|
|
|
|
|
|
Фреквенција звучна
Со уметниците како со карго-транспорт
Тина Иванова
Да се биде уметник во нашава држава, понекогаш значи да си таму подолу. Ако може и најдолу. Системот, институциите не толку ретко оставаат да те газат, понижуваат, да ти го земат достоинството. Колку ова и да звучи необјективно, колку општеството да има почит и надлежните да создаваат услови за културата и за уметноста, одвреме-навреме токму тие не' шокираат со третманот кон припадниците на оваа наша елитна фела.
Деновиве сме сведоци на едно катастрофално патување на уметници, кое треба да ги засрами надлежните институции за култура. Голем број членови на ансамблите на Македонската опера и балет, оперски солисти, музички, балетски и хорски уметници, беа измалтретирани во чинот да ја претстават македонската култура во најдобро светло. Заминаа на гостување во Франција, во градот Безие, на повеќе од две илјади километри оддалечен од Скопје, каде што во рамките на традиционалниот фестивал „Кантарена“ во славната „Арена на претставите“ требаше да ја изведат гра��диозната „Кармина Бурана“ од Карл Орф. По дводневно патување со два автобуса, од кои едниот се расипал на половина од бескрајно долгиот пат, без соодветна климатизација во екот на летото, сместени во руиниран ученички интернат со хигиена на најниско ниво, уметниците логично манифестираа револт. Уморот, психичката и физичката исцрпеност, а на крајот и стапнатото достоинство беа повеќе од доволна причина тие, сепак, да го откажат настапот. Иако, до последен момент се колебаа дали да замижат по се', да ги кренат главите и да застанат на сцената изведувајќи ја претставата со последни сили. Само за да ги претстават својата матична куќа и својата земја гордо на ова прво гостување на македонски ансамбл во овој далечен францускиот град.
Вака, некако идентично, само во „домашни“ услови, веќе со години им се случува и на членовите на Македонската филхармонија. Секоја година за отворањето на престижното „Охридско лето“ на кое гостуваат врвни уметници од странство и кои домаќините ги дочекуваат со широко отворени раце, музичарите од Филхармонијата се принудени самите да си бараат сместување, приватно, нагрбени со своите инструменти талкајќи низ охридските калдрми во потрага по „имет соба“. Во тие фестивалски охридски денови се случува катагодишната јулска авантура на македонските филхармоничари. Па, наместо концентрацијата за претстојниот настап, за интензивните претконцертни увежбувања, нивните главни реплики се преокупациите за тоа кој каде се сместил, во каква соба, со каква бања, а не ретко и дали некој воопшто ќе има каде да преноќи. Во отсуство на најелементарното остварување на својата функција, и ова лето се чини ќе бидат препуштени на самоснаоѓање.
Од се' најмногу секако се несфатливи парадоксите. Оној некаков „приватен“, селективен однос на институциите спрема уметниците. Реперот како да е политичката верност, а не уметничкиот дострел. Има, потврдува критиката, некои „уметници“, кои со ништо не ја заслужиле својата титула, се форсирани, величани, наградувани од страна на државните институции. Форсирањето без уметничка заднина и квалитетен багаж, создава искривен вредносен суд во широката и културолошки недоволно едуцирана јавност. Од уметноста често вештачки се создава естрада, која незаслужено се поместува кон врвот на квалитативната уметничка скала.
На сметка на тоа, „страдаат“ и неоправдано се запоставени уметничките души со вистински вредности и со единствената „мана“ што не умеат, не се скроени, немаат дарба да се лактаат партиски. Страдаат тие, страда и уметноста, се губат критериумите за вистинските вредности. Се потценуваат и се понижуваат нивната уметност, нивните дела. Системот, одговорните што треба да ги креираат условите и да ги одредат реперите на вредносните судови ги попречуваат нивните творечки потенцијали и ги повредуваат нивните кревки емоционални пориви. Па, наместо да ја возвишуваат нивната уметност, ја деградираат нивната личност. И, наместо нивниот творечки напор да резултира со некоја брилијантна творба, тие страдаат соочени со бизарни ситуации.
До кога државата ќе „паѓа“ на испитот на сопствената неопитност? Во денешно време, во услови на мноштво агенции за посредување на се и сешто, белки може и грижата за баналните организациони работи да им се препуштат на за тоа професионални компании. Македонските уметници, македонските уметнички колективи, да не бидат повеќе малтретирани и понижувани. Од државата, од нејзините надлежни институции, од одговорните во нив, се очекува да бидат нивниот вистински закрилник.
Живата култура, уметничкото творештво тоа го заслужуваат. Нужно е само малу повеќе внимание кон уметниците. Тие се приоритетот при креирањето на културната политика и создавањето на национална уметност и култура. |
#
|
Статијата е прочитана 1063 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 04.07.2011 07:55:39 |
|
Како да им се објасни на нашите уметници?Декаљ нашето министерство за култура под култура подразбира само градење на споменици и извртување на историјата.А ги бива и за водење војна и тоа вербална.Сега ке се судат со француските организатори.Бре мајката,грозјето било зелено. |
|
|
|
|
|
|
Од: Срамота за Франција |
Датум: 04.07.2011 08:40:06 |
|
Французите толку се мултикултуризираа што изгледа повеќе не им треба култура. Но, не само како културни работници, се посрамотија и како домаќини. Ни еден гостин во Македонија ние не би го оставиле така. Срамота за „европската“ Франција. |
|
|
|
|
|
|
Од: Музичар |
Датум: 04.07.2011 08:55:14 |
|
Тина Иванова повторно со дезинформации, односно со оние информации кои и ги пренеле неколку "бунтовници" од оркестарот кои ја искористија оваа прилика за свои лични амбиции. Точно е дека првото сместување не беше адекватно, но само поради фактот што немаше ВЦ во секоја од собите, туку само купатило, инаку во одлични хигиенски услови, но по интервенција на директорот Прошев по неколку часа (време потребно да се најде) бевме сместени во друго место, кое не беше хотел од 5 ѕвезди, но сепак пристојно, чисто со сите услови. Што се однесува до храната не е точно дека бевме оставени без храна, туку се однесувавме невоспитано и не ни се допаѓаше местото каде беа организирани оброците, незнам зошто. Сиве овие негодувања беа само изговори, но по никоја цена смееше да не се настапи на вакво престижно место каде диригирале уметници од калибарот на Сен Санс. Ја посрамотивме Македонија, нашата Опера и пред се' Оркестарот со овој наш гест. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nenad |
Датум: 04.07.2011 09:01:47 |
|
Cestitki za novinarskata inicijativa Ivanova! Odamna MOB treba da pretrpi korenito "provetruvanje" vo strog revizorski manir. Da vidime zosto tolku dolgo solisti se proglasuvaat bez audicija, resenija se delat bez zavrsena Akademija, a kvalitetni, akademski obrazuvani umetnici do besvest se drzat kako "honorarci"! Za sekoj novinar so i malku istrazuvacka energija MOB e edna strasno blagodarna tema. Samo hrabro... |
|
|
|
|
|
|
Од: Anonimen |
Датум: 04.07.2011 09:18:44 |
|
Nevistini!!! Nekolku lugje od orkestarot organizirani od Oliver Arsovski (bivsiot direktor na MOB) pravat se za da se vrati Arsovski, taka sto ovaa cela situacija e za da se urne Proshev, neka ne ve lazat Ivanova. Tie lugje uste pred da trgnat go organizirale seto ova i edvaj cekale pricina za da ne se nastapi da go nagovorat celiot orkestar. Se nadevam deka ke letaat otkazni resenija za vakvite i da se stavi kraj ednas zasekogas na vakvite lugje vo MOB. |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 04.07.2011 09:31:48 |
|
Sè sto pisuvate se fakti-od koi direktorite na instituciite,na fest.Ohridsko leto,vrabotenite vo ministerstvo ne mozat da izbegaat!
Neka kazat eden primer vo svetot-dali vaka se tretirani UMETNICITE-SRAMOTA!NE E SAMO DIREKTOR DA BIDES I DA SE SLIKAS PO VESNICI!NELI GI VIKAAT PO NOVO MENAGJERI-ZA STO SE MENAGJERI?!DA POTPISUVAAT PLATA SO PARI OD MINISTERSTVO I TUKA ZAVRSUVA SÈ!Ke doznae premierot deka umetnicite sekoja godina sami si baraat smestaj vo Ohrid-a odat sluzbeno.A,toa sto im se desi na MOB-E BUMERANG STO ORGANIZATORITE NE ZNAAT STO E UMETNOST I OVOZMOZUVANJE NA NORMALNI USLOVI ZA UMETNICITE!BRUKI EDNI...Sè sto pisuvate se fakti-od koi direktorite na instituciite,na fest.Ohridsko leto,vrabotenite vo ministerstvo ne mozat da izbegaat!
