Број 3629  среда, 13 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Вашингтон

Мекнамара: САД може да помогнат за името

13.07.2011, 10:46

Соединетите Американски Држави (САД) и Европа можат, доколку сакаат, да притиснат да се реши спорот, вели аналитичарката од Фондацијата Херитиџ, сали Мекнамара во интервјуто за Гласот на Америка.

Според неа, НАТО и ЕУ треба да останат доследни на определбата за проширување за земјите кои ги исполниле критериумите.

Аналитичарката, чија специјалност се европски прашања, наведува дека отсекогаш постоеле билатерални прашања, дека Грција има своја поента во спорот со името, но дека е битно прашањето за името меѓу Македонија и Грција да се реши од поширок аспект.

„Веќе подолго време порачуваме дека едно билатерално прашање не треба да се наметнува на мултинационалните алијанси како овие. Чудно е и мошне опасно за обете страни“, истакнува Мекнамара.

Замолена да ја коментира изјавата на американскиот заменик-помошник државен секретар Томас Кантримен дека времето за решавање на спорот околу името е токму сега, Мекнамара порачува дека токму сега американската влада има шанса од зборови да премине на д��ла.

„Владата на Обама и Европа се најдоа во мошне чудна ситуација каде Грција - која, според мене, го создава проблемот - е исправена пред меѓународната заедница, и никогаш досега немала барања за толкава помош, финансиска и политичка. Владата на САД во случајов е во прeдност. Доколку сакаат да разговараат со Грците, да извршат притисок, да употребат дипломатија, ги имаат сите средства да го сторат тоа“, вели аналитичарката од Херитиџ.


#
Статијата е прочитана 446 пати.

Испрати коментар

Од: Trajko Trajkovski
Датум: 13.07.2011 11:40:17
Nikoj nema pravo da pregovara za ime .Niti Makedonska vlada nitu bilo koja druga..Ova e se manipulacija za destabilizacija na Makedonija.Preku OHRIDSKO PREDAVSTVO.Lokalna samouprava i federalizacija,do konacno priklucuvanje na Makedonija vo sostav na Albanija,Bidejki skoro 50% e etnicki vece cista,Toa e celta na pregovori na nasi vladi so drugi.Kako da se izveda,Albanizacija A Makedonski narod da bide pod anestezija.. Trajko Trajkovski USA

Најди! во Утрински
Насловна
Колку вредат возилата на „Перо Наков“
Балканот без двојни гранични контроли?
„Ах да можев да спасам барем уште некој живот“
Атина полна туристи со плиток џеб
Хаџи-Ристески на гости кај Аугенталер
Двокатниот автобус на принуден одмор
Нови предизвици за старите партнери
Коце Трајановски доби нов двегодишен мандат на чело на ЗЕЛС
Кредитите и банките
Нова навивачка секс-бомба од Парагвај
Перушевски негира плетење во „Пајажина"
Оживеаната магија на Безистенот
Адреналин на ниво на тревога
Семафор за услугите на Пасошко
Раскошот и бедата на македонското новинарство
По него врескаат тинејџерките
„Шпиц" на протест пред „Перо Наков"
Падот на куќата Мардок
Магично отворање на „Охридско лето"
Редици за плаќање сметки во банка, а поштите празни
Стил
Чиле, Уругвај и Перу нови четвртфиналисти
Онлајн вести

"""