|
|
|
|
|
|
Од скопскиот аеродром насекаде низ Европа
Шпанија, Холандија, Германија, Турција се новите дестинации за директни летови од „Александар Велики“
Сања Наумовска
Модерен аеродром, повеќе летови, а поевтини карти. Конечно, и македонските патници ќе можат да почувствуваат дека не живеат на крајот на светот. Патувањето да не биде скапа авантура на европските аеродроми, туку задоволство. Аеродромот „Александар Велики“ ќе го поврзе Скопје со европските метрополи. Шпанија, Холандија, Германија, Турција се новите дестинации за директни летови што им ги ветуваат менаџерите на концесионерот ТАВ на македонските патници. По Лондон и Венеција, Барселона, Амстердам, Истанбул и Измир се градовите до кои ќе се лета директно и за малку пари.
„Моја цел е да го поврзам Скопје со некои европски градови. Да има авионска конекција покрај со Дизелдорф и со други големи германски градови. Можеби наскоро и со Амстердам, а веројатно и со поголемите градови во Шпанија. Ова се дестинации кон кои ќе целиме“, вели Мурат Орнекол, генерален оперативен директор на ТАВ.
Тој нагласува дека целосно реконструиран со модерна терминална зграда и продолжена писта, аеродромот „Александар Велики“ ќе ги задоволи потребите на секоја авиокомпанија, а македонските граѓани треба само да имаат желба да патуваат и да купат билети.
„Над 85 проценти од градежните работи на аеродромот се готови. Моментално се изведуваат завршните работи на новата терминална зграда и на продолжената писта. Свеченото отворање ќе се случи на 8 септември, два месеци порано од терминот предвиден во концесискиот договор“, вели Орнекол. Покрај новата терминална зграда, изграден е и нов карго-објект, како и објект за евакуација и противпожарна служба.
„Од септември македонските граѓани ќе полетуваат од новата зграда. Веднаш штом ќе ги добиеме сертификатите од македонските власти, изградените објекти ќе бидат пуштени во употреба. Преместувањето ќе го направиме само за една ноќ“, вели Орнекол.
Моментално има повеќе странски авиокомпании заинтересирани да оперираат од аеродромите во Скопје и во Охрид, но тие треба дополнително да се мотивираат, да се справат со сериозната конкуренција во регионот и да се одлучат да работат во Македонија.
„Тоа треба да биде заеднички напор од страна на патниците, на операторот на аеродромот, цивилното воздухопловство, а особено од министерствата за транспорт и за туризам“, вели Орнекол, и нагласува дека ТАВ е во добра комуникација со власта, која е расположена да преземе дополнителни чекори во насока да ги привлечат оние компании што се двоумат. Тие доаѓаат, според Орнекол, но побарувачката не е толку голема. „Ако тука имате десет нискобуџетни авиокомпании, тоа може нема да биде од голема корист за сите засегнати страни овде. Тие можат да се уништат меѓусебно“, констатира тој.
Македонскиот пазар е мал, а соседните земји многу подолг период се обидуваат да ги развијат и да ги промовираат сопствените аеродроми и аеродромски услуги. Авионите „Ербас“, со кои лета „Виз ер“, имаат по 180 седишта, а за да биде компанијата заинтересирана за пазарот, секој лет треба да има најмалку 150 патници. Македонија загуби и многу патници за време на настаните во 2001 година кога голем дел од нив беа трансферирани во Приштина. Целта на ТАВ е со квалитетната услуга на модернизираните аеродроми во Скопје и во Охрид, евтините билети и поголемиот број дестинации, патниците да се вратат во Македонија.
„Ние продолжуваме со маркетинг на сите наши аеродроми. Оперираме со вкупно 10 аеродроми, од кои 4 во Турција, 2 во Грузија, 2 во Тунис и 2 во Македонија. Учествуваме во неколку светски организации, повеќето од нив се во Европа, но понекогаш одиме и до Далечниот Исток за да ги рекламираме нашите аеродроми. Значи, никогаш нема да престанеме со тие активности, но за резултатите е потребно време. Пред да се донесе одлуката да дојде ’Виз ер’ во Скопје, беа потребни 10 месеци разговори со нив. Тоа не е лесен процес“, нагласува Орнекол.