Neka kazat eden primer vo svetot-dali vaka se tretirani UMETNICITE-SRAMOTA!NE E SAMO DIREKTOR DA BIDES I DA SE SLIKAS PO VESNICI!NELI GI VIKAAT PO NOVO MENAGJERI-ZA STO SE MENAGJERI?!DA POTPISUVAAT PLATA SO PARI OD MINISTERSTVO I TUKA ZAVRSUVA |
|
|
|
|
|
|
Од: Valentina |
Датум: 04.07.2011 11:45:10 |
|
Tina BRAVO!!!Verojatno samo ti umees jasno i glasno da gi kazes rabotite i na krajot da se potpises so ime i prezime. Se sto e napisano vo tekstot e vistina koja se provlekuva godini nanazad, no poradi stravot za rabotnoto mesto umetnicite sekogas pred se i posle se ke si go progoltaat serviranoto. DO MUZICAR: Dosta se fakas za nebitni sitnici koga ne ja gledas a verojatno i ne ja razbiras sustinata na muabetov. Papucarenjeto nema da ti se isplati sekako. Otvori oci i prestani so obidite nekogo da izvadis od kal. |
|
|
|
|
|
|
Од: Stipjanec |
Датум: 04.07.2011 13:59:19 |
|
Sto da kazam? Deza vu! Rakovodstvoto ni e odlicno, da go smenime Narodot. Toj sekogas gi pravi beljite, za toa e maher. Da gi pronajdeme pod hitno "neprijatelite" koi go organiziraa ovoj bunt za da ne se prikaze Makedonija na ovoj festival vo nejzinoto vistinsko svetlo. Pa luge, ke izlezeme li ednas od ovaa agonija. Kazni, otkazni resenija, neplateni danoci, neposlusni novinari, ama sega i neposlusni solisti od MOB. Pravime Spomenici, postaveni vo stilot "komu ide", ama toa i ne e vazno, doagale Stranci da gi slikaat.
Siguren sum deka od MOB sme na patot da napravime VARIETE, pa ne ke morame da odime vo Francija, ke doagaat tuka Strancite da go slusaat Verdi, vo eden nov "makedo", stil. Ako ne nisto, i ovoj pat ke bideme Originalni i Kreativni.
Abre Makedonce, sto belja te najde!
Vo Evropa i NATO, ama so RAZUMEN kompromis. |
|
|
|
|
|
|
Од: Snezana |
Датум: 04.07.2011 14:27:35 |
|
Zatoa postojat turisticki agencii ... za da se grizat za se ... ama taka dzepovite na "organizatorite" nema da se napolnat kolku sto tie sakaat tuku kolku sto cini seto toa ... ama toa doprva ke go uci ovoj napaten narod |
|
|
|
|
|
|
Од: Unreal city |
Датум: 04.07.2011 15:39:01 |
|
Pofalba za muzicarot koj go ostavi komentarot pogore.
Ve molime za pogolema proverka na informacii pred da gi objavuvate. |
|
|
|
|
|
|
Од: Anonimen |
Датум: 04.07.2011 15:53:15 |
|
Zasto rabotite se tolku filuvaat bezpotrebno.Ova ima nekakva pozadina od unistuvacot na MOB, Oliver Arsovski, koj saka da pravi problemi i da ja crni rabotata na segasnata postava.Ispitajte dobro detalji , a ne vaka na spekulacii od nekoi luge koi edvaj cekaa samo da pravat skandal.Rabotite ne se bas taka crni.Pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: patriot |
Датум: 04.07.2011 16:58:18 |
|
Добро е да се знае вистината.Со такви директори (луге без уметнички и друг авторитет)на нашите кајважни Национални институции од културата,нормално е да се оди во амбис. |
|
|
|
|
|
|
|
|