Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
На прво место
14.10.2008, 18:18

Инцидентот во Лерин ги вжешти односите меѓу Атина и Скопје


Тенковите на грчката војска околу селото Забрдени

Македононското МНР остро протестираше за приведувањето на четворица новинари кај Лерин

Димитар Чулев

Остро реагираше Министерството за надворешни работи на Република Македонија вчера по информацијата дека грчките власти најпрво приведоа и по еденчасовниот апс протераа четворица македонски новинари кои во Грција се упатија да известуваат за најновите настани во околината на селото Забрдени каде што грчката армија изведува вежбовни активности, а во план е изградба на воени објекти. Уште минатиот месец жителите на овој крај беа вознемирени поради плановите на армијата кои доаѓаат во многу незгоден момент, а македонско-грчкиот спор околу името го достигнува својот врв на антагонистичко поставените позиции, а Македонците во Егејска Македонија се погласно се обидуваат на светот да му испратат порака дека грчкото општество не е монолитна нација туку дека во него постојат заедници чии културни, јазични, национални различности Грција не ги признава.

Вината на македонските новинари и телевизиски екипи била во тоа што биле забележани како снимаат терен во чиј кадар се појавува и противтенковско возило. Тие биле уапсени, им било наложено да ја напуштат територијата на Грција но откако тие сепак се упатиле кон селото Забрдени биле пресретнати од полициски единици и наложено им било да ја напуштат границата.

Александра Пападопулу, шефицата на грчката Канцеларија за врски, вчера во МНР беше повикана за да и' биде дадена протестна нота. Како што неофицијално дознаваме, шефицата на грчката Канцеларија за врски, по примањето на нотата изјавила дека новинарите бесправно снимале во воениот реон Лофос (Забрдени) и дека тоа можело да го прават само со посебна дозвола. Поради тоа, новинарските екипи со полициска придружба биле испратени до границата со Македонија.

Протестната нота ја врачил заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров, кој ја известил Пападопулу дека за инцидентот ќе бидат информирани сите меѓународни организации за човекови права и новинарски асоцијации, односно дека новинарите легално го пријавиле своето присуство при влегувањето во Грција и намерата да ги снимаат незадоволните Македонци во Грција, а не воени објекти.

Уште од понеделникот доцна попладнето имало полесно повредени, и континуирано се случуваат апсења и судири меѓу македонското население, грчката армија и специјалните полициски сили во селото Забрдени во северна Грција, веднаш до границата со Македонија, јави за „Утрински весник“ Јоргос Пападакис, новинар од Грција. Тој го опишува целиот тек на настаните што доведоа до инцидентите меѓу локалното население полицијата, а по обидот на Грција да изведе воени вежби во регионот на Леринско.


Александра Пападопулу, шефицата на грчката Канцеларија за врски, по приемот на нотата реагирала дека новинарите бесправно снимале во воениот реон Лофос (Забрдени) и дека тоа можело да го прават само со посебна дозвола

Сето ова почна кога тенкови и други оклопни возила на грчката армија се обидоа да минат низ македонското село и да стигнат на полигонот за воени вежби каде што планирале да изведуваат гаѓање со тешко артилериско оружје. Жителите на Забрдени, потпомогнати од луѓето од соседните села Овчарани, Баница и Горничево, го блокираа патот кој води до полигонот, барајќи да не се спроведува гаѓање со тешко артилериско оружје и вооружените сили да се повлечат од селото. На��есто тоа, пристигна специјалната полициска единица и со употреба на сила се обиде да го расчисти патот, апсејќи четири лица. Меѓу нив беше и претседателот на општински совет на Забрдени, Коле Митскопулос. Во следните неколку часа повеќе од 300 лица од соседните села дојдоа на местото и побараа моментално ослободување на уапсените и повлекување на тенковите и на специјалните полициски сили.

