Младиќ отстранет од судницата, одби да се изјасни за вината
04.07.2011, 12:00
Поранешниот воен командант Ратко Младиќ денеска во 10 часот во хаг, повторно имаше можност да се изјасни по обвинението за воено злосторство. Но, рочиштето се претвори во вистински циркус, а Младиќ е отстранет од судницата откако неколкупати го прекинувал судијата Ори, за на крај да вика на него.
Младиќ не сакал да ја извади капата, се жалел дека му студи, си довикувал со некој кој седел во галеријата за публика, зборувал дека не му дозволуваат да се одбрани и барал од судот веднаш да му ги додели адвокатите кои тој ги барал- Милош Шаљиќ и Александар Мазјајев.
Но, ништо од тоа не делувало, а додека судијата го читал обвинението, Младиќ целосно ја загубил контролата. На судијата му викал дека попусто чита зашто ништо не го слуша. По ова, судијата Алфонс Ори побарал од стражарите да го исфрлат од судницата.
По паузата, судијата продолжи со читање на точките од обвинението и по основ на Правилникот за постапка, констатирал дека обвинетиот се изјаснува дека не е виновен.
|