Број 3621  понеделник, 04 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економиј��
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

МЕРИДИЈАНИ

Западот и Либија

Џасвант Синг

Уште една „либерална интервенција“, овој пат во Либија, се чини го загуби својот пат

ИКако што сезоната на песочни бури во Либија добива на сила и брзина, светлите рани бои на Арапската пролет бледнеат покрај надежите и ветувањата за промени за луѓето кои премногу долго беа угнетувани од деспотските и интертни влади. И покрај повеќе од тримесечните воздушни напади врз силите на полковникот Моамер Гадафи, изгледа се дојде до ќор-сокак. Уште една „либерална интервенција“ изгледа го загуби својот пат.

Надежите што ја анимираа интервенцијата во Либија секогаш изгледаа малку нереални во крај преполн со древни спомени. Пишувајќи неодамна во списанието „Њујорк ривју оф букс“ за крајбрежниот либиски град Дерна, Николас Пелам опиша како меѓу „тиркизниот Медитеран и зелените планини лежат урнатини од плоштади и цркви што Византијците ги оставиле зад себе“.

Во центарот на Дерна „може да забележите подобро сочувани светилишта со бели куполи на шеикот Зубеир Ибн Кајс и 76 други придружници на пророкот Мухамед“, сите убиени тука о�� византиските сили во Хирџи 69 (690 г.н.е). Овој факт поприма значење кога ќе се земе предвид тоа дека Дерна испратила повеќе млади волонтери по глава на жител отколку кој било друг град во Магреб за да водат џихад во Ирак и Авганистан.

Сепак граѓаните на Дерна беа меѓу првите кои се радуваа кога американската и воздушната мисија на НАТО почнаа за да се одбрани градот Бенгази, под контрола на бунтовниците, и да се нападне Гадафи во неговото засолниште во Триполи. Таквото славење изгледа ја изрази можноста за слобода од тиранијата на диктатурата замрзната во времето и просторот. Но, сега во услови на се' поголеми загрижености дека исламскиот радикализам се наоѓа веднаш под површината на либиското востание, сите облози се откажани.

Дека за таквите компликации дури сега отворено се разговара покажува дека сериозно дефектното креирање на политиката беше во срцето на одлуката да се интервенира. Всушност, не само што ефикасноста на таа интервенција е речиси секојдневно разочарување за либиските бунтовници, кои очекуваа далеку подиректна воена помош од САД и Запад, туку тоа исто така го демаскираше долгогодишниот гнев во САД за состојбата во НАТО алијансата.

Тоа е и причината зошто американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, далеку поексплицитно од кој било негов претходник изрази фрустрација и повеќе од само алузија за бес кон американските НАТО сојузници. „Иако сите НАТО земји се изјаснија за интервенција во Либија“, тој неодамна ги потсети, „повеќето одлучија да не учествуваат во вистинските борби“. Додека Гејтс ги прекоруваше сојузниците во НАТО, американската државна секретарка Хилари Клинтон директно ги предупредуваше африканските лидери дека „авторитарните влади“ предводени од „стари тирани“ повеќе „не се прифатливи“.

За Америка и за Запад, други опасности излегуваат на површина додека либиската интервенција зема замав. На пример, се' поголемото насилство во Сирија покренува навистина комплицирани прашања: Може ли Запад, откако интервенираше за да спречи крвопролевање во Бенгази, да продолжи да не прави ништо додека низ земјата се случуваат масакри? Да дозволи сирискиот котел да зоврие, но да интервенира изгледа крајно непрактично. Либералниот интервенционизам уште еднаш изгледа е поткопан од неговото (можеби неизбежно) нерамномерно аплицирање.

Дваесет годишни старата идеја, родена од триумфот во студената војна, дека западна воена сила може да воведе ред каде и да сака, кога и да сака, стана неодржлива. Обрнете внимание на оваа загатка: да се игнорира крвопролевањето во Сирија е да се даде премолчено признавање за регионалното влијание на Иран. Тој недостиг на одлучност речиси секогаш го минимизира престижот на Саудиска Арабија и покренува уште повеќе прашања внатре во кралството за доверливоста на американската заштита - оттука дополнително еродирајќи ја регионалната позиција на Америка. Појавувањето на неотоманска Турција под водство на премиерот Реџеп Таип Ердоган, го потврдува ослабениот регионален престиж на Америка.

(Авторот е поранешен индиски министер за финансии, за надворешни работи и за одбрана и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 644 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Кнежевството доби своја принцеза
Стариот лидер нова надеж за СДСМ
Белград - град на две големи реки
Гајдаџиите бараат ФНПИ „Пеце Атанасоски“ да понуди нов квалитет
Случајот на Строс Кан нејасен за француските правници
Монако - малку драма, многу сјај и уште повеќе пари
„Утрински“ не е дел од приказната на „Време“ и „Шпиц“
Дивата манекенка, конечно, се омажи
Татковски инстинкт
Новинарите од А1 на принуден одмор
Со уметниците како со карго-транспорт
Македонија ја доби амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина
Медиумски колапс
Сопругата на Бошкоски пријавила кражба на сеф со 3-4 пиштоли
Џуди Денч е вистинска дама
Иванов му го честита Денот на независноста на Обама
Од скопскиот аеродром насекаде низ Европа
На Твитер се појави лажно соопштение дека починал Барак Обама
Карикатура
Бензините и дизелот поевтинуваат од 2 до 3,5 денари за литар
Почина големиот пријател на Македонија, Ото фон Хабсбург
Младиќ отстранет од судницата, одби да се изјасни за вината
Онлајн вести

"""