Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
На прво место
26.07.2010, 17:53

Фармерите пуштени на слобода

Семејството Илиевски не било здружено за организиран криминал, оцени Обвинителството

БИТОЛА - Море од солзи радосници на улицата „Коста Абрашевиќ“ бр. 39 во Битола. Во шок со солзи во очите со силни и искрени прегратки мајката Лиле, снаите и четирите дечиња од семејството Илиевски ги пречекаа притворените мажи Душко, Цане и Томе.

По 12 дена поминати во истражниот затвор во Битола, притворените млекари Душко, Цане и Томе Илиевски осомничени за одгледување марихуана, се ослободени од притвор. Истражен судија од Битола донесе одлука притворените фармери да се бранат од слобода, а истрагата да продолжи со дополнителни истражни дејства.

„Ах, Томе, Томе, што ни направија“, плачеше и воздивнуваше мајката Лиле додека тројцата мажи ја тешеа и ја прегрнуваа. „Правдината излезе на виделина“, ја тешеше фармерот Дуле својата мајка. „Дванаесет дена бевме во притвор. Власта ми ја затвори цела фамилија. Ме понижи пред народот, иако чесно заработувавме. Мојата фамилија до ден денес ниту беше притворувана ниту имаше црна дамка. Што дочекавме, татко ми Томе на 57 години да одлежи притвор. Ова е голема трагедија што му ја направи власта на нашето семејство. Ова е голем притисок кон мене. Јас сум во шок“, рече фармерот Душко Илиевски, по излегувањето од притворот.

Тројцата фармери се најдоа на слобода откако специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција во Скопје не најде елементи на организиран криминал, па предметот за фармерите Илиевски го врати во Битола пред Основното јавно обвинителство. Доцна попладнето фармерите добија решение да се бранат од слобода, но се очекуваше МВР да го потпише решението за одземање на патните исправи.

Убеден дека ова е политички монтиран процес против него, Душко вели дека неговата најсилна одбрана е во тоа што цело Градско Поле е обраснато со тревата за која полицијата го осомничува дека ја одгледувал. Илиевски ја обвини полицијата дека пред да му одреди притвор, физички и психички го малтретирала.

„Бев малтретиран ноќта во еден часот по полноќ. Ме тепаа во полиција да го признам делото. Не им потпишував дека сум го сторил делото со кое ме осомничуваат. Ме тепаше Вангел со други инспектори и маваше со стол по мене. Во затворот немав никакви притисоци. Беа крајно коректни спрема мене и спрема моето семејство“, зборуваше фармерот Илиевски. Ваквите негови изјави ги прекина адвокатот Васко Талевски, барајќи од фармерот да прекине со зборување и со откривање деталите од истрагата.

„Не знам зошто обвинителот бара дополнување на истрагата. Наш приоритет беше да се прекине притворот, па влегуваме постепено во нормална процедура. Ќе докажеме дека фармерите Илиевски не се виновни“, рече адвокатот Васко Талевски.

Откако во Битола се рашири веста дека тројцата фармери од фамилијата Илиевски ќе бидат на слобода, група граѓани се собраа пред неговиот дом да ги дочекаат фармерите. „Фала му на Господа дома да си дојдат кај фамилиите, децата да си бидат со родителите, дедото со внучињата. Зошто им го прават ова? Томе е болен човек, а неговите двајца синови работат мачно. Се мачат на нивите и во фармата. Триесет и пет илјади евра им држат во ’Сведмилк‘. Зошто го гласавме Никола Груевски за вака да му прави на народот? Зошто политички ги мачат луѓето? Тие само си ги бараат парите“, рече првата сосетка на Илиевски, Благица Здравковска.

Случајот со притворањето на тројцата фармери од семејството Илиевски последните две недели ја потресе Битола, ја дигна на нозе и опозицијата и власта. Полицијата ги осомничи за одгледување марихуана во нивната нива со компири во битолско поле, но освен 203 стебла од растението канабис сатива, не излезе со доказен материјал против фармерите за производство на дрога за што беа и кривично осомничени.

Опозициската СДСМ излезе на протести, маршираше пред истражниот затвор во Битола и собираше потписи за ослободување на фармерот Илиевски и на неговите најблиски.

Цврсто убедена дека овој случај е полициско-политички монтиран и дека фармерите завршија во притвор бидејќи Душко Илиевски, еден од водачите на протестите на „Сведмилк“, зборуваше против власта на митингот на СДСМ во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ, пак, во фармерот Илиевски виде жива опасност за иднината на младината, квалификувајќи го дури и како дилер на дрога.

Судбината на млекарите Илиевски отиде и на највисоко ниво. Врз грбот на фармерите се препукуваа и лидерите на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски и Никола Груевски. (Б. Т.)


Статијата е прочитана 4649 пати.

Испрати коментар



Иванов
Обвинителски пинг-понг на релација Битола - Скопје



Али Кемал, 27.07.2010 00:23:42
Добре дојде на Душко (Конопишки) и неговиот татко и брат.Има надеж за сите нас кога ќе проработи колективната свест и протести на граганите ,за правда!Овој монтиран случај на семејството Илиевски за одгледување на канабис с(Т)атива покажа како без факти и докази може да се жигоса човечкиот живот.Но правдата е спора ама секогаш доаѓа.Затоа за добредојде, ајде сите на you tube shantel -disko partizani (New York 02009) i obrabotka na DJ Vujo disko partizani.Уживајтеееее!
ја, 27.07.2010 00:28:00
Се исполни кејфот на пастирот.Но делимично.Наместо да бидат пуштени веднаш, битолските обвинители за да си ја истресат прафта од себе топката ја префрлија на Одд. за орг.кр. во обвинителство во Скопје а со што само им ги продолжија маките на овие невини луѓе а ќе повторам САМО ЗАРАДИ ЌЕФ на ПАСТИРОТ.Е па не можи така,нема аргументи нема кривично дело.Ја поздравувам одлуката Дуле и неговите да се бранат од слобода и верувам дека ќе си ја докажат невиниоста.Но каде ќе им оди душата на оние кои им сместија.Се надевам во пеколот.Доста ни е од оваа ненародна власт.Ај СИКТЕЕЕЕЕР !
jug, 27.07.2010 00:33:23
Dusko teraj do kraj i vidi kaj se Spasenovski i Hristijan Delev.
ПРИЛЕПЧАНЕЦ, 27.07.2010 00:52:17
Притворањето на фамилијата ИЛИЕВСКИ,кое убеден сум беше по директен налог на ПРЕМИЕРОТ е всушност неговата најголема и неопростива грешка и неговиот најголем автогол во четиригодишното владеење.Направи многу добри и позитивни работи,но една грешка од овој калибар може да засени многу добри и позитивни дела.
Dark Avenger, 27.07.2010 03:54:41
Udrete im sega edna kontra-tuzba: za ponizuvanje, emocionalen stres, finansiski gubitok itn, vasiot advokat ke moze da im natovari se sto saka... Namesto vlasta da gi brka vistinskite kriminalci, se sveti na posten narod koj tesko si ja zarabotuva egzistencijata...
vladimir, 27.07.2010 05:01:13
odvratna zemja mi se grozi od pomislata kaj ziveam megu prosta masa odvratni mi se i sdsm i vmro kakvi niski igri igraat so narodot koj slepo im veruva vo nivnite odvratni igri!
Mitre od dolnodupeni, 27.07.2010 06:39:29
Виделе опасност од млекарите?.Виделе опасност дека ќе се открие криминалот во светмилк и дека некој ќе треба да одговара.Фабрика за едно евро???Лопужи...кои за да го прикријат криминалот ...го затворија Дуле млекарот.Е сега ќе мора некој да одговара,нбо и ...рејтингот на мр.Рејтинг незапирливо паѓа...Доле влада!!!!
spire, 27.07.2010 07:05:31
Od macni zemjodelci do dileri na droga???????Sto doceka zalna Makedonija???? Sto e sledno od Gruevski????? Valjda Feliks i Kimov ke ni kazat..........ili pa Tanja bumbarkata.....
Prilepcanec, 27.07.2010 08:26:52
Znaci,g-gja jankulovska,kako gostin vo souto na Premierot prodolzuva da go zabavuva makedonskiot narod.Sto e sledno numero?Verojatno pak pokazuvanje so prst i so tropanje na lisici za nekoj koj ke kaze deka ova sto go raboti Vladata e nadvor od zdraviot razum.tocka.
Celta e postignata, 27.07.2010 08:33:30
Celta e postignata. Na narodot mu e isporacana opomenata od vlasta. Kutete si i bidete pokorni, zasto ova i vas moze da ve snajde. Vo ovaa bezizlezna situacija, vo koja se naogja vlasta, opstojuvanjeto na vlast so edinstvena cel da se socuva privilegijata za trosenje na budzetskite sredstva ( bez kontrola, se razbira ) e mozno samo so zaplasuvanje na nezadovolniot narod so site mozni sredstva.
Павле, 27.07.2010 08:44:58
Подршка за Илиевски од Струмица.Само би ви кажал да издржите,овие немаат никакви докази.Можеби мислат дека народот е недоветен па не разбират,ама овде работата е јасна,типична диктаторска тортура.Секој режим што работи на картата „ПРОДАВАЊЕ ПАМЕТ“ кога тогаш ќе мора да одговара.Да си на власт е убаво,ама треба и критиката да се прима.Овие се толку нарцисоидни,што веќе го изгубија осетот за реално.Кобајаѓи да се имаат родено на власт.Можеби сум грешка,ама многу постапки на премиерот потсетуваат на луѓе од историјата(Хитлер,Сталин,Мао,Ил Сунг,Пол Пот).Не ли ви е позната „Ти си Македонија“,тоа е преземено од фашистичка парола,тие што прочитале ќе знаат што е.
Даниел, Скопје, 27.07.2010 08:45:54
Грујооо, тик-так, тик-так, тик-так...
sale, 27.07.2010 08:49:02
Vaka li se dokazuva istraga??? go skrsile covekot od kotek za da priznae i likuva ministerkata??? sramota ..sram za Makedonija!!
dedo dimo, 27.07.2010 08:50:28
Da ova e najpravedno lugeto imaat pravo da se borat od sloboda .Neka lugeto dokazat deka se pravi i sekoja chest . Do kolku se vo pravo ,treba drzavata da im se izvini i da im plati oshteta .No ako se dokazi deka se krivi i odgleduvale marihujana za prodazba ,togash sudot bez miluvamje da gi osudi na strog i dolg zatvor .Na toj nachin ako i nekoj drug pokusha da zarabotuva dobro so prodavanje droga da znae shto go cheka . Ne gledam kako ke se spasat ,poshto na slikite se gleda deka Marihuanata beshe narochito navodnuvana pa zatoa i beshe tolkava, no vo Makedonskoto sudstvo e sve mozno.Pomislete so tolku Marihuana kolku mladi luge ke nastradaa a pokraj niv i nivnite familii.
Stef, 27.07.2010 09:17:42
Лелелелеееееееееееееееееее Детска радост. За насловна хахахаха Патетично. Ко Иран да ги ослободи заложниците од Американската Амбасада.
Oliver, 27.07.2010 09:20:53
Уште еден пораз за Македонската држава во борбата со нарко-криминалот. Се дозволи под партиски притисок иско како во случаите со Заев и Бучкоски да не излезе правдата на виделина. ДАЛИ СО НАРКО ДИЛЕРИ КЕ ПРАВАТ ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА. ДАЛИ УСЛОВ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА Е ДА БИДЕШ НАРКО ДИЛЕР.
bobi, 27.07.2010 09:22:53
Bravo za Dusko.Otkako vidoa deka montirovkata od stalinisticki tip ne im uspea ,dpmne se povlece.Steta za vakvo sudstvo.Tie se samo poslusnici na ovaa vlast.
Vasko, 27.07.2010 09:25:35
Koe prepukuvanje za mlekoto i mlekarite be, ovie ljuge odgleduvale kanabis, prodavale ili koj znae sto pravele ljuge, dali ste vie normalni?
Regan, 27.07.2010 09:27:37
Ало, новинари, што му правите на човеков?!?Сте го ставиле дури и на насловна страна!Зарем не гледате дека двете ривалски партии го злоупотребуваат?Или навивате за некого?
Учо-Гостивар, 27.07.2010 09:30:23
Пораката е испратена.Секој кој ќе се дрзне да ја критикува власта го чека истото како Душко Илиески. Народот е жилав и не се предава лесно,а воопшто не се плаши од уценувањето.
кочани, 27.07.2010 10:04:15
Оставете ги институциите да донесат Одлука врз основа на доказите и согласно законот.Господа СДСМ-овци контролирајте ја својата ЗЛОБА. Зошто СДСМ доби таков стрес со откривањето на 203 стебла марихуана,зошто се тие силни притисоци,дали сте свесни дека секоја чесна и поштена личност ја предизвикувате да се сомнева дека СДСМ се финансира со произвотство и трговија со ДРОГА.
Од мене, 27.07.2010 10:12:50
Детска радост 2010.....пуштен на слобода одгледувач на канабис-РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ..... Вака ли се охрабрува овој народ да заработува преку недозволено одгледување на канабис.Засрами се Г-не Бранко.
мене, 27.07.2010 10:18:30
Сакам Да Садам Марихуана Битолски огранок на СДСМ
pero, 27.07.2010 10:27:18
Narodot 5 veka tursko izdrzal, taka sto stanal dosta zilav. A turskata vlast vekje ja nema...
farmer, 27.07.2010 10:33:11
НА "ФАРМЕРОВ" НЕ МУ Е ЧИСТА СОВЕСТА !
Ред се редат мале, 27.07.2010 10:41:46
„Сега Душко пиеше, на кого му е редот?“ Ама, Душко не пиеше!!!
tihi, 27.07.2010 10:42:31
Kolku sto jas sum primetil ,lugje domakini ne dozvoluvaat vo svoite nivi so kompiri da im raste treva od 2 metra i plus da ja navodnuaat. Ili vo Bitolsko taka se odgleduvaat kompiri.Sekoe selo svoi obicai si ima.Ili Grujo im podmetnal treva od 2 metra , a ovie kutrite neprimetuvajki ,ja navodnuvale.
jas sum dusko, 27.07.2010 10:44:52
grujo prizna deka dusko ne sadi droga sega na red e biciklata da kaze deka banko sadel kanabis sativa bravos za bane golem maher nasadil 207 stebla kanabis sativa ajde bicikla edvaj cekam da te vidam na televizoro
Нарачка, 27.07.2010 10:47:57
Ovaka se gradi kariera. 100 grama molam!
Активист, 27.07.2010 10:50:44
Последните коментатори се јавија со свој коментар,по директива,како партиски вувузели.Бараат институциите да решат,а тие веќе користат термини како одгледувач на канабис,наркодилер итн.Дури свој заклучок даде и полуписмениот дедодимо! А “мене“ виде колку подшчка имаа Илиевски од народот во Битола,а колку излегоа на нивните “невладини“ протести!Двајца без тројца! Бедно,портокалчиња!
mica, 27.07.2010 11:11:09
a bre malku od malku da ste pismeni ke znaete dekae pusten da se brani od sloboda ,a dali e kriv ili ne e ke odluci sudot.marihuanata vo negoviot dvor ne ja sadel gospod.
Трпе, 27.07.2010 11:18:31
Шилото влти,влти и излегува на вистинската страна.Треба некој да свати дека диктатурата е лоша работа.Дали некој што сака да биде диктатор,тоа го прави од незнаење или некој со неговите неспособности си подигрува.Кои му се тие толку способни советници?
od marika, 27.07.2010 11:58:52
Bravo Tihi .vistinskite zemjodelci koi znaat sto e maka si gi sadat nivite i gi cistat od treva.A ovaa na mlekarite ispadna deka i ,,trevata,, im e bitna za da preziveat. A se znae od taa treva kako se prezivuva.Sramota za nivnata familija i podrzuvacite od Familijata Druzinata bratsko steblo >SDSM .
od nadvor, 27.07.2010 12:14:08
