Број 3629  среда, 13 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Хаџи-Ристески на гости кај Аугенталер

Претседателот на ФФМ в петок во Франкфурт на разговор со кандидатот за селектор на Македонија

Сашко Ѓ. Димовски



Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Харалампие Хаџи-Ристески, утре ќе замине за Франкфурт, каде што в петок ќе оствари средба со Клаус Аугенталер, кандидат за селектор на македонската фудбалска репрезентација. Посредник во разговорите е нашиот поранешен интернационалец Саша Ќириќ.

„На средбата ќе се разговара за условите под кои Аугенталер би прифатил да ја врши функцијата селектор. Станува збор за големо фудбалско и тренерско име, зад кое стојат тренерски ангажмани во клубови како Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Нирнберг, Волфсбург“, изјави Ќириќ за македонскиот спортски портал „Спортефе“. „Можам да кажам дека постои голем интерес за соработка од двете страни и затоа се надевам дека ќе се најде заеднички јазик и финансиска конструкција за реализација на соработката. Убеден сум дека Аугенталер како искусен тренер може да помогне за поправање на впечатокот на македонската фудбалска репрезента��ија во овие квалификации и таа максимално подготвена да ги дочека наредните за Светското првенство во Бразил“.

Според „Спортефе“, во комбинација за селекторската функција се и домашните кандидати Чедомир Јаневски, Артим Шаќири, Зоран Стратев, Илчо Ѓоргиоски, потоа Србите Зоран Филиповиќ и Љупко Петровиќ, Хрватот Мирослав Ќиро Блажевиќ и Турчинот Зија Доган. Во трката за наследник на Мирсад Јонуз беа и Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски, обајцата остварија средби со Хаџи-Ристески, но подоцна се повлекоа од намерите. Првиот го презеде кормилото на Најран од Саудиска Арабија, а вториот беше пред договор со Фудбалската федерација на Бангладеш за да ја води селекцијата на таа азиска земја, но работата се изјалови.

Македонија цел месец е без селектор по разрешувањето на Јонуз во првата половина од минатиот месец, непосредно по поразот од Република Ирска во Скопје, четврти во квалификациите за ЕП 2012. Во нив имаме уште реми (2:2) со Ерменија на домашен терен и победа (2:0) на гости кај аутсајдерот Андора.


#
Статијата е прочитана 1396 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Колку вредат возилата на „Перо Наков“
Балканот без двојни гранични контроли?
„Ах да можев да спасам барем уште некој живот“
Атина полна туристи со плиток џеб
Двокатниот автобус на принуден одмор
Нови предизвици за старите партнери
Коце Трајановски доби нов двегодишен мандат на чело на ЗЕЛС
Кредитите и банките
Нова навивачка секс-бомба од Парагвај
Перушевски негира плетење во „Пајажина"
Оживеаната магија на Безистенот
Адреналин на ниво на тревога
Семафор за услугите на Пасошко
Раскошот и бедата на македонското новинарство
По него врескаат тинејџерките
„Шпиц" на протест пред „Перо Наков"
Падот на куќата Мардок
Магично отворање на „Охридско лето"
Редици за плаќање сметки во банка, а поштите празни
Стил
Чиле, Уругвај и Перу нови четвртфиналисти
Мекнамара
Онлајн вести

"""