23.03.2012, 18:41 Груевски: немаме задни намери со лустрацијата
„Новиот закон за лустрација ќе расчисти одредени дилеми. Ако парламентот го прифати, во рок од 30 дена, на интернет ќе се објават досиејата на оние личности опфатени со законот. Секој граѓанин ќе може да прочита и да види дали некој бил или не бил соработник на службите“, изјави вчера премиерот Никола Груевски.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека не се занимавал со „должината на списокот“.
„Немам некои задни намери. Не сакам за никого да прецизирам дали е или не е учесник во некакви работи од ваков вид. Најдобро да си излезат досиејата на сите што се опфатени согласно со законот, да си види народот, Комисијата да види и да оцени, да се провери добро и да се анализира“, вели Груевски. |