Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
23.03.2012, 16:54

Лустрацијата ја прелеа чашата

Ќе биде ли Македонија земја во која секој некого кодоши и јавно етикетира?

Гордана Дувњак


Поранешниот пратеник и идеен творец на Законот за лустрација, Стојан Андов, е изненаден од новиот закон за лустрација, што го предлага ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Уставниот суд се' уште не се изјаснил и е во сила времена мерка за стопирање на сите активности поврзани со лустрацијата, владејачката партија реши да не ја чека судската интервенција.

„Ова е сосема нов концепт, кој отстапува од оној што го договоривме и усогласивме при носењето на првиот закон. Разликата не е само во насловот, туку и во опсегот, како и во дефеницијата на кои категории граѓани се однесува. Лустрацијата нема да ги опфати само оние што се на јавни функции, туку сите функционери што имаат јанви овластувања“, вели Андов.

Што се однесува, пак, до идејата низ процесот на лустрација и проверка дали биле соработници на тајните служби да поминат и лицата што стекнале капитал во процесот на приватизација на претпријатијата, за Андов, тоа е тешко спроведлива идеја.

Тој вели дека овој закон има смисла само доколку се носи со консензус, зашто во спротивно се дискредитира и се претвора во оружје на владејачката партија за пресметка со опозицијата и со политичките неистомисленици.

И за професорката од Факултетот за безбедност, д-р Фросина Ременски, овој потег на власта е многу проблематичен.

„Новиот закон за лустрација кој треба да биде кулминација на уцената, линчот и рекетот, предвидува лустрирање и на озлогласените транзициски профитери кои според нарачателите на еден или на друг начин ќе треба да платат за „приватната сопственост над општествениот капитал“, пишува во својата најнова колумна и професорката од Факултетот за безбедност, д-р Фросина Ременски.

Според неа, циркусот е на сцена, останува да ја гледаме претставата.

„... Вртењето со прст и најавата кон оние што знаат дека биле соработници, но и оние кои се' уште не се свесни дека ќе бидат е порака која го отвара патот кон амбисот наречен квазилустрација и систематска кастрација“, додава професорката.

Предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за сосема нов закон за лустрација, опозициските партии вчера го квалификуваа како „неморален и обид на власта да ја продолжи борбата против неистомислениците“.

Опозицискиот СДСМ во предложениот закон гледа обид за нови конфронтации на власта со Уставниот суд, чии одлуки се негираат. Со тоа, велат од партијата, се продлабочуваат поделбите во општеството и се поткопува уставниот поредок на државата.

Законот е неприфатлив и за пратениците од ДПА . „Се претерува. Ако му даваш за право на секој граѓанин да прави барање за да лустрира друг граѓанин, што ќе се случи? Да бидеме практични, сите граѓани ќе почнат од нивните соседи и тоа ќе создаде омраза кај граѓаните“, нагласува Зиадин Села од ДПА.

Од Демократската партија на Албанците, го повторуваат веќе познатиот став дека не се против лустрацијата како процес, но се сомневаат дека новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е искрен и со чесни намери.

Со предлогот што веќе им е поделен на пратеничките групи, меѓу другото се предвидува јавно објавување на имињата на соработниците во периодот од 1994 до 2006 година, како и можност физички лица да имаат пристап до информациите собрани за нив, на нивно барање или на барање на нивни роднини, вклучително и лица овластени од нив со полномошно заверено од нотар.

Пратеничката Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ваквиот модел на лустрација се бара и во последната резолуција на Европскиот парламент за Македонија,чиј известител е британскиот европарламентарец Ричард Ховит. Таа нагласи дека во подготувањето на овој предлог биле консултирани нивните коалициски партнери и ДУИ.

За донесување на законот е потребно да се обезбеди просто мнозинство од 61 пратеник.


Статијата е прочитана 1023 пати.

