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.


Статијата е прочитана 3811 пати.

Испрати коментар



Тинејџери се тепале во Скопје и во Куманово
Ограбена пошта во Шуто Оризари
Од куќа во Скопје украдени 50.000 евра
Пешак повреден на „Партизанска“



deniskopje, 23.03.2012 22:15:31
Посакувал смрт на луѓе кои не ги познавал. Навистина штета што во Македонија нема смртна казна, па да му се дарува една. И тоа во стилот на егзекуциите од Блискиот исток, јавно и на сите држани телевизии. Па после види кој ќе проба пак истото.
jimmy1, 24.03.2012 04:27:32
Da se vovede smrtna kazna. Koga e ima vo Amerika, najdemokratskata drzava, samo na son) zosto da nema smrtna kazna i kaj nas, i toa so secenje na glava, pa posle pak neka pravat incidenti i neka pukaat kade sto sakaat. Bez smrtna kazna na ovie ne im ide umot. A i zosto ni se koga pravat samo steta za Makedonija.
branko, 24.03.2012 09:26:03
ne vredi nisto mi se povraka od takvi goveda i toj vo francija pukase pa policijata rece sam se ubul i ima pravo da kaze deka sam, se ubil uste sto li nema vo domovite i sega 30 dena pritvor i nadvor zatoa i e taka i se javuvat takvi raboti najmalku 20godini zatvor.
ivan, 24.03.2012 16:03:53
koga vo francija nekoj puka vo civili toa se narekuva terorizam i za toa dobiva rascvetan cerep kako kazna..vo makeodnija koga nekoj puka so akalsnikov vo civili vo hipodrom toa se narekuva incident,nekontrolirano pukanje i razulaveno momce.do koga vo makedonija ke se izvrtuvaat rabotite?..ke dojde li vreme koga rabotite ke se narekuvaat so vistinskoto ime?..ova e teroristicki cin i treba da se proveri dali ovoj islamski fanatik e povrzan so mrezi na islamskiot terorizam?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 3°C

Вторник
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (19)
Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
На лице место. Зошто Џевахири Ајрулова го уби својот петгодишен син?
Утрински весник во селото Долно Јаболчишта во Велешко кое не памети такво грозоморно злосторство.

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |