Број 3621  понеделник, 04 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

„Утрински“ не е дел од приказната на „Време“ и „Шпиц“

Соња Крамарска

Денеска колегите новинари од повеќе медиуми во земјава организираат протестен марш, кој има цел да испрати порака до работодавците и до сите други што имаат влијание врз медиумската дејност да ги запрат своите активности што водат во правец на блокирање на весниците и на телевизиите.

Директен повод за штрајкот е згаснувањето на весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, како и заканата телевизијата А1 да престане со работењето.

Новинарски штрајк како денешниов е секогаш корисен во едно општество. Ако не заради друго, тогаш барем заради фактот што бранувањето што доаѓа од медиумската сфера е најголема опомена за политиката и за сите други што ги влечат конците во една држава.

Но, мора да се каже дека во денешниов протестен марш „Утрински весник“, чии новинари, веројатно, ќе се придружат како и, впрочем, сите новинари од земјава, не е тоа што сакаат да го прикажат поранешните наши колешки Билјана Јовановска и Оливера Војновска. Тие не добија откази поради „лагите на главната уредничка“ или со цел да се испрати порака до останатите новинари „да ја слушаат г��авната уредничка“ како што сега тврдат нашите поранешни колешки.

Тие што учествуваа во „спонтаниот прекин на работа“ на 24 јуни добро знаат дека чекорите што тогаш беа направени не беа спонтани. Не може спонтано да бидат повикани сите телевизии и весници во Македонија да известуваат од „спонтаниот прекин на работа“. Ниту, пак, може спонтано да биде напишано обраќање, кое потоа беше прочитано.

Учесниците во настаните во „Утрински весник“ на 24 јуни знаат и дека од лидерката на новинарскиот синдикат Тамара Чаушидис (која „спонтано“ дојде во „Утрински весник“ тој ден) беа предупредени дека нивната акција е незаконита. Чаушидис им укажа дека штрајкот претходно треба да биде најавен барем два дена пред неговото одржување и дека за тоа треба да биде известен главниот уредник.

Ако се работеше за новинарски штрајк, уредно најавен и подготвен, тогаш барањата ќе ги читаше Маја Томиќ, која е претседателка на новинарскиот синдикат во „Утрински весник“, а не Билјана Јовановска.

Меѓутоа, како и во секоја друга работа, секој во такви ситуации си има свои цели и своја агенда. Она што сакам да го потенцирам е дека на 24 јуни, за жал, дојде до грубо прекршување на работната дисциплина, предводено од двете колешки и обид да биде парализиран весникот. За грубите навреди врз мене како главен уредник и за навредите врз оние колеги што останаа да го подготват весникот за печат, не сакам ниту да зборувам. Тоа го видоа и го слушнаа сите. Бевме сведоци на повици за линч. Таквото нивно однесување продолжи и во текот на деновите што следуваа по 24 јуни, со обид да му се врзат рацете на главниот уредник во носењето на одлуките и натаму да се влијае врз останатите новинари да ја бојкотираат работата.

Како долгогодишен новинар и колешка со Билјана Јовановска и Оливера Војновска, уште еднаш сакам да изразам најискрено жалење поради епилогот што водеше до нивно отпуштање. Губењето работно место не е добра вест во Македонија. Меѓутоа, треба да знаеме дека на работните места сите имаме свои обврски и одговорности, исто како што имаме и права. Секоја компанија има Правилник за однесување на работно место и тоа треба да го почитува секој вработен. Овој Правилник, на 24 јуни во „Утрински весник“ беше грубо згазен.

Колегите во „Утрински весник“ добро знаат дека соработката меѓу новинарите и главниот уредник се одвива низ процес на размена на мислења. Така било секогаш, така е и сега. Нема потреба од „послушност“, туку од заедничка соработка за подобрување на позицијата на весникот на пазарот.

„Утрински весник“ како и сите други медиуми во земјава се соочува со проблеми на стеснет пазар, намалување на интересот на огласувачите, конкуренција од интернетот. Но, во ниеден случај не сме дел од приказната на „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ како што некои се обидуваат да прикажат. Нашите „биографии“ се сосема различни и тоа веќе неколку пати го кажавме.


