Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
11.05.2012, 16:28

Саботни муабети

Престанете да не брукате!

Огнен Јанески

Леле луѓе, што направив! Промовирав нова ѕвезда! Личност која не ни беше позната досега на македонската естрада. Ви ја претставив ГУЛАБИЦА!

Ако се прашувавте кој јавно ја објави за прв пат на интернет-страница и од каде почна се', еве се пријавувам за виновен! И жалам, но и се извинувам.

Утрото на Ѓурѓовден, или според Мелита Ракичевиќ "СВЕТИ" Ѓурѓовден, си станав рано-рано и како и секој нормален граѓанин на оваа држава, без разлика на вера, нација, пол, сексуална определба, работен и брачен статус - си седнав на Фејсбук, прописно да си го одработам својот ден на профилот, зашто Фејсбук одлучи да ми воведе "Времеплов" (Тајмлајн), кој што не го разбирам.

И читајќи ги пораките, една личност ме имаше поздравено во Инбокс, со видео-запис кој носеше наслов "Нека грмат громови", а пред тоа беше наведено "Гулабица". Прво што ми дојде на ум беше дека можеби е некој производ од соседните поранешни СФРЈ-држави, но, кога ? го посветив комплетното внимание, држејќи ја шолјата со кафе в рака, само што не го истурив утринскиот кофеин, слушајќи нешто што е "Маде во Мацедонија"! Та таква креативност во само еден музички производ, и очи промива- и уши одзатнува- и уста подзинува!

И ми загрмија громовите. Едноставно бев сигурен дека ѕвездата е родена, и дека тоа е новата сјајна комета во Македонската република! И како што би реагирал секој нормален корисник на Фејсбук, така и јас одлучив да ја споделам Гулабицата на мојот профил, а и да објавам статија за неа, на интернет-портал. Но, никогаш немаше да претпоставам дека откако ќе го посветам целиот ден на нејзиното творештво од ДВЕ цели песни, ќе посакам да поднесам барање до надлежните во државава, денот Ѓурѓовден, да го преименуваат во "Пресвета Великомузичарка Гулабица", зашто само тоа и заслужува, откако целата нација се сплоти за едно нешто и тоа без разлика на нивната партиска припадност, а тоа беше споделување на музиката на Гулабицата.

И с? уште грмат громови низ државава. Никој не се грижи за ништо, освен за нејзините ексклузивни интервјуа што почна одеднаш да ги дава за медиумите.

Никој не се грижи што младите не знаат што е денот 9-ти Мај и што мислат дека с? што се случило на тој ден е трката на келнери, а и никој не се грижи што деновиве се во знак на организација на протести и на уникатната македонска измислица "контра-протести", од кои ни зависат многу работи месецов. Дури и тетка Опи е засенета од Гулабица - колкумина од вас знаат дека таа замина за Азербејџан на Евровизија во петокот? Едноставно сите се обземени од појавата во јавност, на инспирацијата на стенд-ап комичарот Марјан Г., за ликот "Изронатата во суратон"! А доказ е и бројката од над 150 илјади прегледаност на ЈуТјуб.

Па мили мои! Зарем не сфатив и јас и сите вие, откако ја направивме ѕвезда Вале од Велес алијас Гулабица, дека вниманието си го насочуваме кон сосема погрешни нешта? Дека на ѕвездите кои реално ги имаме кај нас не им даваме доволно внимание како што истото го трошиме за Гулабица, Кешдријана, Менаџер, "убиствениот спот" на Елвир Мекиќ? Треба да разбереме дека не сме само ние што се зафркаваме интерно во Македонија, туку и отстрана некој тоа го прави, но во случајот истакнува дека Гулабица е од Македонија, а не како нас, кои се скаравме за тоа дали била Битолчанка, зашто во последно време градот на Конзулите, се претвори во град на шунд-пејачките (со чест на исклучоци). Дури работите кај некои посамосвесни луѓе, отидоа дотаму што побараа со Закон да се забранат ваквите вандализирања на македонското уво. Мислам дека е време да се покрене кампања која би имала вистински гулаби како симбол за мир, со вистински даден кеш, одработена од вистински менаџери и конечно да се сплотиме за едно - да си ја зачуваме културата на ниво, на коешто заслужува.

Кампањата предлагам да ја именуваме според стих од "Нека грмат громови", односно "Како јас да заспијам?", бидејќи јас вистина не знам како да заспијам, знаејќи што ни' претставува задоволство да коментираме, со тотален хејтеризам, овозможен за секого, преку социјалните мрежи. Јас сфатив дека згрешив, а вие?


Статијата е прочитана 2015 пати.

Испрати коментар



Леди Гага во „Симпсонови“
Почина таткото на „цедевита“
Премиера на два кратки филма во кино „Милениум“
Ретки се дамите што достоинствено си го носат стилот
Се одморам дури и кога трчам по Андреја
Легендарна поп-шминка во жестока акција
Стружанец наследник на Гарката, најголемиот копаничар



Biljana Naumovska, 12.05.2012 19:09:50
Sekoj moze da se prelaze. Za vkusovite ne se diskutira mozebi nekomu ke mu se dopsadne Gulabica
Лек(тор), 12.05.2012 19:20:37
Момче, поентата на колумната е океј. Дај малце, подружи се со правопис, немам други замерки.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска

 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Недела
Ветровито
Макс: 22°C, Мин: 7°C

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |