Иванов му го честита Денот на независноста на Обама
04.07.2011, 14:46
Претседателот Ѓорге Иванов испрати писмо до американскиот претседател Барак Обама со кое му го честита националниот празник на САД, 4 Јули.
"Дозволете ми, во мое лично име и во име на граѓаните на Македонија, да Ви посакам Вам и на американскиот народ најсреќен Четврти јули", вели Иванов.
"Пред две децении, македонскиот народ, исто така, донесе историска одлука за самостојност, независност и сувереност. Господине Претседателе, задоволен сум од досегашното ниво на македонско-американски односи и соработка, и во овој свечен момент за Соединетите Американски Држави би сакал да изразам очекување за натамошно продлабочување на пријателството меѓу нашите две држави", додава македонскиот претседател во честитката до американскиот колега.
|