#
Статијата е прочитана 3315 пати.

Испрати коментар

Од: Роберт
Датум: 04.07.2011 00:14:19
Почитувана Соња, би било умесно синдикатот на Утрински весник да го напише коментарот, а не Вие, како Главен и одговорен. Со тоа Вашиот текст е едностран и неверодостоен.
Од: Hari
Датум: 04.07.2011 00:22:42
Sonje, sum te cital mnogupati i sum imal visoko mislenje za tebe fala bogu kako novinar. Sega mozam da kazam samo deka si SRAM za mekedonskoto novinarstvo, samo me interesira za kolku se prodade???
Од: Itar Pejo
Датум: 04.07.2011 00:35:04
"штрајкот претходно треба да биде најавен барем два дена пред неговото одржување и дека за тоа треба да биде известен главниот уредник" I da se dobie odobrebie od glavniot urednik ??? Strajkot e bil "spontan" tuku se raboti za zavera organizirana od ... Od kogo e zaverata? Od nekoi mracni sili? Novinarkite neka bidat zadovolni sto bile samo odpusteni. Izvlekle ziva glava.
Од: jas
Датум: 04.07.2011 01:27:19
Ne nikako vie nemate slicnosti...samo slucajno go triete grbot na SDSM...edinstveno toa inaku razlicni biografii...ke ve molam...
Од: Мара Попара
Датум: 04.07.2011 04:40:18
Јовановска и Војновска се отпуштени затоа што јавно ја кажаа вистината. Ако е тоа кршење на работната дисциплина, тогаш не знам што е тиранија. Работев во медиумите во времето на „едноумието“, но такви притисоци врз новинарите и новинарска неслобода немало.
Од: apologet
Датум: 04.07.2011 06:20:08
abe, zosto namesto kralot da stane kako celiot narodot - celiot narod stanuva kako edniot kral?
Од: bale
Датум: 04.07.2011 07:18:51
ќе биде, ќе биде Соња......само трпение......режимот и Вас ве спрема за отстрел, само да ви дојде редот и денот........Ќе биде....ќе биде.................
Од: BORIS
Датум: 04.07.2011 07:51:31
Ne mi e jasno do koga rakovodnite ludje koi se na vlast tolku sakaat da gi ponizat vrabotenite,do koga ce lazat a i VIE g.SONJA zasrame te se malku pisuvate lagi,za kogo za narodot da veruva ilio VIE samite se ubeduvate(veruyvate) vo Vasite lagi
Од: Трпе
Датум: 04.07.2011 08:09:01
Старите,вака велеле: Кога мечката игра во соседниот двор,очекувај да пристигне и кај вас.Или пак кога некого го бричат ,ти треба веке да си нанесуваш пења за бричење.Ако не сакаш да се бричиш,тогаш пушти брада како ке ти наредат,без разлика дали тоа тебе ти се допаѓало или не.
Од: Sonja
Датум: 04.07.2011 08:16:29
Mnogu nevesto draga Sonja!Znae normalen covek vo sto e rabotata.I do koga vaka?Se dodeka site neposlusni ne si odat?
Од: Mirka
Датум: 04.07.2011 08:19:29
Konkurencijata za nova Mirka Velinovska se zgolemuva!Se se kupuva,pa i posteniot covek,samo posteniot treba posteno da go platis!Me interesira koja bese cenata na Kramarska!
Од: Подршка на маршот е подршка за криминалот
Датум: 04.07.2011 08:20:55
Не, вие од Утрински не сте исти со Време и Шпиц. Само доста си личите. И вие сте необјективни. Сте се фатиле слепо за лузерите.
Од: mitre mitrevski
Датум: 04.07.2011 08:27:35
Sonja ako ste vie glaven i odgovoren urednik vie ke se grizevte za vasite kolegi koleski no za zal vie ste glaven mnogu neodgovoren urednik koj se grizi samo zasebi i nikako ne go zasluzuvaye rabotnoto mesto koe go drzite vo momentot.
Од: petko
Датум: 04.07.2011 08:43:29
Nazdravje neka e, Kramcka i ti stavi nekoja paricka vo dzep od sega natamu ke citame kako se ni odi dobro vo zemjava i kako denesnava vlast e zlato, kako ne ti e sram be gospodzo glavna urednicke aj sikter.
