Број 3621  понеделник, 04 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Медиумски колапс

Ивор Мицковски

Една од најважните врски, онаа меѓу јавноста и медиумите, е раскината за сметка на врската меѓу медиумите и власта

Македонскиот концепт за информирање во плурално општество доживеа колапс, се претвори во карикатура. Проблемот од немање избалансирани информации деновиве се трансформира во нешто пострашно: медиумите згаснуваат откако власта донесе пресуда против критичната мисла.

Анализата како стигнавме до оваа точка е толку замрсена што на моменти можеме да се сoгласиме и со тезата дека ништо не функционира и дека македонското новинарство е зрело за нов почеток. Таквиот жалосен суд можеме комотно да го транспонираме и на македонското општество. Затоа што без слободни и критички медиуми или новинари, не може да напредува ниту едно општество. Медиумите се главниот инструмент на човековата цивилизираност, без нив нема напредок за човекот, а модерните општества без разлика на нивните политички уредувања, се осудени да се уназадуваат. Но, медиумите се несовршен инструмент, честопати фаличен. Ниту во идеални ситуации јавното мислење не може да се потпре единствено на новинарството, кое поради својата природа, знае да погреши, да претера, да создаде конфузија.

Тука е улогата на критичката мисла, на дебатата, на политиката, да дадат супстанција и да ја кристализираат улогата на медиумите. Кога го нема тоа, а уште повеќе кога политиката ги злоупотребува медиумите, ги затвора или ги претвора во пропаганден сервис, таа не ја руши само демократијата, туку и како општество не' враќа во камено време.

Сепак, ако треба да издвојам неколку главни причини зошто паднавме толку ниско, би навел три работи. Фактот дека целосно ја изгубивме битката за јавниот сервис да не стане пропагандна машина е првиот индикатор дека нешто не функционира во нашата демократија. Информирањето како бизнис создаде медиуми што дегенерираа во политички клиентелизам. Кај нас не се отворија медиуми што промовираат слободно новинарство, туку медиуми што постојат заради остварување лични или партиски интереси. Новинарите и фелата се само колатерална штета на еден извитоперен систем. Медиумите останаа без лидер што ги поставува стандардите, а во Западна Европа тоа е најчесто јавниот сервис. Тој сервис можеби не е најатрактивен, но е најурамнотежен и доколку е функционален, создава квалитетни кадри. Во отсуство на сидраш што би ја афирмирал плуралноста, градењето консензус, кој би се фокусирал на битните работи, не постои систем што би можел да го супституира тоа.

Ние отидовме и чекор натаму од овие очигледни недостатоци. Медиумите денес се инструмент за привидно единство меѓу власта и народот, постојат само заради пропаганда. Има медиуми што, наводно, лошо поминуваат на пазарот и медиуми што одлично котираат во буџетските ставки. Или, поедноставно, тие што имаат државно-партиска поддршка ќе постојат, а другите ќе згаснат. Јавноста и слободниот пазар одамна престанаа да бидат судијата што одлучува кој медиум се слуша. Единствениот судија е власта! Македонскиот концепт од илјадници медиумски цвеќиња се претвори во икебана. Власта ги пресуши цвеќињата и сега остана да ја аранжира икебаната. Затоа, Милчин е во право кога ќе забележи дека тој аранжман има еден единствен именител: исчезнуваат само оние медиуми што се критички настроени.

Медиумите малку можат да направат околу ваквата ситуација. Тие се инструмент, не се семоќни и не треба да очекуваме дека медиумите можат да се справат со лошата политика. Ако политиката решила да ги уништи систематски, тогаш така и ќе биде. Еден инструмент во погрешни раце секогаш се' искривува или се' уништува.

Оваа координирана и програмирана акција на власта не треба да не' чуди. Впрочем, премиерот лично ги прозва медиумите што се „лоши“ и што не треба да се слушаат. Види случајност, токму посочените медиуми згаснаа или се пред згаснување! Ова што се случува деновиве е само последниот чин од драмата. Ова не е повеќе политика на страв. Ова е максимално искористување на изборната победа за да се пресечат некои новонастанати состојби. Во последната година се консолидираше еден критички дух, едно опозициско расположение, еден демократски фронт. Сега гледаме како власта сака да го ливелира тој фронт и да го врати на почетните позиции.

Погледнете гои само темпото и брзината со која власта ги применува овие недемократски и рестриктивни методи. Власта не брза само да го активира лузерското чувство кај критичарите, туку сака и да ги маргинализира, да го осиромаши општеството од нивното постоење. Ова е зачепување на сите канали. И во сето тоа постои еден огромен парадокс. Изборите санкционираа една нова реалност. Половина од граѓаните се опозициски настроени. Над две третини мислат дека Македонија оди во погрешна насока или дека води лоши политики. И, одеднаш, стануваме свесни колкав дисбаланс постои во создавањето перцепција и слика на едноумие. Наместо новонастанатиот контекст што создава реални услови и потреба од сериозна дебата, ние заглавуваме во се' поголемо искривување на реалноста.

Нашата земја и нашиот народ се сериозно поделени. Но, наместо прифаќање на таа реалност и барање решенија, гледаме како едната страна, како едната половина и' пресудува на другата, а со тоа и на целото општество. Власта нема намера да дозволи дијалог и натпревар меѓу двете страни. Напротив, оваа пирова победа е основата за нов апсолутизам и доминација на само едната половина од вистината.

Власта повторно го рестартира системот. Во едни мошне неповолни и недемократски услови опозицијата, невлади��иот сектор, неколку медиуми и многубројни индивидуи успеаја да создадат пресија врз власта, да постигнат некаков асиметричен баланс. Но, власта нема намера да го прифати тој баланс. Таа сака второто полувреме од натпреварот да се игра според сосема поинакви правила. За почеток, тоа ќе биде во услови на апсолутна недемократичност. Се' она што било направено, што досега се постигнало, власта ќе се обиде со неколку потези да го сруши. Воедно, ќе направи се' за повторно да го реактивира стравот, очајот, апатијата и конфузијата. Јавноста и опозицијата, критичарите и другите демократски настроени луѓе ќе мораат да изнајдат нови начини на соочување. Ќе мора уште еднаш да ја потсетат власта дека таа не е апсолутен господар на расположението и дека нејзините клучни политики ја немаат ни приближно поддршката за која таа сака да создаде привид.

Затворањето на медиумите од страна на власта е само уште еден чекор кон нашето колективно самоубиство. Ќе ве потсетам, според францускиот социолог, Емил Диркем, не се самоубиваат единствено индивидуите, туку и општествата и државите. Тоа се случува кога општеството ќе ги изгуби правилата и вредностите, кога се руши рамнотежата, кога институциите се партизираат, кога се кинат сите општествени врски. Една од најважните врски, онаа меѓу јавноста и медиумите е раскината, за сметка на врската меѓу медиумите и власта. Но, на тој начин скината е и врската меѓу луѓето и моќта, меѓу луѓето и власта, меѓу власта и одговорноста. Со затворање на критички настроените медиуми и згаснувањето на критичната мисла, Македонија, дефинитивно, ја скина папочната врска со демократијата и со напредниот свет.

Некои сигурно ќе искоментираат дека и ова мислење и оваа критична мисла е необјективна и парцијална и со тоа, небитна. Но, грешат, затоа што многу луѓе не разбираат како се постигнува објективноста во новинарството. Критичната мисла е важна и затоа што не постои или не треба да мислиме дека постои сепарација меѓу информацијата и мислењето. Демек, отиде критичната мисла, барем ќе ни останат фактите. Делумно, таквата заблуда и лажна сепарација се причината за мизерната состојба во нашето новинарство. Таа сепарација не постои ниту во новинарската пракса, ниту, пак, филозофски е оправдлива. Целиот живот е интерпретација на реалноста, не постои апсолутна вистина, не постојат факти. Во новинарството, како и во една демократија, најдобриот начин да се постигне објективност е слободно да се искажуваат сопствените мислења.

