Свадба во Монако
Кнежевството доби своја принцеза
Еден од најзаколнатите ергени на светската листа на најпосакувани славни личности го загуби долгогодишниот статус. Принцот Албер Втори од Монако во изминатиот викенд се ожени. Новата монашка принцеза е долгогодишната девојка на принцот, Шарлин Витсток, бивша олимписка пливачка од Јужноафриканската Република.
Парот се венчаше на тридневна церемонија во Монако, каде што по цивилната служба во петокот, која и' претходеше на црковната венчавка во саботата, од малконот на монашката палата Грималди, поздрави повеќе илјади собрани граѓани и туристи. Свадбата чинела 60 милиони евра.
Мина премалку време (само два месеца) за да може да се избегне споредбата на двете кралски венчавки - она на принцот Вилијам и принцезата Кејт, со оваа на принцот Албер и принцезата Шарлин. Во споредба со грандиозната венчавка на Виндзорови во Лондон, кое преку малите екрани го следеа две милијарди луѓе, а на клучните позиции пред Вестминстерската опатија и Бакингемската палата имаше еден милион гледачи, оваа монашка свадба беше поскромна. Сепак, листата на гости, меѓу кои беа принцови, принцези, претседатели на држави и луѓе од џет-сетот потврдува дека, сепак, тоа е најголемиот настан во ова мало кнежевство, кој не мина незабележано ни во светот. Како контрапункт на величенственоста на свадбата во Лондон, монашката свадба веќе е опишана како поелегантна, а невестинскиот фустан на Шарлин Витсток како поубав од оној на Кејт Мидлтон.
Монашката невеста носеше венчаница без ракави, со долг превез, а со потписот на Џорџо Армани, кој и самиот беше гостин на церемонијата. Исто така, присутни беа и Карл Лагерфелд, потоа Роџер Мур, манекенките Наоми Кемпбел, Каролина Куркова и Викторија Силверстад. Свое мести меѓу 450 гости имаше и сопругата на некогашниот француски претседател Жак Ширак, потоа Никола Саркози, Жан Мишел Жар, кој настапи на првиот дел од свадбата, а беше присутно и шведското кралско семејство, како и најбогатиот Французин , Бернар Арно.
Сепак, Грималдиеви се венчаа во поинакви услови. Станува збор за кнежевско семејство на најмалата држава на светот (по Ватикан), а „принцот од бајките“ е 53-годишниот Алберт, кому иако ова му е прв брак, веќе со децении ги полни насловните страници на секогаш гладните таблоиди со своите тајни афери, неприфатливо однесување и вонбрачни деца.
Официјално има две деца со две различни жени, на различни краишта од светот, но пред свадбата се појавија гласишта за наводно трето дете, што оваа кралска свадба ја ставија под прашалник до самиот петок попладне кога 33-годишната Шарлин, во елегантен син костум, го кажа судбоносното „уи“. Тој одговор ја направи принцеза на најбогатата европска држава.
Во тој момент можеби исчезна сомневањето дека само еден ден претходно Шарлин била запрена на аеродромот во Ница, од каде имала намера да побегне во Јужноафриканската Република. Иако од домот на Грималдиеви остро ги негираат таквите тврдења, француските весници, меѓу кои предници „Л’Експрес“, кој прв ја објави приказната за побегната невеста, цврсто стојат зад своите уверувања.
Меѓутоа, како што изјави самата Шарлин, таквите приказни само и' штетат на нивната љубов и брак:
„Голем срам е што таквите гласишта дојдоа во најсреќниот момент на нашите животи. Категорично тврдам дека тоа се лаги и немам никаква желба да ги демантирам, освен да кажам дека фотографиите од мојот и Албертовиот бакнеж ќе бидат посилни од злонамерните и празни трачеви“ - тврди Шарлин.
Меѓутоа, многумина веруваат дека во трачевите, сепак, има и малку вистина зашто принцезата од Монако речиси и не се насмевнуваше во текот на двата дена од свадбата. Ниту, пак, штотуку венчаниот пар, за разлика од Вилијам и Кејт, изгледаше среќно и задоволно што ја крунисува својата врска.
Како и да е, во овој момент сите граѓани на Монако го посакуваат детето на Алберт. Доколку Алберт не добие наследник (иако има две вонбрачни деца, тие немаат право на наследство на престолот), тоа може да ја доведе оваа длабоко традиционална земја до уставна нестабилност. (Ј.П.)
Венчаница од 80 метри свила
Некогашната јужноафриканска пливачка, а од петокот принцеза од Монако, Шарлин Витсток, уште од самиот почетокот на подготовките на свадбата не криеше дека венчаницата ќе и' ја изработи Џорџо Армани. И на првиот ден од венчавката носеше негова креација. За белата венчаница се потрошени дури 80 метра свила, а на неа кројачките работеле 2.500 часа. Најмногу време одземало поставувањето на 40.000 кристали „сваровски“. Со фустанот без ракави одеше и дол бел превез. Косата и' беше врзана со кок и носеше едноставен бидермаер. |