Од: Чича Мите
Датум: 04.07.2011 09:05:05
Точно ! Се согласувам тазе глодур-ката Соња е срам за не само новинарската фела, туку и за воопшто моралот на еден интелектуалец. Синдромот на Јуда !Каде рони „крокодилсјки солзи“ над жалната судбина на Оливера и Билјана, а и над судбината на колегите од Време , Шпиц и Коха е ре... Само Соња , мечката штом игра у комшии и пред твојата врата може ќе дојде. Само слободно ти „продавај си ��а душата на ѓаволот“ - но тоа еднаш мора да се плати.
Од: romeo
Датум: 04.07.2011 09:24:48
se povejke sum ubeden deka i vie ste eden od poslednite kupeni megafoni na vlasta,samo se nadevam ne se prodadovte eftino
Од: Валентина
Датум: 04.07.2011 09:29:29
Нова уредничке ,само за миг размислете колку е праведен Божјиот суд! Можеби тогаш, со страв и совест ќе ги пишувате вашите „аргументи„ за судбината на вашите колешки ,и колегите од други медиуми.Мечката што игра во комшии ,ќе заигра и во вашиот двор!Бидете сигурни ,тоа е непишан закон на правдата!
Од: toni
Датум: 04.07.2011 09:38:39
treba site da strajkuvate pred vlada ili pred stabot na vmro-dpmne,oti site znaeme deka tamu lezi zloto na makedonija!!!da ne se pravime neudreni i nekoi evropejci i demokrati tuku site zaedno i pred vlada,dodeka imame vreme i sloboda,od utre ke bide kasno site ke ne zamolkne ili zatvori!!!golemiot brat zaedno so bratucedot ke ja unistat makedonija!!!
Од: miki
Датум: 04.07.2011 09:41:25
Navistina, bas me interesira cenata na makedonski novinar(ka) vo evra ili den., seedno? Kako posle vakvo salto mortale nekoj da veruva vo bilo sto ke napisete??(a vprocem sto e bitno, friziderot e poln...)..
Од: lidija
Датум: 04.07.2011 09:47:15
Pocituvana, I Vie treba da bidete na protestot!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Zare
Датум: 04.07.2011 10:21:06
Tie dvete sto se potplateni da iskrivat slika za celo novinarstvo si go dobija zasluzenoto.Nerabotlivi paraziti.
Од: mene
Датум: 04.07.2011 10:25:21
Navistina, za kolku se prodadovte, g-go glaven urednik? Vie ste sram za novinarstvoto vo drzavava! Se prasuvam kako li spiete navecer? Neli ve pece sovesta???
Од: Kolega
Датум: 04.07.2011 11:12:38
hehehe glaven urednik ... da ne ocekuvavte da ja brani biljana? normalno deka novinarite se krivi za eden strajk, a ne se gazdite i urednicite za grubo krsenje na rabotnite prava ... ova se slucuva samo vo makedonija, zrtvata da bide osudena
Од: dr
Датум: 04.07.2011 11:18:20
Jadna i bedna,a pred se previse suetna urednicka.Se nadevam ke bidete pocesteni koga so Latas ke gi cenzurirate tekstovite vo sega veke provladiniot vi vesnik.Sega ke nemate veke konkurencija so vecer sekogas prvi se ke doznavate a vtori ke objavuvate.No ne zaboravajte vesnikot da vi bide 90% so sliki za da mozat da ve citaat novite citateli!?
Од: Kiril
Датум: 04.07.2011 11:52:42
Sramota. I sega, koj ocekuvaat deka ke prodolzi da go cita Utrinski - od Vlasta ? Pa tie ni lektirite ne gi procitale koga trebalo, a ne sega vesnik da citaat.
Од: „Вистината е како шило..
Датум: 04.07.2011 11:59:59
Соња, ве читав и ќе ве читам, но најсимптоматично беше првото објаснување дека вашите колешки кои сега се „бивши“ излегле на пресс пред „една непријателска телевизија...“ Мислам дека веќе се е јасно а имајќи ги предвид коментарите на некои коментатори (како мене) за овие „непријателски телевизии и весници“ значи дека за се што ни се случува се криви сите под чие ропство сме биле што не оставиле да си имаме „слободна и независна македонија“ што значи на овој народ сеуште му треба нечие ропство па макар тоа биле и „наши“