Вчера рано изутрината четворица беа ослободени (без да се поведе обвинение против нив), а на жителите им беше ветено дека нема да се изведува гаѓање од тешко артилериско оружје. „Бевме целосно изненадени. Минатата недела армијата пак беше тука, но, по брзата реакција на луѓето во Забрдени, тие си заминаа со ветување дека нема да се појават тенкови. Но, тие дојдоа за да извршат гаѓање со тешко артилериско оружје веднаш над нашите глави. Не можеме да дозволиме да се случи тоа, ова е навистина сериозна опасност за нашето здравје, никој не знае што содржат во себе тие проектили.

Слични протести за преместување на воените полигони за вежбање се случуваа низ цела Грција, но само тука имаше брутална интервенција на полицијата. Ова е како воена диктатура врз нас“, изјави Коста Тасевски, жител на Забрдени, за Еуроланг, асоцијација во која соработува Пападакис.

Спорниот воен полигон за вежба се протега практично на периферијата на Забрдени, многу близу до куќите и во средина на обработливо земјиште. За време на армиските вежби во изминатите неколку години, проектили случајно речиси и го погодија селото додека на локалното население со денови не му се дозволуваше да има пристап до имотот кој е во нивна сопственост. Значи, тие продолжија со барањата за затворање на полигонот. Армијата секогаш ветуваше дека нема да има гаѓање со тешко артилериско оружје, но на крајот не ги почитуваше тие ветувања, обидувајќи се да ги изненади жителите, како што беше случај тоа и овој пат.

Овој проблем, најверојатно, ќе добие меѓународни рамки откако минатата недела македонскиот премиер изрази загриженост во врска со ситуацијата на Македонците во регионот и ја повика Грција да ги повлече своите сили од полигонот, кој се протегаше веднаш на грчко-македонската граница. Според неофицијални извори, македонската Влада ќе испрати протестна нота до Атина и до Брисел. Вчераутро ситуацијата беше смирена, армијата вети дека нема да изврши гаѓање со тешко артилериско оружје, но некои жители и полициски единици се' уште се наоѓаат на таа локација.

Висок дипломат во врска со инцидентот што се случуваше завчера и вчера на пограничниот појас на Грција кон Македонија вели дека е евидентно оти „грчката армија звечка со оружје“. „Кои се причините за тоа е тешко да се каже, но ако е точно дека војската излегла надвор од касарните и дека со своите активности нанесува штета на имотите на обичните граѓани, тогаш апсолутно се работи за отворена закана кон Македонија“, вели за „Утрински весник“ дипломатот кој сакаше да остане анонимен.

Во МНР вчера објаснуваа дека апсењата на новинарите барем по три основи ги крши европските норми за однос кон луѓето од третата сила. Апсењето е кршење на човековите права и слободи.

Владата на Македонија вчера со кусо соопштение реагираше на разместувањето на грчки воени сили во северниот дел на јужниот сосед. Ова е второ соопштение поврзано со неразјаснетите маневри на грчката армија во регионот на Леринско во изминатиот месец.

„Нашата оцена“, вели Петрос Динцис, член на колективното раководство на Виножито, „е дека со демонстрирање сила од грчките власти во еден регион каде што многу добро знаат дека во него живее македонско малцинство и етнички Македонци властите испраќаат порака до жителите - дека немате право да изразувате македонски идентитет и немате право да зборувате за права што треба да ги имате. Молчете, зашто, во спротивно, може само да претпоставите што ве чека“.

Динцис смета дека не може да процени кој ќе биде натамошниот тек на настаните, меѓутоа многу е извесно дека Грција ќе продолжи со играта мачка и глушец, а тоа ќе го прави се' додека оваа држава и официјална Атина конечно не сфатат дека согласно со европските норми ќе мора да почнат да ги почитуваат човековите и малцинските права.


Статијата е прочитана 4160 пати.

