Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
11.05.2012, 16:33

Легендарна поп-шминка во жестока акција

„Дјуран Дјуран“ е култен британски бенд од 80-тите години на минатиот век, чии концерти со нетрпение се очекуваат од милионска публика

Подготви- Валентина Тодоровска


Веста дека ќе ги чуеме и видиме „Дјуран Дјуран“ одекна повеќе отколку новите случувања во харемот на Султан Сулејман, што потврди дека се' уште не потонавме во шаренилото на турските ТВ-новели. Шегата на страна- како што известија од „Авалон продукција“, ќе ги имаме на 7 јули на скопското Кале, што е неполни три недели до нивниот настап на отварањето на Олимпијадата во Лондон, а во меѓувреме ќе имаат настап и на фестивалот „Егзит“. Старите шминкери повторно во акција!

За нив се зборува се' и сешто ама евидентно е дека „Дјуран Дјуран“ има дискографски багаж од 80 милиони плочи, и дека токму овој бенд изменил животни приказни на нивната огромна армија на фанови.

Првин за името - почнаа како „Rum Runner“, ама понесени од впечатоците од филмуваниот стрип „Барбарела“, односно лудиот научник Д-р Дуранд Дуранд понатамошната кариера ја градеа како „Дјуран Дјуран“.

Во текот на кариерата, бендот беше познат по совршените радиски поп-песни, впечатлив изглед и гламурозните видеоспотови, меѓу кои последниот, снимен за песната „Giril Panic!“. И само на нив им личи убавиците како што се Јасмин Ле Бон, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Ева Херцигова и Хелена Кристенсен да влезат во фазонот како да се членки на бендот. Нешто како - сличен (убав) на сличен му се радува!

„Дјуран Дјуран“ важи за етаблиран британски њувејв-состав што се памети по извонредните хитови и по тоа што се вистински пионери во областа на видеорешенијата.

Членовите на групата се предводници на њуромантик-бендови и знаменосци на втората британска музичка инвазија на САД, каде што имаа голема помош од музичкиот канал Ем-Ти-Ви. Иако ги идентификуваат како бенд на 80-тите, тие можат да се пофалат и со продадени над 80 милиони копии во светот и имаат дури 18 хит-сингла, меѓу кои и нумерите „Rio“, „Hungry Like the Wolf“, „Is There Something I Should Know?“, „The Reflex“ и бондовската „A View to a Kill“, тие во 90-тите се прославија со сингловите „Ordinary World“ и „Come Undone“, „Sunrise“ и „What Happens Tomorrow“ по 2000 година.

Се' започна со мини-формација на клавијатуристот Ник Роудс и басистот Џон Тејлор, на кои набргу им се придружи и тапанарот Роџер Тејлор, гитаристот Енди Тејлор и пејачот Сајмон Ле Бон. Иако бендот никогаш сериозно не се распаѓаше и делеше, сепак постојат персонални промени што се случуваа низ годините. Највпечатливо е повторно собирање на оригиналната петорка во 2000 година што ја разбранува јавноста и ги раздвижи фановите низ целиот свет. Нивната магија не исчезна, напротив. Повторно се семоќни во обединувањето и препознавањето на музиката, енергијата и стилот.

Гледано отстрана, нивните спотови најмногу им помогнаа да се вивнат во светската музичка индустрија. „Дјуран Дјуран“ одеа на поостар поп-сензибилитет отколку нивните врсници „Спандау балет“ и „Ултравокс“.

Сајмон Ле Бон (1958) главниот вокал и текстописецот целиот свој живот го помина во Лондон. Тој дојде на местото на пејачот Стефан Дафи во 1978, кога и бендот стана позабележлив. Тогаш се случи моќен звук, со варијации на диско, фанк и електроника, што во базата ја имаат силната рок-ритам секција. Им се совпаднаа ѕвездите на сите - трагаа да бараат харизматичен вокал, а Сајмон беше подготвен за нешто ново. Се прераскажува дека на аудицијата се појавил со розови панталони со апликации на леопард и со огромна збирка на напишани поеми, кои во меѓувреме станаа текстови за песните на „Дјуран Дјуран“. Иако планираа летото да биде пробно, имаа среќа со потпишувањето договор со „ЕМИ рекордс“, па така Сајмон никогаш не се врати на својата актерска кариера. Прв албум „Дјуран Дјуран“ беше издаден во 1981, а секој нареден беше проследен со жестока медиумска кампања и промоции, и сите финишираа со долги концертни турнеи.



Ник Роудс (1962) е клавијатуристот на бендот уште од 1980. Иако се пишува дека „Дјуран Дјуран“ е бенд кој создава заеднички, а и нумерите се тимска работа, сепак, многумина веруваат дека токму Ник е потписник на многумина. Како самоук музичар, тој обожавал да експериментира со аналогните сајзери и во користењето на несекојдневните и вонсериски семплови и звуци кои ги одвојуваа од другите „синтетички“ бендови. Неговите аранжмани биле полни, комплексни, со многу делчиња и звучни богатства, а тој продолжува со својата мисија и во новата ера на „Дјуран Дјуран“.



Енди Тејлор (1961) е гитаристот а вклучително и пејач и автор. Свири гитара од 11 години, свирел со десетици бендови по пабови и воени бази, а му се приклучи на „Дјуран Дјуран“ во 1980. Во паузата која настана со „Дјуран Дјуран“ тој се здружува со басистот Џон Тејлор, Тони Томсон, и пејачот Роберт Палмер во бендот „The power Station“. „Дјуран Дјуран“ го заменува со Ворен Какарило, но набргу ја чувствува неговата отсутност. Не е секој заменлив! По неколку со сила направени песни, разминувања и заминувања, Енди е повторно со нив во новото собирање во 2000 година.



Џон Тејлор (1960) е басист и главната врска за нивното повторно собирање, а ако судиме реално, Тејлор е можеби и најсаканиот и најобожаваниот член на „Дјуран Дјуран“. Со нив активно свири од 1978 до 1997, кога прави пауза и се посветува на својата соло-кариера и актерската игра. Тој објави неколку изданија, а имаше и значајна улога во филмот „Sugar Town“. Џон е основач и на бендовите „Power Station“ и „Neurotic Outsiders“.



Роџер Ендрју Тејлор (1960) е движечка сила и вљубеник на тапани од 12-годишна возраст. Тој ги посочува Пол Томсон од „Рокси мјузик“, Чарли Вотс од „Ролинг стоунси“ и Тони Томсон од „Шик“ како негови идоли. Често бил потценет од критичарите, но секогаш преовладуваше неговата силна појава со нападната шминка и декадентна фризура. Како што растеше и созреваше бендот, токму неговиот хумор и харизма станаа знак на препознатливост на „Дјуран Дјуран“.


Статијата е прочитана 233 пати.

Испрати коментар



Леди Гага во „Симпсонови“
Почина таткото на „цедевита“
Премиера на два кратки филма во кино „Милениум“
Ретки се дамите што достоинствено си го носат стилот
Се одморам дури и кога трчам по Андреја
Стружанец наследник на Гарката, најголемиот копаничар
Престанете да не брукате!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска

 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Недела
Ветровито
Макс: 22°C, Мин: 7°C

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |