Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
На прво место
14.10.2008, 18:18

Коњановски го нуди „Криволак“ за вежби место Лерин

Премиерот и министерот денес со Шефер ќе разговараат за името и за буџетот на АРМ

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

БРИСЕЛ - Место да ги тепа и апси Македонците што се противат на воените вежби, Грција може да вежба на „Криволак“, и' порача вчера од Брисел министерот за одбрана, Зоран Коњановски, на Атина.

„Жал ми е ако се случиле такви нешта, а сигурно се случиле. Што можам да кажам јас како министер за одбрана освен тоа дека, доколку армијата на Грција има потреба за вежбовни активности, ние и' стоиме на располагање со нашиот воен полигон „Криволак“. Таму во секое време можат добро да се обучат војници за испраќање во мировни мисии“, изјави Коњановски по средбата со словенечкиот амбасадор во НАТО.

Со него тој ја почна серијата средби во Алијансата, која ќе кулминира денес, со заедничка средба на министерот и на премиерот Никола Груевски со генералниот секретар Јап де Хоп Шефер и со американскиот амбасадор Култ Вокер. Теми се името, намерите на Македонија во однос на активностите во Алијансата и буџетот за одбраната, при што последните две се поврзани со очекувањата и барањата од НАТО- контингентите од Ирак да се префрлат во Авганистан.

Иако Коњановски вчера тоа не го потврди сосема, веќе се договара војниците што ќе бидат повлечени наскоро од Ирак да бидат преупатени во Авганистан, со што нашето присуство таму ќе се зголеми за една третина, или од 130 на 200 војници. Според Коњановски, во моментов се прават анализи во Министерствата за одбрана и за надворешни работи околу големината на контингентот за Авганистан, како резултат на извесното повлекување од Ирак по барањето на тамошните власти да ги преземат работите во свои раце. Одлуката за редуцираниот буџет на АРМ тој, пак, ја бранеше со оцената дека во моментов Македонија наменила над два отсто од БОП за оваа цел, што е стандард за сите земји-членки на НАТО.

„Само шест земји, вклучувајќи ја и Македонија, имаат околу 2,3 отсто од БОП наменет за набавка и одржување на опремата во одбраната. Ние ги имаме тие два и повеќе проценти, и како и да биде проектиран буџетот, па и тој за идната година, Македонија ќе има повеќе од 2 отсто“, изјави Коњановски.

Прашан која е целта на средбата на премиерот Груевски со Шефер денес (премиерот ќе се сретне и со Хавиер Солана), министерот одговори дека таа е во рамките на нормалните контакти на нашиот државен врв со генералниот секретар, иако последните месеци тие баш и не можеа да се опишат така. На средбата со словенечкиот амбасадор било отворено и прашањето за името, на што министерот реплицирал дека македонскиот став е јасен, дека очекуваме спорот да се реши, и на крајот за решението да се изјаснат граѓаните на референдум. Но, додаде тој, знаете дека во НАТО се одлучува со консензус. На словенечкиот амбасадор Коњановски, сепак, му потврдил дека Македонија останува на цврстата определба за целосно вклучување во Алијансата и дека тој правец јасно се гледа од штотуку презентираната годишна програма.


Статијата е прочитана 2191 пати.

Испрати коментар



Пратениците бараат помош од ОБСЕ за инцидентот во Леринско
Инцидентот во Лерин ги вжешти односите меѓу Атина и Скопје



Никола, 15.10.2008 00:04:29
Добра идеја. Ете така би се решил проблемот на локалното население во Лерин, а ние со искрено подадена рака, уште еднаш би им покажале на Грците дека немаме ништо против нив.
marjan-viena, 15.10.2008 00:34:01
konjanovski, mozes na grcite da im go nudis tvojot dvor,tvoite nivi, tvojata spalna soba ponudi im ja ako sakas, a krivolak ostaj go. da ne ti e mozebi nasledstvo od dedoti i tatkoti,ili mozebi zenati vo miraz ti go donese.
demokrat, 15.10.2008 00:50:14
Ministerot namesto da raboti na toa, sto pomalku voeni vezbi da ima na makedonska teritorija, toj pocna i javno da pokanuva tugi vojski. Nebare ke pravat bal na krivolak ili mozebi ke igraat golf.
Zoran, 15.10.2008 08:08:05
Probajte da ja najdete golemata ironija vo izjavata na nasiot minister. Im nudi na grcite da go ostavat makedonskoto naselenie od lerinsko na mira , nudejki im druga makedonska lokacija , kade neli e predvidena za voeni vezbi. Od edna strana mnogu "dobrososedski" poteg vo ocite na NATO i cela Evropa , a od druga strana se gleda analogija na celovitost na geografska Makedonija i zastita na lokalnoto MAKEDONSKO naselenie , a ne grcko.
Vlatko, 15.10.2008 10:00:02
Vo cie ime ovaa nedokvakana supelka go nudi Krivolak? Koj go stavi ovoj lik za minister za odbrana... Boze, Boze na armijata na edna neprijatelska zemja likot ocigledno impresioniran od TV kamerite i nudi pristap na lokacija od koja za eden cas moze da vleze vo negoviot udoben kabinet. Supelka nedokvakana...
dimitar, 15.10.2008 15:16:08
Turska vojska, nisto drugo. Lekot e vo Ankara.
14.10.2008, 19:17

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Среда
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C

Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Глупоста и глупирањето станаа ценета форма на живеење
Инаетот ми е голем и нема лесно да им го отстапам местото на медиокритетите“, вели Кокан Димушевски, композитор, клавија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |