Број 3621  понеделник, 04 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Почина големиот пријател на Македонија, Ото фон Хабсбург

04.07.2011, 12:44

Ото фон Хабсбург, син на последниот австроунгарски цар, и голем пријател и поддржувач на Македонија, почина вчера на 98 години во својот дом во Баварија.

За исклучителниот придонес за јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија и за промоција на нејзината европска иднина преку неговиот ангажман како претседател на Паневропската унија и член на Европскиот парламент македонскиот претседател Ѓорге Иванов го одликува со Орденот за заслуги за Македонија.

Тој во 2006 година го доби и престижното признание - Плакета и диплома "Борис Трајковски", што го доделува Паневропската унија на Македонија.

Ото фон Хабсбург е син на Карло Први, последниот император на Австро-Унгарија и наследник на династијата Хабсбург. Дал силна поддршка за независноста на Република Македонија и нејзин брз прием во ЕУ. Како израз на таа поддршка, својата прва од бројните посети на Македонија ја има набргу по независноста, во раните 90-ти години на минатиот век. Неговите потомци, синовите Карл и Ге��рг, како и една од ќерките - Валборга исто така се постојани поддржувачи на Македонија.

Роден е во 1912 година. По укинувањето на монархијата во Австрија и во Унгарија, заедно со семејството живеел во повеќе европски држави, а од своја деветгодишна возраст, по смртта на татко му, е носител на династијата.

Во својата политичка активност, Ото фон Хабсбург е познат како противник на фашизмот пред и на комунизмот, по Втората светска војна. За тоа добил смртна пресуда од Хитлер.

Фон Хабсбург бил пратеник во Европскиот парламент од редовите на германската партија ЦСУ од 1979 до 1999 година, а од 1973 до 2004 година и претседател на Паневропската унија, движење почнато во 20-ите години на минатиот век, кое се бори за обединување на европскиот континент, врз основа на заедничките вредности. Движењето, под негова закрила, активно учествува во уривањето на комунистичките режими во источна Европа, и особено во уривањето на Берлинскиот ѕид.





#
Статијата е прочитана 795 пати.

Испрати коментар

Од: dejan
Датум: 04.07.2011 13:53:31
Makedonija izgubi golem prijatel. Vecna mu slava

Најди! во Утрински
Насловна
Кнежевството доби своја принцеза
Стариот лидер нова надеж за СДСМ
Белград - град на две големи реки
Гајдаџиите бараат ФНПИ „Пеце Атанасоски“ да понуди нов квалитет
Случајот на Строс Кан нејасен за француските правници
Монако - малку драма, многу сјај и уште повеќе пари
„Утрински“ не е дел од приказната на „Време“ и „Шпиц“
Дивата манекенка, конечно, се омажи
Татковски инстинкт
Новинарите од А1 на принуден одмор
Со уметниците како со карго-транспорт
Западот и Либија
Македонија ја доби амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина
Медиумски колапс
Сопругата на Бошкоски пријавила кражба на сеф со 3-4 пиштоли
Џуди Денч е вистинска дама
Иванов му го честита Денот на независноста на Обама
Од скопскиот аеродром насекаде низ Европа
На Твитер се појави лажно соопштение дека починал Барак Обама
Карикатура
Бензините и дизелот поевтинуваат од 2 до 3,5 денари за литар
Младиќ отстранет од судницата, одби да се изјасни за вината
Онлајн вести

"""