|
Белград - град на две големи реки
Шарените крави го окупираа Белград. Тоа се инсталации што веќе стојат на улиците, па дури и на Калемегдан
Од нашиот известувач Жаклина Ѓорѓевиќ
Белград - Лесно е да се биде странец во Белград. Веројатно е најлесно за оние што сега живеат во поранешните југословенски републики бидејќи ако ништо друго, барем сличностите во јазикот ќе ви помогнат да се снајдете на секој чекор. „Да, повелете“ - ќе ви каже секој на кого ќе му се обратите за помош ако не го знаете правецот каде треба да одите и што да најдете, дури и ќе ве однесат до најблиската станица или место од каде што полесно ќе можат да ве упатат каде сакате да одите.
А во Белград навистина има што да се види - големата тврдина Калемегдан, познатата улица „Кнез Михајлова“, кафеаните на доковите. Но, да не ги заборавиме и многуте мали бутици, дуќани и ресторани, кои ве мамат да ѕирнете во нив со блескавите реклами и излози откако ќе влезете во некој од огромните белградски трговски центри, кои ги има речиси секаде.
Изборот на „Кнез Михајлова“ е неверојатен - многу ресторани и кафулиња со отворени тераси, кои ви нудат кафе и мафин на топлото сонце, додека река луѓе поминуваат покрај вас, шетајќи во дуќаните во едно од најпосетените места во српската метропола.
Но, она што деновиве најмногу привлекува внимание кај сите оние што го посетуваат Белград се шарените крави, инсталации, кои веќе извесно време стојат на улиците, па дури и во самата тврдина Калемегдан. Со најразлични шари, сини или, пак, во бело-црна варијанта тие ги привлекуваат туристите, кои веднаш застануваат да се сликаат покрај нив. Но, оние што сакаат навистина да покажат дека биле во Белград, сепак, заминуваат да се сликаат на местата што се вистински белег на некогашната престолнина на југословенската федерација. Каком на пример, Калемегдан, место каде што Сава се влева во Дунав, а од каде што има прекрасен поглед на цел Белград, мостовите, реките и бродовите што поминуваат оттука. Огромното зеленило и урбаниот лик на градот можат да се видат и од малите вовчиња што кружат низ патеките покрај тврдината во калемегданскиот парк, која има богато историски минато.
Странските туристи, кои, пак, сакаат да одат во шопинг, можат со часови да шетаат по многубројните модни куќи и продавници низ Белград. „Зара“, „Манго“, „Мекс“ се само дел од брендовите што се нудат деновиве со неверојатни попусти, а речиси и да нема продавница без попуст, така што изборот е голем. Некои парчиња облека можат да се купат и за 10-ина евра, иако, всушност, се купува брендот, а не самиот производ. Но, во Белград знае да биде навистина скапо, што може да се види и по понудите во хотелите каде што едно ноќевање достигнува цена и до неверојатни 250 евра. За оние со поплиток џеб, сепак, има места и за дваесетина евра, а некои од нив се сместени и во центарот на градот.
Во Белград не само што се испреплетуваат различни култури туку може да се види и исклучително развиената мрежа од сообраќајници. Трамваи, автобуси, таксисти и река автомобили постојано има на белградските улици. Не поминува буквално ниту минута, а веќе на постојката стигнува трамвај со истиот број, така што не е голема штета ако пропуштите некој. Може да одберете и автобус бидејќи цената за возење со трамвај и со автобус е иста, па дури и билетите се исти и чинат околу 25 денари.
Но, внимавајте на раскрсниците - едно поминување на улица каде што нема пешачки премин ќе ви го олесни џебот за 5.000 динари, или некаде околу 50-ина евра. На секоја раскрсница, како што ни кажаа белграѓани, има камери, па ако ви се случи да поминете на црвено, за извесно време на домашна адреса ќе ви стигне известување со солена казна од 250 евра со фотографија.
А кога ќе падне ноќ, се палат светилките на доковите под калемегданскиот парк, каде што трешти стара ЈУ-музика, која асоцира на некои минати времиња.
Интересни места
Калемегдан - Едни од најинтересните места што, секако, не треба да се пропуштат во Белград се Калемегдан и Белградската тврдина. Калемегдан е платото каде што се наоѓа тврдината, а тука се наоѓаат и Воениот музеј, Градскиот завод за заштита на културни споменици, голем број спортски игралишта и угостителски објекти. Најстарите делови од тврдината потекнуваат уште од првиот век од новата ера. Во својата крвава историја Калемегдан бил рушен над 40 пати. Името му потекнува од турските зборови кале и мегдан, а Турците го нарекувале и Фиќир-баир или брег за размислување.