Испрати коментар



Пратениците бараат помош од ОБСЕ за инцидентот во Леринско
Коњановски и' го нуди на Грција „Криволак“ за вежби место Лерин



Itar Pejo, 15.10.2008 00:12:05
Gruevski treba pod hitno da prati pisma do Baroso, Bush, Beb Ki Mun i Karzai. Sega mu e majkata !
kris, 15.10.2008 00:13:09
Problemot e vo EU i NATO i nivnite dvojni principi! So nivnata BEZREZERVNA podrska za Grcija samo im pokazuvaat na cel svet koi se i sto se! zalno no vo momentov Makedonija ima pogolema i popricipielna podrska od Rusija i od Kina negoli od takanarecenite zapadni demokratii!
Albanec, 15.10.2008 00:51:02
Moj iskren sovet do MNR e da ne napravi "slucaj" za ova inaku nam ke ni se vrati bumerang! Prestanete da im davate material za propaganda na Grcite lugje. Sto povke gi nervirame toa odi na nasa steta, zarem tolku kratkovidi ste? Cela Evropa e protiv nas, i da ne se vo pravo Grcite tie se sepak vo pravo koga e vo prasanje sporot sto go imame. Gospod da cuva sto sutraci imame vo diplomatijata. Grcite se vo EU, NATO, ON i se racuna anticka drzava od svetot, nie nikade ne sme i sakame da se sporedime so niv! Hm! Bi sakal da ne sum vo pravo, no crno i se pisuva na Makedonija da znaete.
Makedonec, 15.10.2008 01:38:59
Pa vaka braka Makedonci kaj i da ste, eve sega treba da pomognete da gi informirate site vesnici,mediumi i tv kaj sto ziveete(mislam na ljugeto vo stranstvo) i posiroko niz celiot svet i site graganski,nevladini i drugi organizacii sto mozete da gi pronajdete preku internet.Ne treba samo da tapkame vo mesto i da se tesime.Imame intelegenti Makedonci koi vladeat razlicni jazici i ziveat niz celiot svet pa ako ne mozete na drug nacin da pomognete ,vaka so sirenje na vistinata i informaciite ke pomognete mnogu. Blagodaram i pozdrav do site Makedonci kaj i da ste.
Daniel, 15.10.2008 05:42:32
Treba i nasheto ministerstvo da im pokaze shto oruzje imame i nie... nego shala na srtana samo treba da se gonat po megunarodno pravo... da se prijavat vo brisel i do kraj da se odi so sluchajot dodeka ne se napravi neshto za toa.
struzanec amerikanec, 15.10.2008 05:58:31
vreme e da se javime na nasiot general vo turcija i da pocnat itie nekoi nivni vezbi na granicata so grcive onaka kako da vezbaatso teska artileriya vo trakiya do nivnata granica,znaete i tie treba da vezbaat i imaat so sto,do koga ovie gupci od grci ke vreskaat idemek ke plasat ma koj gi sisaim doaga krajot
shkupi, 15.10.2008 06:10:00
pa normalno deka novinarite ne smele tek taka da snimat vo tuga zemja za toa treba da se ima dozvola oni treba da se srekni sto ne zavrsile vo zatvor da se setime deka po 2001 na izlez od kondovo bea zatvoreni 2 albanski novinari (koi go snimea krasniqi so negovata naoruzhena grupa) albanskite drzavjani Rajmonda i Bujar Malecka. Tie prvicno dobile kazna zatvor od dve godini, no zaradi dobri makedonsko-albanski odnosi, Apelacioniot sud ja namalil kaznata zatvor na edna godina. Novinarite Rajmonda i Bujar Malecka bea osudeni bidejki ja snimale grupata na Krasniqi kako vezba gagjanje so top kon Skopje.
Benedict, 15.10.2008 07:17:14
Naucile neshto od Sloba-srbinot ama kade zavrsi sloba. Kako zavrshi Srbija?. Srbija i Grcija se edinstveni "braka" na Balkanot ostanatite drzavi vospostavija partnerski odnosi pomegu sebe.Grcija e na pragot da stane nov "srpski sindrom"
