Бензините и дизелот поевтинуваат од 2 до 3,5 денари за литар
04.07.2011, 14:15
Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 2 до 2,5 денари, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари.
Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 73 денари.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе чини 63 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 54,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,04 денари и ќе изнесува 40,403 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 109,465 долари за барел и е за 7,03 проценти пониска од просечната цена по која беа формирани досегашните цени.
|