(Авторот е аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1680 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 04.07.2011 00:15:16
„Ова е зачепување на сите канали“. Ова можело и да се појасни. Многумина ќе ја прочитаат оваа реченици, ќе преминат преку неа, дали воопшто ќе ја забележат? Преку нив (критичките медиуми) сето општествено незадоволството се насочува, преобликува и остварива во рамките на дозволените средства. Што ќе се случи сега, кога негативната енергија нема да се канализира? Ќе се акумулира до пргревање. Но ако еднаш експлодира, за тоа единствено ќе биде крива власта, а не оние кои се незадоволни од неа. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: USA
Датум: 04.07.2011 03:47:07
Znaci novinarite se NADLUDJE, a narodnata masa NADZIVOTNI. Novinarite ne gi glasa nikoj, a ludjeto glasaat. Ako desnicata e izglasana od narodot da ja rakovodi drzavata, zosto 75% od novinarite se levo orientirani i propagiraat protiv vlasta? Koj e propagatorot tuka?
Од: marioec
Датум: 04.07.2011 07:20:17
Abre koga stasa od Bitola od kongresot pa i da napises kolumna,da ne ti ja napisa Frce a ti samo ja potpisa so inicijalite.Smeata nastrana.Se soglasuvam so kriticna misla da ima,ama vesnicive sto gi nabroja zgasnuvaat zaradi drugi raboti,neplajcanje danok,kriminalni dejstvija na sopstvenikot itn.A zosto ne zgasne Utrinski,i vie ja kritikuvate Vlasta povejce i od spomenatite.Cisti vi se rabotite pa i da sakat ne vi mozat nisto.
Од: belomorec 3
Датум: 04.07.2011 07:38:13
Jas neznam kade zivee ovoj novinar i nekoi negovi kolegi.Ako malku ti raboti razumot zemi procitaj si gi dosegasnite kolumni i ke vidis sto si pisuval,odnosno dali si ja prenesuval realnosta ili ja kopiras Tanja Milevska od Brisel.Sto da misli covek za tebe koga se povikuvas na Vladimir Milcin.Narodot ve oceni na 5 juni kolku realno pisuvate i sega Vladata vi e vinovna.Preslusajte se nekolku novinari od Utrinski vesnik i ke vi bide jasno kaj kogo e vinata za eventualnoto zgasnuvanje na vesnikot.Sramno i nedolicno e koga site se vinovni,samo novinarite ne.Neka vi bide jasno na site novinari deka golem grev nosite za segasnava situacija vo drzavata.No gospod ke vi prosti ako si gi prifatite greskite i pocnete realno da pisuvate i izvestuvate.
Од: девичанецот
Датум: 04.07.2011 07:46:22
Иворе! Новинарите само пишуваат и со тоа сакаат комотно да живеат. Е за тоа, треба да пишуваат позитивно за некој што им плаќа. Независно, истражувачко новинарство...кај нас изгледа не постои. Само прочитај ги последниве години написите од Брисел, потпишани од кланот Јовановски...Или вестите од А!, последниве година дена. Па излегува дека ние Македонците или сме дебили, лигуши...или пак Македонија е презадолжена не само повеќе од Грчка, туку и повеќе од Европската Унија во целост.. Ама нажалос�� не е така... Ете, затоа е медиумскиот колапс, како што го нарекуваш ти. Уште прочитај ги колумните на Ерол Ризаов....па дописите на Утрински од Белград од дописникот мислам дека Чулев беше.... ќе видиш дека се се тоа однапред нарачани работи. Така е кога не се пишува аргументирано и со своја глава.
Од: Sonja
Датум: 04.07.2011 07:59:16
Bravo Ivor.Mnogu realno i vistinski.Site sme svesni za mrakot sto ni doaga i za ambisot vo koj ke propadneme.No za zal nie obicnite nisto ne mozeme da napravime.Vlasta e semokna.
Од: Иворе, ова ти е неизбалансирана подршка за криминалот
Датум: 04.07.2011 08:34:34
“Проблемот од немање избалансирани информации деновиве се трансформира во нешто пострашно: медиумите згаснуваат откако власта донесе пресуда против критичната мисла“. КОИ БЕСМИСЛИЦИ!!! За „немањето избалансирани информации“ пишува најнеизбалансираниот. Власта не даде пресуда против критичната мисла, туку против КРИМИНАЛОТ!!!
Од: B. Betinski
Датум: 04.07.2011 08:37:20
Rece, pred nekoe vreme, Srgjan Kerim bez oko da mu trepne: VAC vo Makedonija go intersirale pari i samo - pari, a ne vistina, pravda i slicni ne-paricni raboti, na primer. Bidejki vo Makedonija parite (tugji) se vo vlasta, jasno e deka VAC ke mora da igra po svirkata na vlasta za da napravi - pari. Protiv toa malku mozat ili nisto E. Rizaov, K, Blazevski ili vie, g, Mickovski. Pa sepak postoite taka i tolku kako sto i kolku sto saka S. Kerim. Tuka zavrsuva prikaznata so slobodnite mediumu no i so site drugi slobodi.
Од: Regan
