|
|
|
|
|
|
Поглед
Татковски инстинкт
Љупчо Поповски
Се бара маж без деца, особено без малолетни, со желба за патувања и чести отсуства од дома за министерско место во новата влада - сектор надворешни работи. Ако македонската влада пред две-три години правеше кампањи за повеќедетни семејства и даваше примери преку своите министри и пратеници, па дури и премиерот, за зголемување на наталитетот на македонската нација, сега е време да даде оглас за пополнување на местата со луѓе без обврски, т.е. семејства што би ги извршувале високите државни функции за да се избегнат оставки и повлекувања поради разбуден татковски и мајчински инстинкт.
Прв што потклекна под товарот на семејните обврски наспроти државните е досегашниот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски. Младиот министер по пет години и по изминати стотици илјади километри по белиот свет во име на македонската кауза, сфатил дека татковството му е поважно од државата и се откажа од министерското место! Милошоски сега за да биде повеќе со својот четиригодишен син, ќе се задоволи само со функцијата претсе��ател на Комисијата за надворешна политика во Собранието каде што ќе ги сослоушува идните амбасадори пред да заминат од земјава. Тоа народски се вика од коњ на магаре, но дома си е дома, а татковството си е татковство.
Се надеваме дека примерот на Милошоски нема да ги стави на мисла другите млади родители-функционери, вклучително и премиерот, дали се добри татковци или мајки, па татковството да стане нов тренд во ново-старата влада. Кај ќе најдеме толку слободни функционери на кои нема да им биде проблем да отсуствуваат од дома. Затоа во огласот за новите министри безусловно да стои: работно време 24/7 во влада каде што светлата во канцелариите не се гаснат до доцна во ноќта. |
#
|
Статијата е прочитана 2333 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 04.07.2011 04:00:10 |
|
Navredliva analiza. Javna funkcija e vo sluzba na drzavata ne na funkcionerot. Zosto pod funkcija bi trebalo da se podrazbira kariera?? Povlekuvanje posle pobeda e mnogu pogolemo odkolku degradacija sto nekoj saka da ja prikaze kako takva. Ne mozete da smislite nikogo od vlasta duri i koga se povlekuvaat so integritet vo vreme koga treba da se grizat ne samo za vasite (site) deca tuku i za svoite. |
|
|
|
|
|
|
Од: koki |
Датум: 04.07.2011 07:10:47 |
|
ма какво татковство.....тоа се обични дрн дрн јариња........ човекот не може веќе да издржи меѓу чеканот и наковалната.........а слушам и добро профитирал во минатите 5 години..........Наздравје да ни е, по глата и капата рекол народецот............. |
|
|
|
|
|
|
Од: devicanecot |
Датум: 04.07.2011 07:38:43 |
|
Почитувани Љупчо!
Нели гледаш дека човекот не е кариерист..со самото тоа што си ја кажал вистината.
Ајде анализирај зошто Бучко предвреме не ја отстапи фотељата, а уште откако изгуби 2006-и со ѓаволот коалиција ќе направеше, само да останеше на власт.
Се, само за своја корист, а на штета на државните интереси...А најмногу на штета на својата партија.
Ајде сега. направи една Анализа во тој смисол???? |
|
|
|
|
|
|
Од: Револт |
Датум: 04.07.2011 08:08:16 |
|
Абе USA, гледам, многу често (се обидуваш да) коментираш, лаеш од далеку... типично за кербер на власта. Која бре победа?!? Со гебелсовите методи (таму барем народот видел аир, а нашиов?...)?! Со платеници/психијатриски случаи од типот на Латас или Миленко? Ајде бре! И, која грижа за деца? За нашите, за моите?!? Аууу, не сум забележал, дека некој од "патриотиве" се (обидел) да се погрижи за моето дете (уште помалку за мене!!!), напротив, со катастрофалната економија(?) и уништувањето на се што може да ни овозможи достојно (минимално!) суштествување, тие се најголемата закана за моето дете!!!. Како и ти, и јас не живеам во својата намачена татковина, избегав од таквите како што се твоите умопомрачени идоли, и сите "патриоти" од фелата на умоболната диктатура, за да не морам да го изложувам своето дете и себеси на прекумерна "грижа". Тажно, нели? |
|
|
|
|
|
|
Од: Realen |
Датум: 04.07.2011 08:12:58 |
|
ПОГЛЕДот ви е многу НАКРИВО. Срамота, зар и сега не сте задоволни, како што не бевте кога човекот беше министер.
