Незадоволство
„Шпиц" на протест пред „Перо Наков"
13.07.2011, 14:42
Исплата на три заостанати плати и придонеси за четири месеци побараа вработените во весникот "Шпиц" од менаџментот на "Плус продукција", која ги издаваше трите весници на "Перо Наков". Дваесетина вработени во весникот, со по некој колега од "Време" и без ниту еден претставник на "**** ре", во дворот од А1 телевизија, изразија протест од актуелните состојби во нивните медиуми, кои згаснаа пред десетина дена. Новинарите, кои официјално се на колективен одмор, имаа куса средба со управителот на "Плус продукција", но од неа, не излегоа задоволни.
"Не ни беше понудени ниту грам оптимизам дека работите ќе бидат решени. Напротив, известени бевме дека ситуацијата е уште полоша", изјави Владо Ѓорчев од "Шпиц".
|