Број 3621  понеделник, 04 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Кејт Мос

Дивата манекенка, конечно, се омажи

Манекенката Кејт Мос се омажи за гитаристот на групата „The Kills“, Џејми Хинс, а нејзината ќерка Лила Грејс беше една од 15-те деверици. Свадбата се одржа во селската црква во Костволд (Англија) во петокот попладнето (1јули), а по церемонијата, новопечениот пар позираше со девериците.

Мос (37) изгледала волшебно во венчаницата што ја дизајнираше Џон Галијано, воедно нејзин близок пријател. За фризурата заслужен е Сем Мекнајт, додека чевлите специјално за нејзината свадба ги направил Маноло Бланик. Тој, според желбата на манекенката, ги поставил чевлите со сини влошки, за Кејт, според традицијата, да има „нешто сино“.

Хинс (42) облекол светлосин костум од „Стефано Пилати“, а за неговиот рок- имиџ придонесоа очилата за сонце. По позирањето пред црквата, парот заминал со „ролс ројс“ во куќата на манекенката во Костволд, вредна 2 милиона фунти, каде што целиот викенд го минаа во прослава.

Медиумите пренесуваат дека за текот на прославата биле задолжени: Снуп Дог, Иги Поп, Бет Дито, Карл Барат и Канје Вест, додека храната ��а обезбедиле „Дорчестер“ и хотелот „Риц Париз“. Еден ден пред венчавката, во селото биле забележани ќерката на рокерот Мик Џегер, Џејд, и фронтменот на „Прајмал скрим“, Боби Гилеспи.

На свадбата дошле околу 300 гости во текот на викендот, а настанот во медиумите е наречен „Мос-сток“. Се наведува дека тридневната забава е „тешка“ 500.000 фунти. Меѓу гостите што дошле на дел од тридневната забава биле и Наоми Кемпбел, Вивијан Вествуд, Стела и Мери Мекартни, Филип Грин, уметникот Трејси Емин, Рајс Ифанс, Џад Лоу и Џо Вуд. Кејт и Хинс се заедно од 2007 година.

Селото блокирано поради свадбата

Мирното село Костволд во западна Англија неколку дена било затворено за сите посетители, а во него, според зборовите на мештаните, непречено може да влезе само обезбедувањето. Жителите на селото смеат да влезат само ако имаат посебна дозвола, која претходно им била издадена.

На имотот на Кејт Мос неколку дена пред свадбата е подигнат голем шатор, а Кејт одржала и проба за венчавката, но и позирала пред локалниот паб.


#
Статијата е прочитана 1771 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Кнежевството доби своја принцеза
Стариот лидер нова надеж за СДСМ
Белград - град на две големи реки
Гајдаџиите бараат ФНПИ „Пеце Атанасоски“ да понуди нов квалитет
Случајот на Строс Кан нејасен за француските правници
Монако - малку драма, многу сјај и уште повеќе пари
„Утрински“ не е дел од приказната на „Време“ и „Шпиц“
Татковски инстинкт
Новинарите од А1 на принуден одмор
Со уметниците како со карго-транспорт
Западот и Либија
Македонија ја доби амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина
Медиумски колапс
Сопругата на Бошкоски пријавила кражба на сеф со 3-4 пиштоли
Џуди Денч е вистинска дама
Иванов му го честита Денот на независноста на Обама
Од скопскиот аеродром насекаде низ Европа
На Твитер се појави лажно соопштение дека починал Барак Обама
Карикатура
Бензините и дизелот поевтинуваат од 2 до 3,5 денари за литар
Почина големиот пријател на Македонија, Ото фон Хабсбург
Младиќ отстранет од судницата, одби да се изјасни за вината
Онлајн вести

"""