Купување
Шопинг-центар „УшЌе“ - Јуни е месец на попусти во Белград, а туристите што доаѓаат тука можат да одберат да купат интересно парче облека или играчки за деца во некој од трговските центри. Во еден од нив, во шопинг-центарот „Ушќе“, ќе ви требаат часови, а можеби и цел ден за да ги поминете сите дуќани што се распоредени на три ката. Во овој период од годината може да најдете продавници за облека од некој од познатите брендови, која е со пониска цена, а сепак е тренди. Ќе најдете и продавници за долна облека, обувки, но и за деца и играчки. А во оние каде што има детска гардероба и играчки, има и детско катче каде што децата ќе се забавуваат додека вие пазарувате.
Храна
Разновидност - Вкусовите на белграѓани се различни. Од обичен хамбургер и скара до азиска и вегетаријанска храна, се' може да се најде на вашето мени ако прошетате низ центарот на градот. Во сето тоа изобилство од ресторани и кафулиња, може да се најде ручек и за две евра, а гурманите би се задоволиле и со пообилен оброк, кој вклучува и салата, што во Белград може да се добие и за 5 евра. Но, не се малку и оние што сакаат зачинета вегетаријанска храна со азиски шмек, за што се чека и во редици. Изборот каде да се руча и вечера е разновиден, па ако не сте во близина на ресторан или на некое кафуле што нуди сендвичи, може да побарате и обична трафика бидејќи и таму се нудат спакувани јадења по пристапни цени. |
#
|
Статијата е прочитана 2617 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 04.07.2011 05:11:17 |
|
Mnogu ubava reportaza ,ama i dosta suva. Belgrad e e eden triagolnik;Terazije,Slavija i Vukov Spomenik. Parkot Tasmajdan e vo Srceto na Belgrad,Najeminentniot Hotel Moskva-Interior,moze bi najubav na Balkanot graden1905 godina,Terazija,Skupstina, Glavna Posta,Kalenicev Piac, Skadarlija - Istorija na Belgradskata Boemija ,i svratiste na site Najgolemi Srpski Umovi,palata Albanija vo toa vreme Najvisoka Zgrada 9 katovi na Balkanot Podarena na Srpskata Crkva od Srpskiot Dobrocinitel Simo Igumajnov-Prizrenac, Zgradite na Bracata Mavrovci .Hotel Balkan i Moskva,.PS samo Nov Belgrad se gleda od Kalemegdan ,a celiot Belgrad,moze da se Gleda Od Visokite zgradi- Soliteri kaj Cvetkov Piac!Sepak nesto ubavo napisano za Belgrad |
|
|
|
|
|
|
Од: RADOVAN BELOJSTE TETOVO.M |
Датум: 04.07.2011 07:29:17 |
|
Zaklino zaborae da go spomnis SKADARLIJA AVALSKI TORAN ZVEZDARA DEDINE KOSUTNAK -VRACAR i NAJINTERESNIOT MOST STO SE GRADI VO BELGRAD i uste nesto jas sum od makedonija i koga se naogam vo BELGRAD vo opste ne se osekam STRANEC tuku se osekam deka sum vo SVOJ SOPSTVEN GRAD I POMEGU SVOJ NAROD. |
|
|
|
|
|
|
Од: Niko |
Датум: 04.07.2011 08:32:40 |
|
Se e arno ama im fali nekoj golem spomenik. Posto Ace e vekje bukiran im predlagam da go adaptiraat Justinijan kij e roden vo Nis. Nema veze sto bese Grk/Romej, koga moze Ace moze i Justinjan. Ako im fali ekspertiza kako se stimova istorijata moze da go angaziraat Pasko. Zimi majka ako se zafrkavam. |
|
|
|
|
|
|
Од: Българин |
Датум: 04.07.2011 09:34:20 |
|
Почитувана Редакција, прочитав ја статијата за Белград и иако сум бил таму многу пати посакав пак да одам. И бидејќи сум сонувач по природа си претставив дека еден ден некој македонски весник ќе напише нешто убаво и за некој бугарски град, без оглед за кој, Софија, Пловдив, Варна или друг. Ferro nocentius aurum (Ovidius) - Златото е покривично од железото. Nihil citius senescit quam gratia - Ништо не старее побрзо од благодарноста. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 04.07.2011 11:25:32 |
|
Od mojata treta godina do devetnaesta, sum zivela vo Belgrad / Beograd. Se osetiv ponosna koga sum
glasala za prv pat. Sum izucuvala za Fotografski
izucuvanja, i mnogu sakav da bidam vo midiumite i
ateljea. Za Tate, nemase elektro montazni raboti vo
Skopje, i taka si otidovme od Makedonija.