Од: Redoven citatel na utrinski
Датум: 04.07.2011 12:12:45
Pocituvana Nova urednicek e Sonja, AMA VOOPSTO ne Vi veruvam na tekstot i vasata iskrenost. Da nova Mirka se slozuvam na nekoj nacin. EEJ narode od Mars se gleda deka vistinskata pricina e da se zgasne se sto e kriticki nastroeno kon dpmne Samo sega ova se pravi vo prozirna salfetka. Na zdravje neka ni e pretstojniot Informativen MRAK. Gledajte JASNO i PRODORNO NARODE
Од: Opserver
Датум: 04.07.2011 12:48:43
Mislam deka kolku poveke se objasnuva situacijata, tolku akterite poveke se zapletkuvaat. Suetata i licnite presmetki se poveke od vidlivi. I smetam deka nena mesto glavniot urednik da izleguva so svojata strana na prikaznata, a na izbrkanite novinarki duri i pristapot vo vesnikot da im e zabranet. Ova e protest za slucuvanjata na Pero Nakov i novinarite, no ednakvo e protest i za novinarkite vo Utrinski vesnik. nevkusno i prozirno
Од: D.V.
Датум: 04.07.2011 13:11:57
Eve dokaz deka narodnite pogovorki se tocni;" ...Se moze da se kupi, osven majka..."! Sonja mozebise prodala na rasprodazba (no golemo SOLD -70%), ama se fati za foteljata na glaven urednik(za sto cel zivot sonuvala), pokraj onie silni asovi. Sega ke im udri cistka na nvinarkite, na koi im bila uste odamna ljubomorna i ke rascisti se okulu sebe sto ne iodi po voljata....Sramota Sonja, ke trebe da pominuvas niz Skopje sekoj den !! se prasuvam, dali i so koe lice otide da gi podrzuvas kolegite deneska, ako voopste si otisla?Iako se falis deka ne ste isto sto i A1, "Spic" koha e Re.....
Од: kralinaet
Датум: 04.07.2011 13:48:37
Privatna kompanija ima pravo kogo saka i kako saka da go otpusti, soglasno so zakonski i vnatresni odredbi. vakvi razmisluvanja za strajk se samo nasledstvo od stariot rezim koga za da otpustat nekoj ne smeese ni da se pomisli ili vo drzavnite institucii kade ne smee da se otpusta na vakov nacin. tolku.
Од: nekoj
Датум: 04.07.2011 13:53:11
Не ми е јасно како вакви испрани мозоци стануваат новинари... А уште понејасно како стануваат главни и одговорни уредници... Не ми е криво што лаже, криво ми е што мисли дека и верувам...
Од: korektorot
Датум: 04.07.2011 14:01:38
Пред се, Г-ѓо главна уредничке, тие две не се твои поранешни колешки туку, припаѓајќи на новинарската фела, тие за секогаш ке останат новинари и тоа Новинаришта со срце на лавици кои не сакаа да бидат ниту твои ниту полтрони на власта. Да ги носиш на совест. А дали Утрински е или ќе биде слична судбина со Време и Шпиц, тоа ќе го видиме наскоро само ако објавите нешто што не му се допаѓа на Фирерот (а и овој коментар можеби нема да го објавите (ми е гајле), Отиде и Утрински, ама оној Утрински од пред мецец дена (пред да те постават на тоа место-Главен и одговорен уредник)
Од: Oktaj
Датум: 04.07.2011 14:02:45
Dvete novinarki spontano imaat kniski od SDSM,i posle kazete deka se ne e politika.Se nastimuvaa 'spontano" za da se povrze strajkot na Utrinski so zatvaranjeto na Spic, Vreme i A1.A be, cista providna politika.I pusta zavist
Од: Наташа
Датум: 04.07.2011 14:27:02