И зар ова викендов беше најгглавна тема во државата... |
|
|
|
|
|
|
Од: lence |
Датум: 04.07.2011 08:24:35 |
|
"Tatkovstvoto" e samo maska da se izbegne pritisokot i stresot okolu promenata na imeto. Na sekoj malku pointeligenten vo RM ova mu e sosema jasno. Pa skoro site nie sme isto taka roditeli i toa ne na edno tuku na poveke deca, pa toa ne e pricina karierata da ja stavame na strana! |
|
|
|
|
|
|
Од: Jован АН |
Датум: 04.07.2011 09:15:05 |
|
Чуму толкав сарказам?Ако човек нема за што да пишува,не мора.Или мора поради хонорарот? |
|
|
|
|
|
|
Од: revoltirana |
Датум: 04.07.2011 09:16:28 |
|
Dosta si igrase drzava sega malku so sinot da i poigra.Megjuvremeno i treba da se pogrizi i za natalitetot.Site treba daa se odlucat posto se mladi na toj cekor,Znate nekogas na decata im skisnuva ista igra.Se sto e isto stanuva monotono i neinteresno. Neka si uziva so semejstvoto, ke se prozivee i bez nego.Vprocem tolku galama se krena pa toj e tuka vo parlamentot.Fala Bogu ziv i zdrav si e covekot.
|
|
|
|
|
|
|
Од: sindikalista |
Датум: 04.07.2011 10:50:18 |
|
Nikoj ne mozez da izdrzi tolku mnogu i tolku dolgo kako toj, iako obrazlozenieto e tenko za nas.
Ama, mesto da pisuvate za ova, odete denes na protest, podrzete go esnafot kako sto red - solidarnost! Za ova treba da ima zbor-dva vo site vasi tekstovi. Izmislete, za toj povod, edna recenica, moto, so koe ke go zavrsuvate sekoj vas tekst, bez razlika na koja tema e. Prvoto pravilo na PROFESIONALIZMOT e KOLEGIJALNOSTA. |
|
|
|
|
|
|
Од: Citatel |
Датум: 04.07.2011 12:03:19 |
|
Za mene novinarot si ja zavrsil odlicno rabotata- gi voocil rabotite sto ne se vo sklad....
I jas mislam deka normalno intelegenten covek ke sfati deka DPMNE sega e do zid_ ke mora da dadat soglasnost da go smenat imeto , vprocem isto onaka kako sto velea deka so teroristi nema da bidat vo vlada zaedno pa sega po vtor pat se... He he kako se velese toa aj kazete...
I tocno taka covekot znaed deka nesto nema da ide a navodnite pricini se samo MASKA Dragi moi |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 04.07.2011 13:21:31 |
|
Zosto navredliva analiza?!Mnogu luge vo ovaa zemja
so samopregorna rabota,za mali,ili nikakvi privilegii vo
odnos na ministerski,gi zapostavile svoite semejstva ,
svoite deca.Na nekoi,decava uste im se luti.Ne treba
oglas,kaj nas na pretek gi ima takvi,bez rabotno iskus
tvo i semejstvo na mnogu visoki pozicii.Sekogas za
mladite,no poumereno.Mteorite brgu gasnat!. |
|
|
|
|
|
|
Од: Александар М. |
Датум: 04.07.2011 13:42:04 |
|
А, ти бре Револт, имаш ли грам мозок во тоа тиквата? Кој е Гебелс во државава? Па знаеш ли дека Гебелс во гроб се вртел во задниве 15 тина месеци, од мака што ја немал А1 телевизија и баграта околу Сорос како најблиски соработници. Ќе го освоеле светот без испукан куршум.
P.S. Ќе ти помогнам да дојдеш до одговорот за тоа кој е Гебелс во Македонија: кобајаги новинар, све што фатил да води во оваа фела пропаднало, петтоколонаш на кој и прочуениот Квислинг не може вода да му носи, со новинарска плата заработил стан кја Света Петка од 180 квадрати,џип и што уште не. Епа, ако не ти е јасно кој е Гебелс, јави се со коментар, па ќе ти кажам дека тоа е Бранко Геровски. |
|
|
|
|
|
|
Од: aleksanadar |
Датум: 04.07.2011 14:30:01 |
|
Antonio e sram za Makedonija! Da koristish oficijalen press za obrazlaganje na privatni isplivi na emocii e katastrofa i bruka za nego a i za drzavata sto go postavila da ministeruva tolku dolgo, a dvolichnosta sprema site pa i sprema negviot sin i familija ja iskazesh na ovoj nachin i vo ovie momenti...so deca od planina zatoa ne se sadat krastavici...Antonio sam se proglasi i sto ke raboti vo parlamentot, a uste nemame formirano Vlada...drzok e i se ponasa nad premierot Gruevski...nezasluzuva nikakva funkcija vakov dvolichen i mizeren covek1 |
|
|
|
|
|
|
Од: Знаењето е моч |
Датум: 04.07.2011 15:03:42 |
|
Не би сакал да го навредам господинот Александар М. со речник што тој го употребува кон останатите коментатори. Впрочем секој изговорен навредлив збор говори за говорникот а не за тој кон кого е упатен. Само би му помогнал со една мала информација. Господинот Геровски како еден од сопствениците на Дневик со продажбата на Дневник доби многу пари. Подобро би било да се прашате господине како некои други од плата се стекнале со многу повеќе од Б.Г. На пример некои медицински сестри, министри во оставка, пратеници и тн. |
|
|
|
|
|
|
|
|