23.03.2012, 16:56 Молк кај бизнисмените
Бизнисмените замолкнаа пред новиот предложен законски текст за лустрација со кој се предвидува да бидат опфатени и оние што стекнале капитал во претпријатијата со општествена сопственост, согласно со Законот за трансформација на пре��пријатија со општествен капитал.
Никој, буквално, ниту еден бизнисмен од кои што вчера побаравме став, мислење за новиот предлог-текст, не сака да каже ниту еден збор, комнентар, свое мислење за ова прашање.
Но, затоа уште во почетокот на разговорот кога ќе го слушнеа прашањето, реакцијата беше „зошто токму мене ме побаравте за мислење, јас не сум меѓу тие, не сум олигарх“. (Ек.Р.) |