Повеќе од очигледно е дека Утрински го менува курсот! Го купувам и читам од првиот број па се до денс. Се прашувам што понатаму и како до релни, објективни информации!!! Ги казнивте престрого своите довчсрашни колешки со кои имавте ист диоптер за настаните. Се сложувам со повеќето коментари дека штом мечката игра кај комшијата, таа ќе заигра и кај вас. До читање до тогаш!
Од: paranoja
Датум: 04.07.2011 15:59:26
Досега мислев дека параноидните испади се одлика на ЛАтас и нему сличните. Добредојдовте на „браникот на македонското новинарство“. Страшно!!!
Од: Aleksandar
Датум: 04.07.2011 16:40:14
Utrinski go citam od prviot broj, i dobro se sekjavam na naslovnata 'Klinton: Blagodaram Makedonijo!'' imeno den posle posetata na poranesniot pretsedatel na SAD na Makedonija. Standardite na Utrinski bea (i seuste se) nad standardite na makedonskite pecateni mediumi godini nanazad. Se sporeduvate so eden Jutarnji list, formatot kako Corriere della sera itn.. Iskreno ne mozam da razberam kako Vie kako glavna urednicka (a verojatno i Vasata prethodnicka) dozvoluvate sistematicno unistuvanje na brendot, se stavate vo sluzba na Srdjan Kerim koj evidentno ima za cel zatvaranje na vesnikot i prenasocuvanje na reklamite vo Dnevnik? Pa Vie ste mozebi sledna na spisokot na toj covek vo momentot koga ke pocuvstvuva deka ste se otkacile od negovoto kratko jaze okolu Vasiot vrat. Se slozuvam so Vas deka situacijata vo Utrinski nema vrska so A1, no ima vrska so Globus, a se nadevam tolku prifakate, deka slicna ke bide i vasata sudbina. Na moja golema zal kako vas redoven citatel..
Од: Alek®
Датум: 04.07.2011 17:02:28
Не, навистина не сте дел од истата приказна, особено не со исти мотиви, особено не кога, како што разбрав, уште тројца новинари од „Утрински“ спонтано добиле клоца за време на протестот денешен.
Од: tihi
Датум: 04.07.2011 19:33:41
A koj toa im brani na site tie "nezadovolnici" da se soberat vo eden vesnik ,da si najdat sponzori i da si plukaat kolku im dusha saka i pritoa nekoj toa da go kupi.Vesnikot bi se vikal "fabrika"
Од: koco amsterdam
Датум: 04.07.2011 19:54:45
Auuu draga gospoza (ne)urednicke se vrakam od odmor i za 14 dena citam vo utrinski golemi promeni u MK, super se zivee, spomenicite go razdvizile centarot, kriza nema... Ve razbiram i vas, do sega ne lazevte za odednas taka prijatno da ne iznenadite. Samo vaka prodolzete da pisuvate, pa MOZEBI i jas ke vi poveruvam i ke se vratam eden den vo Makedonija. Pozz.

Најди! во Утрински
Насловна
Кнежевството доби своја принцеза
Стариот лидер нова надеж за СДСМ
Белград - град на две големи реки
Гајдаџиите бараат ФНПИ „Пеце Атанасоски“ да понуди нов квалитет
Случајот на Строс Кан нејасен за француските правници
Монако - малку драма, многу сјај и уште повеќе пари
Дивата манекенка, конечно, се омажи
Татковски инстинкт
Новинарите од А1 на принуден одмор
Со уметниците како со карго-транспорт
Западот и Либија
Македонија ја доби амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина
Медиумски колапс
Сопругата на Бошкоски пријавила кражба на сеф со 3-4 пиштоли
Џуди Денч е вистинска дама
Иванов му го честита Денот на независноста на Обама
Од скопскиот аеродром насекаде низ Европа
На Твитер се појави лажно соопштение дека починал Барак Обама
Карикатура
Бензините и дизелот поевтинуваат од 2 до 3,5 денари за литар
Почина големиот пријател на Македонија, Ото фон Хабсбург
Младиќ отстранет од судницата, одби да се изјасни за вината
Онлајн вести

"""