1963 go izbegnav zemjotresot za 4 dena. Od togiska ne sum bila vo Makedonija. Od 1964 som vo Avstralija. Memoriji mi se ubavi od Belgrad i Skopje.
A rodninite mi se od Gevgelija, Bogdanci, Kovanci, i Stojakovo, a gi imam i vo Skopje i Dojran, i taka na tamo. Sekoj den sum setala na Kalemegdan, ali ne vo zimsko, ha,ha, ne. Blagodaram za vaa slika sto mi go razbudi umot na pominati godini. I pozdrav na site Beogragani i Skopjani i blagodaram na moite memoriji. I na redakcijata, hvala.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola |
Датум: 04.07.2011 12:07:41 |
|
Poveke za Belgrad - http://www.encyclopedia.com/topic/Belgrade.aspx#1 |
|
|
|
|
|
|
Од: veni vidi |
Датум: 04.07.2011 13:35:32 |
|
nishto posedno... betonsko - postkomunisticki grad zacinet so mnoooogu svetlecki reklami... Nish ima povekje dusha, nego Belgrad
plus idi najdi beogragjanec da te vidam... sve ima samo beogragjani nema... isto kako Skopje, Sofija, Zagreb... betonski gradovi |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 04.07.2011 13:48:23 |
|
Kako dopuna na prekrasnata reportaza i komentari.
Ne samo triagolnik,,sirokiot centar na Belgrad,bi mo
zel da se proektira kako pravoagolnik,na poteg,Kale
megdan,Slavija,Stari grad(Skadarlija,Palilulska pi-
jaca)do Vukov spomenik.Neodminlivi za Belgrad se
Ada Ciganlija,Avala,zivopisnite brda(Banovo,Topcide
rsko so stadionite,Lekino,Julino,Kanarevo,..).Vo centarot najdobra panorama na gradot moze da se
ima od Vidikovac na ,,Beograganka,,.Od Kalemeg-
dan se pruza pogled i na interesniot Zemun(mal del).Belgrad e interesen,primamliv,no svoi belezi
imaat i drugite bliski metropoli(Zagreb,Ljubljana,
Sofija,Budimpesta,Bukurest,Atina...). |
|
|
|
|
|
|
Од: Janakiev Nikola |
Датум: 04.07.2011 15:42:12 |
|
Kole4.7.2011god.
Niko zboro e deka Belgrad e ubav grad na ubavi dve reki raspostele. Ti mesas Nis Ustian spomenici i pun si so nesto tvoe.So tova tvoe ne mozes nisto ni da mu dades ni da mu zemes na Beograd.Nataj prostor so vekovi pretezno narodo e ist sega izgleda slicen. |
|
|
|
|
|
|
Од: mene u eu |
Датум: 04.07.2011 17:33:58 |
|
odlicna statija a bogami i komentari..samo belgrad ne e veke onoj od pred 30 godini.beogragani se odselile( so mali isklucoci).Gradot e posle raspadot na jugoslavija teshka selendra i vrie od opinci.Kriminalot,korupcijata,i tehno folk se devizite na novite skorojevici.Belgradskata intelegencija e od poodamna otidena.Zalosno,sekoja godina najmalku eden vikend oddeluvam za ovoj prekrasen grad,za zal sekoja godina pomizeren...do kade vaka balkane??? |
|
|
|
|
|
|
Од: Никола |
Датум: 04.07.2011 18:37:36 |
|
Интересно, абре сите умрете од кеф . Баш ви е кеф за Белград да воздишате, него за Скопие. И ако тоа ни е Србоманска работа !!??? |
|
|
|
|
|
|
Од: Od Prijatel |
Датум: 04.07.2011 21:45:03 |
|
Opste neme interesira za niv...................... |
|
|
|
|
|