Испрати коментар



Груевски
Реформи има, квалитет нема
Мистерија за средбата Попоски - Димас
Претседателот е чесен, но дали е тоа доволно?
Што се крие во трансфер листите?
Молк кај бизнисмените
И Романија се лустрира



jovan, 24.03.2012 00:03:53
A ke bide li Makedonija drzava vo koja edinstveno ke se bogatat i komotno ke ziveat edinstveno onie koj sorabotuvale/sorabotuvaat so tajnite sluzbi?
jimmy1, 24.03.2012 03:43:47
Taka ke bide se dodeka imame glupavi pratenici kako Boneva, taa oro vodi, prava egipcanka. Neznam sto luge e imaat izglasano ama sigurno e deka better od nejze. Da se lustriralo do 2006 god, a zosto ne do denes. Toa e zaradi toa tie da ne se opfateni odkako se na vlast. Neli do 2006 dokazuva deka tie nesakaat lustracija za niv.
Pero Micevski Melburn, 24.03.2012 05:59:46
Potpolno se slozuvam so vlasta za noviot zakon za lustracija koi ke ovozmozi da se rascistat mnogu raboti .Protiv ovoj zakon se znae koi se tie sto se zbogatile na nelegalen i kriminalen nacin a niv se znae kade im e mestoto vo idrizovo.
huli, 24.03.2012 08:46:35
znaci od 2006 nema zbogatuvane\, pa zarem ne Vi e stram vakov zakon da se predlaga od 2006 godina, najpoveke stanaa bogatasi i toa javno bez oko da im trepne se se ispokrade stana eden minister som po pet stana pet vili po razni izletnicki mesta a nie nemame kade da zivimi t.e. da se prehranime so nasive evropski plati pozdrav treba prvo Silvana Boneva da vleze vo listracija a potoa nejzinite bliski. pozdrav
Istocna Makedonija, 24.03.2012 09:33:41
Sekogas se kodoselo,ama kako sega nikogas!
мурто, 24.03.2012 12:16:20
А ситниот занаетчија Ѕинго ќе го лустрираат ли?
Насто Палиоски-Јабланичанецот, 24.03.2012 13:59:53
Мисленјето на ТОМ 2003-та е да се опфатат сите граѓани во Македониа од обичен смртник до политичар.Шпионажата потекнува токмо од најобичниот,што му завидува дури и на комшијата,за да му пукне козата,а потоа судовите да е тераат правдара со години,и да касираат за ист предмет.Неправдата ќе биде ако само за некои лица важи тој закон.Тие високи фунционери,издавале Налог,што да се прави а некои лица се само извршители,што во случај оној што ја дал наредбата е чист.
Ристо Андов, 24.03.2012 17:23:01
За жал, новиот закон за лустрација всушност ќе значи нов бесмислен почеток, нови лаги и измами за наридот, но во секој случај, нова надеж на Антикомунистите за конечна пресметка со Комунистите и комунистчкото минато на нашава земја! На времето, покојниот претседател на бившата Чехословачка република Вацлав Хавел има речено: Полоши од Комунистите се Антикомунистите! Се добива впечаток дека фамилијата на Грујо, со сите сили настојува тоа да го докаже и потврди. Еве според новиот закон, ако биде усвоен а ќе биде усвоен, ќе биле лустрирани сите до 2006 г. Значи сите, освен спомнатата фамилија каја била иделна и единствоно патриотска!!! На пример, во источните земји лустрацијата брги заврши, потоа се смирија работите и сега се дел од ЕУ. За разлика од нив кај нас се бркаат вештерки еве со децинии. Актуелните властодржци не се во состојба да свата уште помалку да прифата дека, кај нас за време на Комунизамот, кодошлакот беше насочен кон предците на денешните патриоти со помодрени гради!
EU, 24.03.2012 18:55:07
Definitivno e preleana casata. Navredlivo e kolku vladata, na celo so VMRO, gi potcenuva sopstvenite gragani. Lugeto gi zanima kako da opstanat denes i dali imaat nekakva perspektiva nivnite deca, a ne postojano namignuvanje kon minatoto, so cel na presmetuvanje so politickite oponenti. Pisuvajki mi tekna na onaa: drzi mi go kopilevo da i se nasmejam na kopilankata.
tihi, 24.03.2012 22:55:10
Shto ste se uspanichile ,ako si ja nemate muvata,spijte si mirno.A i nema shto da se sekirate ,ustavniot kje vi uchini.Ama ne e losho malce da ve zdrma.Malce da osetite kako im bilo na zhrtvite.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 4°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |