11.05.2012, 17:23 Премиера на два кратки филма во кино „Милениум“
Современата македонската кинематографија го продолжува својот подем со „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ и „Материјал за аудиција“
Современата македонската кинематографија храбро го продолжува својот подем низ новите два кратки играни филма - „Материјал за аудиција“ во режија на Ѓорче Ставрески и „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ на Bардан Тозија, кои вчера беа прикажани во киното „Милениум“ во Скопје.
„Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ е приказна за еден млад човек. За Петар. Еден Петар на кого секој следен ден во животот му е полош од претходниот. Што значи дека секој нареден ден е најлошиот ден во неговиот живот, се' додека... еден ден не се појави еден таинствен, нем гостин кој го удира Петар по глава со чадор. Тој го удира и удира, без намера да престане. Што и да направи Петар за да се ослободи од оваа напаст, необичното човече е постојано тука. Човекот кој Петар ќе го ослободи од Петар. Овој 15-минутниот филм е во продукција на „Наше Маало“ .
Во „Материјал за аудиција“, кој е со исто времетраење, е во продукција на „Трис филмс“. На почетокот на филмот и на денот во филмот, воедно, газдарица го замолува својот потстанар, трубач кој во тој ден има важна аудиција, за навидум едноставна услуга: да ги префрли нејзината пријателка и ќерка некаде во градот. Следуваат низа непредвидливи драматични настани за него кои ќе му послужат како инспирација на неговата аудиција. Режисерот на овој краток филм е Ѓорче Ставрески на кого ова му е трет краток филм најави дека во тек се преговори за проекција на овие два кратки и прилично зрели филма на повеќе фестивалски програми во светот. (Д.Л.) |