На Твитер се појави лажно соопштение дека починал Барак Обама
04.07.2011, 14:28
Барак Обама беше објавен за мртов на Твитер, наведува електронското издание на Фигаро.
На почетокот на денот, преплатниците на емисијата Фокс њуз на Твитер забележале меѓу насловите дека претседателот на САД починал.
Лажната вест е дело на група хакери од Скрипт кидс кои упеале да влезат во компјутерскиот систем на телевиизјата.
Во првото соопштение немаше други информации, а подоцна појаснуваа дека станува збор за убиство и оти Обама бил застрелан со два куршума во вратот. Во последното соопштение му се одаваше поддршка на потпретседателот Џо Бајден. Профилот FoxNewsPolitics го следат над 33.000 луѓе. Телевизията не даде коментар.
|