|
|
|
|
|
|
Коце Трајановски доби нов двегодишен мандат на чело на ЗЕЛС
13.07.2011, 15:54
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски е избран повторно за претседател на Управниот одбор на ЗЕЛС, а за потпретседатели се избрани градоначалниците на Куманово и на Чаир, Зоран Дамјановски и Изет Меџити.
Оваа одлука денеска беше донесена на Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).
- Им благодариме на колегите градоначалници што имаа доверба во нас и што ни даваат мандат во следните две години, рече Трајановски по изборот.
Тој потсети на повеќе работи кои ги има постигнато ЗЕЛС на планот на децентрализацијата во Република Македонија.
Донесени се, како што рече, повеќе закони и измени на закони, а подобрена е и финансиската состојба на општините.
Трајановски потенцира дека е подобрена комуникацијата со Парламентот и со Владата и додаде оти пред ЗЕЛС се уште остануваат уште многу предизвици, како финансиската стабилност на општините.
- И понатаму остануваме на ставот дека треба 6 отсто од ДДВ да ��иде изворен приход за општините. Благодарни сме за зголемувањето на износот на ДДВ наменет за општините од 3 на 4,5 отсто заклучно со 2013 година. Сметаме дека ни се потребни уште финансиски средства и остануваме на ставот персоналниот данок на доход да биде во висина од 30 отсто изворен приход за општините, рече Трајановски.
|
#
|
Статијата е прочитана 418 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: bravo koce |
Датум: 13.07.2011 16:56:07 |
|
sega nprej koce. napravi uste 1000 plazi na site makedonski govneni reki. da mi dades da ja ponosam kafevata krava so kocki. ziti majka. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goce |
Датум: 13.07.2011 17:51:09 |
|
Covekt nema nikakvi kavliteti, no samo takvite mu odgovaraat na gwujo, sto se bunite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Народ сиромашен???? |
Датум: 13.07.2011 17:56:09 |
|
Коце си ја наполни бапката си ги наполни зеповите,затоа гради плажи за има од каде да кради ,затоа става палми за да имаат сенка неговите украдени пари,а за народот ути бил во беда тоа Коце и Црни Грујо не го засега,кога е гладен народот тој е понемокен,
Тоа си го гласафте и сега трпете си гледајте ги шмизлите,спомениците,лавовите и небарајте пари Коце и Грујо усте имаат споменици да прават,им требаат пари ,треба фирми да си купат во странство .да ги обебедат салам нивните фамили за до крај на нивниот зивот |
|
|
|
|
|
|
|
|