Zabeležav, deka vo ovoj slučaj (što, se nadevam, srekno ke se završi!!!) se mešale dve raboti: edna grupa čitateli pišuvale - prema svoj pogled - deka Ilievski se (ne)zanimavale so odgleduvanje na marihuana. Druga grupa "plačeše", kako drogata gi uništuva decata, da se vodi račun za da ne se širi narkomanija, glavno megju mladite, i da se kaznat dileri - no toa voopšto nemaše vrska so slučajot na Ilievski!! Tuka se rabotaše za toa, dali se vinovni ili ne! Dali se narkodileri, ili ne! Dali se uhapseni po pravo, ili protivpravno!! Koj saka, da rešava za širenje na koristenje na droga, tuka na toa ne mu beše mesto. Nazad kaj Ilievski: mislam, deka slučajot voopšto nee završen! Se nadevam, deka lugevo ke se oporavat i ke se sredat, oti, pogotovo za tatkoto i za majkata, seto ova moraše da bide košmar. Im poželuvam zdravje i sreka na site, plus i na site dobri luge, što stoele i ke stojat i ponataka pokraj niv. Pozdrav.
BT, 27.07.2010 12:15:42
Opozicijata konecno po dolgi godini dobi nekoj koj zasluzil da bide prv na listata.
Никола, 27.07.2010 12:16:57
Како тоа ``Мојата фамилија до ден денес ниту беше притворувана ниту имаше црна дамка`` Вели Душко??? А досието од мвр вели седум кривични пријави и осуден на условно??? Кој да му верува??? Нормално само сдсм, А1 и утрински!!!
Slavko:Mirko,pazi metak ! Mirko: hvala Slavko, 27.07.2010 12:28:15
Mislam deka liceto B.C.so svoite kompanjoni od Bitola a se so cel da mu nasteti na cenetiot ni nas premier ja ima nasadeno trevata vo nivata na Ilievski i sega vidi bezobrazluk: em mlekar ,em diler , ali ne da se goca ......smesno cirkus bate.......
reks, 27.07.2010 13:05:19
pozdrav od vevcani.inaku ovde imame mnogu brosturi posebno vo vlasta vreme e da se odkopacet
koj e sledniot?, 27.07.2010 13:09:58
Koj e navistina sledniot???? Buckovski, Zaev, Dusko...... Ne se pojavuvajte nitu vo blizina na SDSM meeting ! Ama dosta e za letovo, neli? tuku, segata nastrana... (so seta pocit kon zagrozenite, za pretrpeniot stres, nivni i na nivnite semejstva, pa i za posirokata odmalku svesna javnost)
блаблагер, 27.07.2010 13:23:59
Бранко : Дуле, ај сега да частиш по една траварица. Душко: Немам ни трава ни траварица. Бранко: Шо бе немаш, тоа на Грујо да му раскажуваш.
vlado, 27.07.2010 13:56:43
ako stvarni tepale vo policija,nekij ke treba da odgovara
velesanka, 27.07.2010 14:31:51
Sepak nesto trgna od mrtvata tocka ,im posakuvam dobredojde na semejstvoto ILIEVSKI i sekako golema blagodarnost do site gragjani sto gi podrzaa na protestot.................prodolzete go zivotot cesno so rabota i pruzete im ja seta toplina na vasite decinja.
Rade, 27.07.2010 14:31:55
Do Mica :Ne znam kolku ili voopsto znaes nesto od strana na prirodata ili biologijata ama po komentarot sto go napisa izgleda nemas pojma od dvete raboti.Kako sto pcelite gi oploduvaat cvetovite taka i Gospod moze da nasadi sekakvo rastenie duri i na tvojata terasa ako zivees vo nekoja opstestvena zgrada.(ako ne znaes ne pisuvaj).
dbreak, 27.07.2010 15:05:08
SAMO NAPRED DUSKO
do dedo domo, 27.07.2010 15:07:50
Мучни ја маку главата! Ако некој некого обвинува, докажува тој што обвинува. А не, јас ке те обвинам дека си криминалец, а ти докажи дека не си. Кога ке си помислам дека сите ВМР-овци се вакви, како тебе, знам што ја чека Македонија-ПРОПАСТ!!!!
Goki, 27.07.2010 16:06:21
Dusko - noviot pretsedatel na SDSM. Napred dusko! Mlekar / Narko Diler toa e biznismen

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |