|
|
|
|
|
|
Стариот лидер нова надеж за СДСМ
Социјалдемократите бараат одговори зошто опозицијата поминала толку лошо во руралните средини
Александра М. Митевска
Битола - Многу дискусии, ама без искричења - во таква атмосфера вчера помина првиот дел од Конгресот на СДСМ во Битола, на кој се решаваше за довербата на членството во партиските органи, пред се', во лидерот Бранко Црвенковски по изборите на 5 јуни.
До затворањето на овој број на весникот, не беше завршено гласањето на околу 550 делегати што дојдоа на Конгресот (биле поканети околу 700 делегати). Сепак, расположението од Домот на културата во Битола јасно навести дека не треба да се очекуваат изненадувања, односно дека Црвенковски останува на партиското кормило.
Целиот Конгрес се одвиваше зад затворени врати, но, според брифинзите од партиски функционери, се водела „конструктивна расправа“, во која било искажано задоволство од изборниот резултат, ама и таму критично било заклучено дека тој резултат не донесе смена на власта. Поради тоа, се начнала и дискусија околу тоа кои треба да бидат потезите на СДСМ во иднина.
Според непотврдени информации, имало и размислувања за проширување на опозицискиот фронт со граѓански здруженија и со партии што останаа надвор од парламентот, како, на пример ЛДП. Наводно, било спомнато и дека треба да се размислува за мешана коалиција со партија од албанскиот блок за да се надмине прагот од 450.000 гласа што станаа неопходни за изборна победа. За дискусија се јавиле 15-ина делегати. Доминирале тезите дека во изминатите две години најголемата опозициска партија се консолидирала и дека во иднина треба да се зачува единството.
Било речено дека за проблемите треба да се расправа внатре во партијата, а не преку медиумите. Тоа, всушност, е порака до поранешниот лидер Владо Бучковски, кој преку медиумите се залагаше за сериозна анализа за причините за изборниот пораз. Бучковски присуствуваше на вчерашниот Конгрес само како гостин.
Анализирајќи ги кампањата и резултатот од изборите социјалдемократите меѓу другото заклучиле дека опозицијата поминала најлошо во руралните средини, додека во многу урбани центри бил постигнат резултат што ги надминал и најоптимистичките очекувања. За социјалдемократите е изненадување што слабо поминале во руралните средини каде што живеат најсиромашните слоеви. Процените се дека причина за тоа се субвенциите што ги подели Владата пред изборите, како и тоа што кај тие категории граѓани полесно поминува популизмот на Владата. Било заклучено и дека е добро што на изборите имаше голем одѕив и дека тоа е знак дека граѓаните го надминале стравот.
„И ние самите бевме изненадени од позитивниот резултат што го постигнавме на изборите. Ретко некој очекуваше дека ќе освоиме дури 370.000 гласа. Со тоа се демантираат тврдењата дека власта стагнира но и дека опозицијата не се поправа“, вели висок функционер на СДСМ. Според него, терминот во кој се закажаа изборите не е одговорност на СДСМ, бидејќи опозицијата немала контрола на изборниот датум.
Од вонредниот Конгрес не произлегоа појасни насоки за тоа како ќе дејствува опозицијата во наредниот период. Новата стратегија ќе биде следна задача за Црвенковски и за раководството на СДСМ откако сопартијците покажаа дека се' уште им веруваат.
Доверба за промени
„Да гласаме доверба за да ни се случат промени“. Така им се обратила на сопартијците Радмила Шеќеринска, која на изборите беше кандидат на СДСМ за премиер. Таа рекла дека СДСМ сега има обврска кон неговите поддржувачи, но и дека обврска на партијата е да придобие уште нови гласачи. Нејзината дискусија се оценува како конструктивна. И таа се заложила за единство во партијата.
Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, исто така искажал поддршка за раководството и за натамошно единство во СДСМ. Сепак, тој забележал дека премногу акцент се ставило на Скопје, а дека од главниот град СДСМ инкасирал само 100.000 гласа. Поради тоа, Заев се заложил во иднина СДСМ да обрне внимание на внатрешноста на државата. (А.М.М.)
Црвенковски верува во идни победи
„На овие избори не победивме, туку доживеавме пораз. Јас ја преземам одговорноста за тоа“, рекол лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, со чија дискусија заврши првиот дел од Конгресот. Тој рекол дека по неговото враќање во партијата атмосферата во СДСМ се подобрила. „Убеден сум дека на следните локални избори (во 2013 година) СДСМ ќе победи“, рекол Црвенковски. (А.М.М.)
|
#
|
Статијата е прочитана 4320 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: vladimir petrovski |
Датум: 04.07.2011 00:15:00 |
|
kade e sekeerinska ?kade e nejzinata ostavka ?dali e uste vo sad? sto pravese tamu????? |
|
|
|
|
|
|
Од: trpe od gradsko |
Датум: 04.07.2011 01:17:11 |
|
Ajde posle izborite kako opozicija se zadovolivte sto se priblizvte na VMRO-DPMNE i Gruesvki...sega kako jaka opozicija treba uste pojako da se priblizite do graganite ili ke " zaspiete" vo vasite pratenicki kancelarii vo paralamentot i na Bihacka...Treba da organizirate trebini, sredbi so graganite za podobra Makedonija i podobar zivot...vo sprotivno uste dolgo ke bidet opozcija |
|
|
|
|
|
|
Од: milko |
Датум: 04.07.2011 03:40:07 |
|
Za stramota od tolku mladi i avtoritetni se zapnale za luzer. ama site negovi na kogresot i sto ke bide. |
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 04.07.2011 04:16:02 |
|
Kade e "slobodnata novinarska fela" da kritikuva za slucuvanjata vo SDSM?
KONGRES ZAD ZATVORENI VRATI???? Za da ne moze nikoj da vleze, ili za nikoj da ne IZLEZE? |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 04.07.2011 07:51:22 |
|
Чудна жена беше Вера?Многу по чудни ми се овие од позицијата,поточно дпмне-овците.Наместо да си гледат во сопствениот двор,тие гледат во соседниот и не можат од дрвото да ја забележат шумата,какво политичко уредување имат во нивниот двор.Ако неможат да разберат,сигурно треба да им се нацрта па нешто да сватат.Многу убаво кажано од СДСМ,дека тие на овие избори не се бореа со политичка партија туку со државен режжжиимм. |
|
|
|
|
|
|
Од: vlatko |
Датум: 04.07.2011 08:01:26 |
|
18 % od delegatite ne prisustvuvaa na kongresot(579 od 709) toa e 1/5 od vkupniot broj na delegati sto bi trebalo da go zamislat rakovodstvoto i Branko licno. Ili pak clenstvoto e vo Grcija., pa bi mozele sledniot pat kongresot da go organiziraat vo Solun |
|
|
|
|
|
|
Од: canko vaganar |
Датум: 04.07.2011 08:04:42 |
|
Se sluci i pomina.Pomina vo odlicna atmosvera,i taka treba.Ne se ostvarija prognozite na vladinite megafoni.Kavgi raspravii delbi pa da imat sto da pisuvat.Nema sega lopatarenje nema kavgi vo opozicijata nema problemi vo pregovorite za formiranje na vlada i nema nema.....E sega BC kako novo izbran pretsedatel organizira profest na novinarite,zatoa sto megu niv ima losi i namozat da se organizirat sami.Ne da ima ima platenici janicari i sekakva b.....ra.no eden e so najlosite osobini na koj za se sto se slucuva vinoven e BC iSDSM E seega ke nema sto da pisuva...prv doznava prv objavuva...treba da cestita uspesen zavrsen kongres....bomo videli... |
|
|
|
|
|
|
Од: Добар е Бранко |
Датум: 04.07.2011 08:24:07 |
|
На ВМРО-ДПМНЕ им го честитам реизборот на Црвенковски за старо-нов лидер на СДС. |
|
|
|
|
|
|
Од: Граѓанин |
Датум: 04.07.2011 08:32:58 |
|
Имате мала грешка: Шекеринска да не рекла Да гласаме за (слепа) послушност за да ни се случат промени?...А, вие непишавте „доверба“..Или тоа е исто? |
|
|
|
|
|
|
Од: Мите |
Датум: 04.07.2011 11:06:08 |
|
„Убеден сум дека на следните локални избори (во 2013 година) СДСМ ќе победи“, рекол Црвенковски. / Ова го рече и пред јунските избори. Така ќе каже и 2013 ако некој воопшто го праша. Нашол овци за делегати па ги стрижи како сака. На крај ќе остане во партијата со Наташа, Шема, Минчев, Јани и Емилијан, а Рада ќе му биде смешниот квиско за на избори. |
|
|
|
|
|
|
Од: Александар М. |
Датум: 04.07.2011 11:34:11 |
|
Ерих Марија Ремарк ја напишал "На запад ништо ново" и знаеме што ова дело значи за светската литература (барем тие што знаат).
