Број 3621  понеделник, 04 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Џуди Денч е вистинска дама

Отворањето на Фестивалот во Карлови Вари помина во знакот на вонземјани, со одлична сценографија, музика и стил

Од нашиот известувач
Сунчица Уневска


КАРЛОВИ ВАРИ - „Сер Џон Гилгуд еднаш ми рече дека ако добијам награда, тогаш тој ден навистина треба да уживам и да славам. Но, утредента тоа треба да го заборавам и да се обидам да бидам уште подобра. Затоа, мој боже, денеска целосно ќе уживам во оваа прекрасна награда”, рече големата британска и светска ѕвезда Џуди Денч на отворањето на 46. Филмски фестивал во Карлови Вари, Чешка, на кој и беше врачен „Кристален глобус“ за животно дело. Седумдесет и седум годишната Џуди Денч, која и официјално ја доби титулата „дама“ од британската кралица, навистина се однесува како вистинска дама. Одмерена, скромна, почестена, но секогаш мислејќи и на другите. Таа зборуваше многу кратко и веднаш му отстапи простор на режисерот Кери Фукунага со чиј филм, „Џејн Ејр“ во кој игра и Денч се отвори Фестивалот.

А Фукунага рече дека бил неверојатно изненаден од Денч на снимањето на филмот, во кој таа ја толкува госпоѓа Ферфакс. „Очекував дека по 50-годишна кариера Џуди Денч ќе биде професионална, но и дека рутински ќе го одигра својот дел. Но, бев силно изненаден, бидејќи, иако играше покрај доста млади актери, сепак, таа ја донесе целата енергија на светот“, изјави Фукунага. Инаку, овде сите се изненадени од изборот на Фукунага веќе со својот втор филм да прави адаптација на „Џејн Ејр“, со оглед на тоа што првиот „Син Номбре“ беше жесток и реалистичен филм за мексиканската ганг култура, во кој не работеше со професионални актери. Но, она што се издвојува во неговата „Џејн Ејр“ е улогата на младата Миа Васиковска од Австралија, која има само 21 година, и за која критичарите веќе се согласуваат дека е, дефинитивно, најдобрата Ејр иако во текот на сто години (првиот е направен во 1910 година во Италија) имало барем дваесет адаптации.

Самото отворање на Фестивалот помина во многу свечена и гламурозна атмосфера. Имено, организаторите бараа задолжително да се носат свечени тоалети за жените и костуми со врски за мажите. Чешката публика беше многубројна и многу, многу дотерана. Имаше црвен килим, пред хотелот „Термал“ каде што се одржува отворањето беше заградено, а народот упорно чекаше цела ноќ. Интересен е тој спој во Карлови Вари, иако Фестивалот се труди да му даде и виповски дел (сепак е Фестивал од А категорија), сепак, тоа не ја пореметува неговата луда, енергична, авангардна и независна атмосфера која му ја даваат младите, концертите, однесувањето и нивната огромна страст и желба по секоја цена да ги видат филмовите.

Фестивалот почна со доаѓање на вонземјани, односно со една откачена и интересна сценографија, направена со многу хумор, откачена музика, танц и стил. Тоа внесе одлична атмосфера, која беше надополнета со проекција на спотовите што Фестивалот ги негува од 1990-тите години и со сите добитници на почесни награди прави забавни спотови врзани со „Кристалниот глобус“. Тие се вртат секоја година пред филмовите, а ги има со Милош Форман, со Вера Хитилова, Енди Гарсија, Харви Кајтел, Јиржи Менцел, Џон Малкович, додека најновиот што ја имаше премиерата на отворањето беше со минатогодишниот добитник Џуд Лоу. Публиката беше воодушевена од идејата, кога на Џуд Лоу му паѓа знакот од неговиот „ролс ројс“ и наместо него, го става „Кристалниот глобус“. За следната година се очекува спот со Џуди Денч.


#
Статијата е прочитана 817 пати.

Испрати коментар

Од: vesna
Датум: 04.07.2011 13:48:30
Sekoja chest i na uspehot i na kulturata. I na skromnosta. Kaj nas vo RM ke ja narechea namesto damata - staricata. Toa me vadi ok koza.

Најди! во Утрински
Насловна
Кнежевството доби своја принцеза
Стариот лидер нова надеж за СДСМ
Белград - град на две големи реки
Гајдаџиите бараат ФНПИ „Пеце Атанасоски“ да понуди нов квалитет
Случајот на Строс Кан нејасен за француските правници
Монако - малку драма, многу сјај и уште повеќе пари
„Утрински“ не е дел од приказната на „Време“ и „Шпиц“
Дивата манекенка, конечно, се омажи
Татковски инстинкт
Новинарите од А1 на принуден одмор
Со уметниците како со карго-транспорт
Западот и Либија
Македонија ја доби амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина
Медиумски колапс
Сопругата на Бошкоски пријавила кражба на сеф со 3-4 пиштоли
Иванов му го честита Денот на независноста на Обама
Од скопскиот аеродром насекаде низ Европа
На Твитер се појави лажно соопштение дека починал Барак Обама
Карикатура
Бензините и дизелот поевтинуваат од 2 до 3,5 денари за литар
Почина големиот пријател на Македонија, Ото фон Хабсбург
Младиќ отстранет од судницата, одби да се изјасни за вината
Онлајн вести

"""