Број 3629  среда, 13 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Витраж

Оживеаната магија на Безистенот

Катерина Богоева

„И должиме на чаршијата, а дојде време да и го вратиме долгот“, вака размислува Саше Шотаровски, сопственикот на кафето Галерија 8“, која од отворањето на 1 јули заедно со двете ателјеа на ДЛУМ во Безистенот во Старата скопска чаршија е полна со уметнички дела, но и со гости. Очекувано, таму доаѓаат оние што не можат да ја заборават магијата што ја нуди овој многувековен простор и која ја почувствувале кога тој интензивно живееше на крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на минатиот век. Но, има и многу млади, „градски деца“ што ја бараат тука другата страна на Скопје, каде што се мешаат границите на видливото и невидливото, на духовите од минатото со сегашноста, делата на некогашните со сегашните мајстори, на занаетчиите, сликарите, градителите, музичарите, соништата на верниците и неверниците. Далеку од бучните, светли, и се' понапорни квартови за живеење.

Освен зборот долг, тука често се споменуваат и мерак, кеф, уметност, душа, почит, но и верба, која доколку ја немаше, Друштвото на ликовните уметности нема да можеше да ги добие ателјеата за уметниците. Шотаровски, кој го познава современиот дух на градот, а важи за искрен почитувач на уметноста, гледајќи го жарот во очите на дел од младите посетители, не ја исклучува можноста „тука да биде родено и некое ново ЗЕРО“. Магијата на просторот во овие пеколно жешки денови ја надополнуваат и изложените слики на Касиопеја Наумовска во „Галерија 8“ и сликите и скулптурите на Беди Ибрахим во едно од двете ателјеа.

„Со години сонував за овој простор. Во овој дел на градот сум роден и тука ја минував младоста, студентските денови. Ателјето, кое извесен период ќе го користам, ќе биде отворено и за младите уметници, за студентите од Факултетот за ликовни уметности и за други гости. За Безистенот ме врзува и еден текст на Евлија Челебија, кој запишал дека тука се продавала и изгорена лимонова кора измешана со цимет, што на просторот меѓу улиците полни со јорганџиски и леблеџиски дуќани му давало посебна убавина и мирис. Тие мириси долго време се мешале“, вели Беди, кој изложува дела од творечките циклуси „Мојот дневник“ и „Мојата одаја“, создавани во изминатите дваесет години.

А во оживувањето на магијата, голем удел има и архитектот Кристијан Јорданов, кој, исто така, еден значаен дел од својот младешки живот мина во чаршијата, меѓу различните кругови луѓе, кои во легендарната „Галерија 7“ пред повеќе од дваесет години си ги разменуваа и воедно ги дефинираа своите светогледи.

И тој го спомена зборот мерак, како клучен во прифаќањето на понудата на ДЛУМ, неговата фирма „Тетрактис“ делумно со спонзорство да учествува во оживувањето на просторот. „Ги мигриравме луѓето, некогашната атмосфера од ’Галерија 7‘ во ’Галерија 8‘. Со голем мерак му помогнавме на ДЛУМ да си направи еден микроамбиент и да се претстави“, рече тој. А претставувањето е навистина успешно. Присуството на уметноста влијае и на посакуваното оживување на околината на Безистенот, што е мошне значаен чекор за старото градско јадро.

И претседателката на ДЛУМ, Тања Балаќ, како припадник на генерацијата на која политичките настани при распадот на поранешната СФРЈ „и' го прекинаа убавиот филм во Старата скопска чаршија“, често ја споменува некогашната атмосфера, но не како патетичен носталгичен копнеж, туку како репер одредени вредности што не можат лесно да се изгубат. „Ме ежи помислата кој поминал таму. Векови поминале, многу луѓе, поради тоа местото ја има таа магија. А навечер е вистинска сказна. И покрај горештините, планираме нови настани, изложби, но и проекции на филмови, промоции на книги, музички настани“.

Доколку во Безистенот седнете да се напиете нешто, не заборавете да се обидете да си ги оставите грижите надвор од него. Во таа зона на уметноста влезете со спокоен чекор, за кога ќе излегувате, тамошните бои, мириси и звуците да сакаат да дојдат со вас.


#
Статијата е прочитана 852 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Колку вредат возилата на „Перо Наков“
Балканот без двојни гранични контроли?
„Ах да можев да спасам барем уште некој живот“
Атина полна туристи со плиток џеб
Хаџи-Ристески на гости кај Аугенталер
Двокатниот автобус на принуден одмор
Нови предизвици за старите партнери
Коце Трајановски доби нов двегодишен мандат на чело на ЗЕЛС
Кредитите и банките
Нова навивачка секс-бомба од Парагвај
Перушевски негира плетење во „Пајажина"
Адреналин на ниво на тревога
Семафор за услугите на Пасошко
Раскошот и бедата на македонското новинарство
По него врескаат тинејџерките
„Шпиц" на протест пред „Перо Наков"
Падот на куќата Мардок
Магично отворање на „Охридско лето"
Редици за плаќање сметки во банка, а поштите празни
Стил
Чиле, Уругвај и Перу нови четвртфиналисти
Мекнамара
Онлајн вести

"""