И покрај секојдневните извештаи од Западниот фронт, за сите трагедии, страдања, убиства, осакатувања, секојдневниот извештај гласел : на запад ништо ново.
Во СДСМ ништо ново....... |
|
|
|
|
|
|
Од: Aleksandar |
Датум: 04.07.2011 12:26:58 |
|
Kako clen od 2000 godina, pasiviziran uste vo 2003/04 zaradi laznite podatoci za industriskiot porast, definitivno nemam namera da se aktiviram. Pozdrav Brane, teraj, ama liderite koi se uspesni ostanuvaat zabelezani so 4 do max 8 godini na kormiloto. Ovde so bi rekol drugarti Velija 'i liderstvoto se pretera'. Jas ne se vrakam duri ti, Sekerka, Bucko, Kvisko (N.P.) i nekolkumina vo vrvot ne si zaminete. Dosta e be Brane, odi setaj po svetov, cooliraj. |
|
|
|
|
|
|
Од: svedska |
Датум: 04.07.2011 15:03:44 |
|
me podseka vakvi pobedi od 5 juni so razlika od -14 pratenici slavese navremeto i komunistickata partija na Tito |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonec |
Датум: 04.07.2011 15:28:16 |
|
Gi ctam redovno komentarive i se cudam na MK narod ke se ispplukaat megu sebe.Ostavetego toj sto izgubil da gledame sto ke pravime ponatamu kako ke ziveeme i kakva idnina ke im ostavime na mladite generacii.Zatoasto ovie sto si se pratenici lesno ke im e so odlicna platicka,daj da vidime nasite plati kakvi ke nibidat,bidejki inflacijata ni gi namali isto kolku sto ni gi zgolemija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Snezana |
Датум: 04.07.2011 16:54:13 |
|
I pak Gujo ne uspea da go spasi SDSM od Banko. Steta a tolku mnogu se trudese! |
|
|
|
|
|
|
Од: Prilep |
Датум: 04.07.2011 16:54:49 |
|
Ke komentiram samo za mojot grad zatoa sto znam sto tuka se slucuva. SDSM nemase da dobie ni polovina od glasovite sto gi dobi vo Prilep dokolku narodot glasase kako sto cuvstvuvase. Glasovite gi dobi na faktot deka samo toj mozese da se sprotivstavi na VMRO, dodeka drugite partii bea samo covek partija ili familija partija. Se dodeka gi imate ovie kadri vo Prilep kako vasa perjanica se dotogas ke gubite. Istoto se odnesuva i na ostanatiot del od Makedonija. Smenete nesto ( Branko,Rada, Jani, Mincev, Sugare i mnogu drugi) ili vejke na narednite lokalni izbori ke doziveete tezok poraz, vi garantiram. Ne moze vo Prilep da glasame za Skopjani na listata vo IE br.4 koi vo Prilep doagjaat samo za Pivo fest ,a mozebi i togas ne doagjaat. |
|
|
|
|
|
|
Од: mark |
Датум: 04.07.2011 17:37:19 |
|
E pr... DPMNeOVCI sto ve g.. boli za nie koj ke go izbereme za lider gledajte sto pravi vasiot velite rekol BC pa odrekol ami onoj vasiot kako velese nema majski dogovor nema ova nema ona a ispadna deka sve ima ,e sega da vi kazam jas slusnav deka vo eden del vo skopje se menuva rakovodstvoto na dpmne i iskreno se raduvam za to a znaete zosto zatoa sto takvi trkaci neste imale vo toj del a za onie sto slusam deka ke dojdat nemozat na mal prst da im se fatat i izberetegi jas sum zadovolen od izborot ako so brnko gubime pa toa e vase dobro ke vladeete podolgo no vie znaete deka BC e silen i moken pa zatoa cvikate i imate kosmari. |
|
|
|
|
|
|
Од: dalaj |
Датум: 04.07.2011 19:02:11 |
|
Brankooo,star si veke ne pamtish.Na narodov mu veti oti ako ne pobedish ce si odish, i go izlaga. Ne ochekuvaj ponatamu da ti vruva.Da ne beshe toa shto go kaza snimeno aj nekako ce se vadeshe ama shto ti trbase toa da go snimash aj aj aj.Samo inaetot ti ostana.So postapkive i odlukive shto gi napravi Nikola i bez fotomontaza e vece pogolem od tebe. |
|
|
|
|
|
|
|
|