svedok, 15.10.2008 08:44:31
Pred nekoj mesec mediumite krenaa uzasna vreva i antigrcka propaganda za soferite na kamioni koi grckite pogranicni vlasti gi naterale da go metat granicniot premin. Bev svedok na toj nastan i tvrdam deka nasite soferi si ja zasluzija metlata. Namerno prvociraa i frlaa gubre od svoite kamionski kabini a sluzbenikot posle nekolku ljubezni molbi da ne go pravat toa, im dade metli. Sega se somnevam deka mediumite, sledejki nekoja glupa politika kon grcite, neli moderno e da sme protiv, povtorno plasiraat snezacii. Ne znam koga bi imalo voena vezba kaj nas, kolku bi mozele da slikaat nasite, ne drugi novinari. Inaku Grcite se definitivno idioti.
Dejan, 15.10.2008 08:52:22
Reportirajte sami na iReport.com; CNN; BBC vrtete na telefon ne cekajte da bidete informirani od nekoj drug, bidete vie glasnici za nepravdada shto se pravi nad nas. Pozdrav Dejan
Aleksandar Makedonski, 15.10.2008 09:12:21
Pod itno da se mobilizira ARM, da se pratat tenkovi na granica so Grcija, da kupime protivavionski i protivraketni sistemi od Rusite, nuklearka od Izraelcite i da i objavime vojna na Grcija. Oni so nas...
ckembar, 15.10.2008 09:19:02
sega mu e majkata...pomorskite sili na pozici,tenkojte,tigrite lavojte,majmunite i da napagame..drugo care nema....:))))))))))))) ..tesko na umot so go imame...
dias, 15.10.2008 10:09:05
ciganite 60 god,bea naviknati nikoj da ne reagira od bivsata ni drzava pa i poslednive 17 god,sega zatoa placat,a osven placenje i krekanje ne znaat nisto drugo.bravo za gruevski sto gi postavi ovie prasanja do juzniot sosed i do EU.
Petre, 15.10.2008 10:41:56
koga vo avgust se sluci Ruskata invazija vo Gruzija, grcite od Himera, grcko mesto vo Albanija kade sto site prodavnici se so grcki natpisi ( nema dvojazicnost) izlegoa na ulicite so grcki znaminja i baraa OTCEPUVANJE !!..Albanija ne upotrebi policija, samo albancite od bliskite mesta napravija manifestacija so albanski znaminja...nikade za ova ne pisuvase, iako Albanija e vo NATO, demek ramnopravna e so Grcija...a malcinstvata vo Grija nemaat ni 10% od pravata na nivnoto malcinstvo vo Albanija... ,,taka, ne se zanesuvajte deka ako vlezeme vo NATO se ke se smeni.. samo e vazno dali imame adut da im odgovorime so kontra merka, po cena da vreskaat...po recept na Chavez...samo se priznava sila a ne cimolenje
marjan, 15.10.2008 11:40:26
abre ljuge pa grcite si pravat vezba na nivna teritirija sto sakame da pravat na nasa, a toa sto vikame deka tamu e nasa zemja oti ne odime da ja osvoime
Mene, 15.10.2008 12:03:30
Lele kakva propaganda vodime nie znaci?! Pa normalno deka nikoja drzava ne dozvoluva snimanje do voeni poligoni, bre ili kako neobrazovani ili kako deca, taka se odnesuvame, nema sto da kazam. A da ne se zalazuvame deka toa e demonstracija na sila vrz Makedoncite! Vo site delovi na Grcija kade sto ima vezbi ima vakvi protesti. Katastrofa sme znaci si odime da se zatvorime vo dupka i da ne izleguvame. Kakvo Nato kakva EU. Im poracuvam na Albancite od Makedonija neka si gledaat da si odat vo Albanija (neka ne me razberat zlonamerno), zasto Albanija za deset godini ce bide vo EU i ce bide sto pati pomoderna i posilna finansiski od Makedonija. I jas se mislam da pocna da izrazuvam albanski cuvstva i da zemam albanski pasos!
