23.03.2012, 17:54 Ограбена пошта во Шуто Оризари
Среде пладне, со пиштол в рацете, маскиран разбојник ја ограби експозитурата на „Македонска пошта“ во скопската населба Шуто Оризари. Според полицијата, грабежот се случил вчера во 12,30 часот. Маскираниот разбојник им се заканил на вработените, ги земал парите што му ги предале и побегнал. Нема повредени. Засега се' уште не се знае колку пари се украдени во вчерашниот грабеж. Полицијата трага по разбојникот. |