Датум: 04.07.2011 09:33:11
Што е твојот текст,Коскени,ако не е пропаганда?Вашето елитистичко однесување ви се удира од глава.Многу го потценувате овој народ(“народот бил во право и кога грешел“ - бре!).
Од: револтирана
Датум: 04.07.2011 10:26:24
Taman najdam nesto interesno da procitam od nekoj novinar ke mu dadat otkaz.Veke ne mi e nisto interesno da citam...se e monotono site isto pisuvaat.a se takvi zosto gi stimaat statiite spored nekogo..Taka i vas ve citam redovno no mi e strav stom nekoj pocne da e interesen vednas sledi inkziicisko likvidiranje nebare sme sreden vek,Sto veke nema da doziveeeme..Pozz.
Од: дзале
Датум: 04.07.2011 11:09:04
не плурално, туку криминално опшество доживува колапс. И време беше, конечно!!!!!
Од: Dejan
Датум: 04.07.2011 12:52:07
Нормално дека ќе доживеат колапс кога работат со квази аналитичари и квази новинари како авторот на текстот. Земете го него за пример, од кога е поставен плука по власта и анализира во корист на сдсм. Тоа и до негде не е страшно, страшно е што анализите и проценките се тотално погрешни и како такви се нерелевантни т.е испечатени глупости! Малку пореално да пишувавте и настапувавте, ќе беше друг муабет. Ама вие со ѓаволот се врзавте оро да играте, епа играјте го сега до крај!
Од: Petar
Датум: 04.07.2011 14:26:07
Одличен текст. Ич уво да не те боли за критизериве што од климатизираните простории на државните институции користат народни ресурси за да те плукаат. Се ќе забранат, а тоа е симптом дека им се смкнати гаќите и дека се плашат. Е богами интернер нема да можат да забранат...
Од: Ози
Датум: 04.07.2011 14:38:58
Кому му е потребно критично и слободно новинарство? Мнозинството од нашиот народ би биле најсреќни да имаат на власт некој како Сталин, Ким Ил Сунг или Мугабе. И Голи Отоци за “предавниците“.
Од: markos
Датум: 04.07.2011 14:49:38
OK g. Mickovski - "i ja ga tako zovem", bi kažale Banaćani koga se soglasuvaat so nešto. Imam zabeleška koja ne e vo vrska so temite koi Vie gi obrabotuvate. Toa e portretot što se koči pored kolumnata, na koj Vašeto kleštenje najčesto ne korespondira so serioznosta na Vašite temi. Najkuso: portretot e nepristoen. Za žal, toa ne go zabeležuva nadležniot urednik.
Од: g
Датум: 04.07.2011 15:56:54
"kriticnata misla",bratuced si presudi sama na sebe uste pred 20 godini,a vo mediumite se namnozija pecurkite na frcko" i sea so da praime"- nazdravje sisanje!
Од: realen
Датум: 04.07.2011 18:30:55
Колумната е реална и одлично ја опишува реалноста со која се соочува новинарството во Македонија. За жал во времето на Груевски не смеат да постојат критички настроени медиуми како во секоја нормална држава. Сите вие кои неосновано ја критикувате колумнава ве боли вистината и реалноста во која не доведе оваа диктаторска власт. Целите на Вмро-Дпмне се јасни. Едноумие и само едноумие. Секој кој не мисли исто како власта веднаш добива етика дека е комуњар. Во оваа држава е забрането да се каже слободната мисла и на улица, а не па во весник. Медиумскиот колапс е најава за колапсот во кој не носи Груевски. Народот работи само за сметки, животот е поскап од кога и да е, а на плоштадот секој ден се редат метални историчари кои вредат милиони евра.
Од: Kole
Датум: 04.07.2011 19:13:53
E bre gluprdi od tipot na Regan,Dejan....kade ni e krajot??

Најди! во Утрински
Насловна
Кнежевството доби своја принцеза
Стариот лидер нова надеж за СДСМ
Белград - град на две големи реки
Гајдаџиите бараат ФНПИ „Пеце Атанасоски“ да понуди нов квалитет
Случајот на Строс Кан нејасен за француските правници
Монако - малку драма, многу сјај и уште повеќе пари
„Утрински“ не е дел од приказната на „Време“ и „Шпиц“
Дивата манекенка, конечно, се омажи
Татковски инстинкт
Новинарите од А1 на принуден одмор
Со уметниците како со карго-транспорт
Западот и Либија
Македонија ја доби амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина
Сопругата на Бошкоски пријавила кражба на сеф со 3-4 пиштоли
Џуди Денч е вистинска дама
Иванов му го честита Денот на независноста на Обама
Од скопскиот аеродром насекаде низ Европа
На Твитер се појави лажно соопштение дека починал Барак Обама
Карикатура
Бензините и дизелот поевтинуваат од 2 до 3,5 денари за литар
Почина големиот пријател на Македонија, Ото фон Хабсбург
Младиќ отстранет од судницата, одби да се изјасни за вината
Онлајн вести

"""