Според оперативниот директор на ТАВ, се' уште е рано да се размислува за интерконтинентално поврзување на Скопје. Нискобуџетните компании не се заинтересирани за овие линии, а финансиската моќ на населението не дозволува почесто патување на подолги релации.
„Ако постои побарувачка, да кажеме на 200 или на 300 луѓе еднаш неделно да летаат директно од Скопје за Вашингтон, тогаш ние ќе најдеме некој што ќе го реализира тој лет. Но, мислите дека навистина постои интерес за тоа секоја недела, цела година да има толку потенцијални патници за летови што чинат 500-600 евра? Значи, во тој дел мора да се спроведе едно добро истражување пред да се донесе одлука“, потенцира тој. |
#
|
Статијата е прочитана 4076 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: zapad |
Датум: 04.07.2011 00:04:26 |
|
samo reklama pravite nisto drugo do skopje 500evra karta od zapeva do solun,sofija ima za 200....a drugo zosto skopkite politicari go zadusija ohridskiot aerodrum pa 90% makedonci na zpad se od jug-zap makedonija nema ni edna konekcija da se stigne do ohrid,edimstveno za belgrad odreden period vo godina............... |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 04.07.2011 00:59:00 |
|
Ovaa statija e bezplatna reklama za TAV ili platena? |
|
|
|
|
|
|
Од: бе |
Датум: 04.07.2011 02:17:01 |
|
зошто не спомнувате и конекција за брисел. бар еднаш неделно онолкави делегации одат за брисел, центарот на европа е сконцентриран таму, еу, нато и сл. треба да размислите и за таква опција. благодарам |
|
|
|
|
|
|
Од: vladimir |
Датум: 04.07.2011 05:25:50 |
|
aerodromot vi e uzasen isto taka i pesonalot a dobar del od patnicite i personalot se od edna religija. a letovite vi se nasoceni samo kade sto ziveat albanci i turci, lesno moze da se manipulira so niv i da i prodades karti so nenormalni ceni
normalen covek bi go koristel aerodromot vo solun i sofija ili belgrad |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran Bitola |
Датум: 04.07.2011 08:45:05 |
|
Dali najposle ce bidat izbrkani od rabota celosno nekulturnite, nekompetentni i vrskarski vraboteni na Skopskiot Aerodrom? Dali privatniot gazda ce ima vlijanie vrz jakite carinici da ne gi maltretiraat patnicite? Dali konecno ce se vospostavi direktna avtobuska vrska so centarot na Skopje? Bez ovie raboti nema da ima patnici, dzabe reklamite!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Zoran CH |
Датум: 04.07.2011 09:18:59 |
|
Vo vremeto na raspaganjeto na Jugoslavija predsedatelot na Hrvatska Franjo Tugjman otvori nacionalna avio kompanija so direkten let Zagreb Brisel so logo shahovnica za da e promovira Hrvatska,avionot letashe so sedum patnici ali reklamata za Hrvatska beshe golema zasto cela evropa i svetot sletuvaa vo Brisel pokraj Hrvatskata shahovnica (NACIONALNO ZNAME ) Makedonija najverojatno nee zainteresirana za takvi promocii dane slucajno padnime na zarek stho vikaat postarite luge,so pozdrav. |
|
|
|
|
|
|
Од: vlado |
Датум: 04.07.2011 09:27:53 |
|
a konekcija aleksandar veliki - skopje uste-poveliko ke ima? |
|
|
|
|
|
|
Од: Realizacija |
Датум: 04.07.2011 09:42:01 |
|
Sto sakal da kaze onaj komentator" zapad" Nisto ne go razbrav, a verojatno kutriot i toj ne moze da se razbere. Nesto sakal da kaze , ama mu se izmesale mislite. Inakum ja pozdravuvam akcijata za povrzuvanje na Skopje so pogolem bro svetski metropoli i so poevtini ceni. Sepak treba toa i da se realizira vo praksata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Josif |
Датум: 04.07.2011 09:56:54 |
|
edvaj cekam da se povrzeme so Spanija i Italija. Odlicno sto postoi zelba za modernizacija i za napreduvanje na aerodromot i aerodromskite uslugi. Ima edna rabota vo blizina na aerodromot ni nas nasusen: pri sletuvanje prvo, apri poletuvanje posledno, se gleda eden baagi golem otpad, mislam deka bese za avtomobili. Voopsto ne e ubava slika, za nekoj sto prv pat doaga vo zemjata, uste ne izlezen od avion, da go vidi seto toa gjubre. Dali nekoj bi mozel da go zacisti/premesti toj otpad? |
|
|
|
|
|
|
Од: Igor |
Датум: 04.07.2011 10:10:26 |
|
Blagodarime za letot za London koj cini 60 evra, bidejki vizata e 90 evra... |
|
|
|
|
|
|
Од: Zare |
Датум: 04.07.2011 10:11:14 |
|
Zajadliv narod,i na dobra vest ke plukaat |
|
|
|
|
|
|
Од: Pejo glupaviot |
Датум: 04.07.2011 10:43:51 |
|
Ako TAV tplku se grizi za patnicite od skopskiot aerodrom zosto ne organizira javen prevoz do gradot, kako sto ime na site svetski i selski aerodromi. Ako se najdat evtini avionski kompanii, avionskata karta ce bide poevtina od taksi za do gradot. |
|
|
|
|
|
|
Од: Setan covek |
Датум: 04.07.2011 11:36:15 |
|
Luge sekoja radosna vest e ubava,e sega treba i kritika,toa sto nema Avtobus na sekoj saat Aerodrom centar toa e sposobnosta na gradskite vlasti,pa neli se e privatno samo treba malku umesnost i se da proraboti,inaku po svetot sekade e skapo prevoz so taksi,osven vo Azija,se ke si dojde na mesto,ama i nie treba da se iskulturime malku,jas se iznenadiv vo USA koga imaa izdadeno 20 extra tiketi za let do Seatlle,pa posle nudea 400 dolari po karta na onie koi ne se brzat da stignat sabajle,istoto se sluci so let koj bese vo 11.45 navecer Do Newyork nudea 400 dolari i hotel da otstapis mesto,chudo nevideno mislev samo vo Makedonija moze da se sluci toa ama bilo sekade isto,taka e koga letas so niskobugetni kompanii. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 04.07.2011 12:04:45 |
|
Se sto jas mozam tika das razbiram e nedovrsena rabota kaj aerodromot. Nosi golemo ime, ama i golema nevrabotenots. A ljugeto kukat, nema rabota? Jas ne bi sakala da sletam vo takov nezavrsen vlez, na bilo sto i kade.
Toa e se sto jas gledam.
Ajde pak oste edna slika koga se ke bide tip top.
|
|
|
|
|
|
|
Од: od mene |
Датум: 04.07.2011 14:23:51 |
|
he he golem uspeh nema sto konekcija so evropa a dosega so kogo imase konejkcija so krivogastani
vest ke bese konekcija so prekuokeanski zemji , amerika ,avstralija a toa ne samo sto ke letame do dizeldorf tuki i vo minhen ke odime i toa dva pati vo nedela ili mesec ne znam ako uspeat da prodadat karti koi cinat 10 pati povece od sekade vo evropa da dami i gospoda deset pati
vo germanija let od dizeldorf do barselona cini samo 28 evra a kaj nas od skopje do dizeldorf cini 440 evra
epa nazdravje
ne sme nekade tuku sme nikade vo svetot
pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: mene u eu |
Датум: 04.07.2011 17:03:40 |
|
shto narod ke bevme breee..pa fala bogu dojdoja povtorno turcite da ni napravat aerodrom,koj od nas makedoncinjata ke investirashe?samo frustracija,nedoverba i zajadlivost vo narodov..da mu e sram na covek da se poistovetuva so sopstveniot narod,sramota |
|
|
|
|
|
|
|
|