zabegan, 15.10.2008 14:49:57
sekogas koga na vlas ke dojdat VMLO problemi koi mozat i bile so teski posledici.more da ne e nesto namerno ova . so SDSTO air ne vidovme so ovie vojni ke vodeme.more ko nebe biva za nekoja rabota ne se nafakajte da vodete drzava . covek vam ne bi vi dal da vodete m.zaednica ama gresil narodot i treba da ve kazni.
goran, 15.10.2008 14:57:14
dosta gi trpime grcite ednas za sekogas treba da se resime od niv i da si go zememe toa sto ni pripaga a toa e egejska makedonija no zatoa treba site makedonci od cel svet da se obedinime. a na komentarot od ovoj Mene pred da izrazi suvstva za apbanski pasos neka odi neka se kontrolira na doktor ocigledno mu falat mnogu nesta. pozdrav MAKEDONCI
mkd, 15.10.2008 15:49:15
Pa ova e edinstvena stranska misija kade uchestvuva silnata Grchka armija chlenka na NATO. Otidoa na medju makedonci na makedonska zemja
sladj, 15.10.2008 16:10:04
povtorno uspeavte da gi razgorite strastite, bravo!! kakvo novinarstvo, kakva fotografija na naslovnata strana!! znaci, grckata armija si vezbala vo grcija, a stranski novinari bile pritvoreni zatoa sto toa go snimale?! i, toa ne e vo red, neli..treba nie da pratime protesna nota i svoja armija na granicata..na bezobrazlukot nema kraj... za vas Orwel e mackina kaslica ocigledno..pozdrav samo do svedok, edinstven so razumen komentar
TRAJANKA, 15.10.2008 17:19:35
Makedonija e edna , kade se zbori Makedonski . kade ima makedonski iminja toa e Makedonija . Moeto ime e od lerin . Makedonci obedinetese od cel svet , vrakajte se na svoite ognista , ragajte deca , neguvajtego jazikot toa e vase bogactvo sto nieden okupator nemoze da go otugi . Sakajte ja svojata zemja neguvajteja , poubava nema nikade .Makedonija e sekogas vo moeto srce kade i dasum prpagam na Makedonija i da zive za site vreminja obedineta .
Gospod, 15.10.2008 18:08:05
Aleksandar MAKEDONSKI ne kupuvashe oruzje od treti drzavi tuku sam gi izmisli svoe oruzje i praveshe svoja strategija. A svedocite treba da go kazat svoeto vo pravo vreme. Sega e toa samo izmisljotina. I sluckata ne se odviva vo severna Grcija tuku vo juzna Makedonija. A vie kako miluvate. Trkaloto se vrti.
toni, 15.10.2008 18:37:53
Kako prvo toa ne bil voen objekt nitu voen poligon sto nasite novinari go fotografirale tuku nivite na makedonskite selani, i od koga novinarite nesmeat da odat po selata i da go reportiraat zivotot na tamosnoto makedonsko naseleniee. Vo dobro i vo loso zaedno - makedonci
meri, 15.10.2008 19:02:25
go molam gospodinot ,gospogata koj se potpisuva kako ,,gospod " da na go pravi poveke toa zosto jako e ne prijatno i neposteno prema sam sebe da se narekuva taka ,ako ste religiozni ,razmislete dobro a ako ne ste razmislete uste poveke sto znaci da se narekuvas gospod pa makar i sala bila ,blagodaram na utrinski ako ja objavi mojava zabeleska
14.10.2008, 19:17

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C

Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Глупоста и глупирањето станаа ценета форма на живеење
Инаетот ми е голем и нема лесно да им го отстапам местото на медиокритетите“, вели Кокан Димушевски, композитор, клавија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |