Број 3629  среда, 13 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Исповед

„Ах да можев да спасам барем уште некој живот“

Битолчанецот Васко Ристевски, кој од смрт спаси 25 бугарски државјани, не се чувствува како херој, туку како човек што си ја исполнил должноста

Битола - Насмеан, срдечен, толку непосреден како да го познавате цел живот, таков е нашиот херој Васко Ристевски, човекот што успеа да спаси од сигурна смрт 25 бугарски државјани во автобуска несреќа кај Пловдив. Васко има 39 години, семеен човек е, татко на три деца и живее во селото Егри на 12 километри од Битола, кон граничниот премин Меџитлија.

Тропнавме на неговата порта, а тој љубезно ни ги отвори вратите од неговиот дом. Еден месец по автобуската несреќа, Васко го живее своето секојдневје. Обврски со семејството, работата, земјоделството. Се' уште му се свежи сеќавањата за она што го доживеа, како што вели, во најдолгата ноќ од неговиот живот кога возејќи цистерна со 20 тони со СО2 од Битола за Бургас, пред него, на самиот влез за Пловдив, се запалил автобус во кој имало 37 патници. Автобусот удрил во мост, а потоа се откинал задниот дел. Сите патници што биле на опашката од автобусот не ја преживееја несреќата. Загинаа 8 луѓе. Васко се обиде и успеа да ги извлече живи останатите патници од автобусот, кои од Софија патувале на море.

„Ах, да можев да спасам барем уште некој од настраданите“, воздивнува Васко.

„Тој е нашиот херој“, пишуваа бугарските медиуми за нашиот Васко. Тој е толку едноставен човек, има завршено само основно училиште, а толку е позитивен, слаткоречив, со течна мисла што секој би го посакал за соговорник.

„Автобусот помина покрај мене и ме одмина, автопатот беше сосема прав, но само кратко потоа, гледам нешто гори на патот, се направија облаци од чад. Слушам едно момче ми вели: ’Гори автобусот‘. Го зедов апаратот за гаснење пожар и истрчав кон автобусот. Штом се приближив на само педесетина метри, пред мене се случи експлозија, силен оган, како во филмовите. Автобусот беше превртен на страната на возачот. Застанав, и за момент се подумав, ме фати страв. Си велам - што ако има нова експлозија, ако има некои боци внатре. Но, веднаш уште следниот момент си реков - што сака нека биде, одам да им помогнам на луѓето. Ако е пишано, нека загинам“, раскажува со возбуденост Васко.

Со ПП-апаратот, како што вели Васко, за чудо успеал да го изгасне пожарот во автобусот. Со тоа спречил уште поголема трагедија. Влегол во автобусот токму од откинатиот дел. Тогаш се соочил и со ужасот од несреќата. Васко вели секој возач треба и мора да ја покаже солидарноста на патиштата.

„Луѓето врескаа и пиштеа, бараа помош. Спасуваше и едно момче, Бугарин. Автобусот удрил во мост и затоа имаше толку мртви и повредени. На повредните им недостигаа делови од телото. За кратко време извлеков 5 души однатре. Отидов да им помагам на оние што беа фрлени по асфалтот од откинатиот дел од автобусот. Тоа беше ужасно, од големата брзина со која беа исфрлени на асфалтот, беа излупени во кожите до самите коски. Страшно беше. Но, во тој момент единствено на што помислуваш е да го почувствуваш пулсот на нивната рака и да знаеше дека се' уште дише, додека не дојдат полицијата и лекарите“, зборува Васко.

Она што се случи во таа јунска ноќ Васко го доживува како судбина. Вели, се нашол во вистинско време на вистинско место зашто следниот камион што поминувал по автопатот бил по петнаесетина минути. А за тоа време целиот автобус ќе бил во пламен. Во изминатите десет години откога работи како шофер за битолската фирма „Геосонда“, секогаш во Пловдив влегувал од неговиот прв влез, иако градот има три влеза. Е токму таа ноќ Васко со својата цистерна отишол на третиот влез.

„Не знам што ме натера да одам од таа страна на градот. Никогаш не сум го направил тоа. Не можам ниту сега да си објаснам. Но, ете било среќа за оние луѓе што ги спасив“, вели Васко, кажувајќи дека цела ноќ по несреќата останал буден во исчекување каква ќе биде здравствената состојба на повредните. Дали ќе преживеат?

И сега кога оди за Бугарија, не заборава да ги посети, како што вели, „своите пријатели“, со кои често се слуша и на „Скајп“.

За спасувачката драма, семејство Ристевски не слуша од Васко. Сопруга Фанче (34) вели дека Васко е толку скромен, што за случајот разбрале од негов пријател. Горди на својот татко се и ќерката Симона (17), синот Ице (15) и галеничката на тато, 12-годишната Габриела. Животната сопатничка на Васко вели дека на нејзиниот сопруг не му е прв пат да спасува животи во Бугарија. Пред неколку години кога семејно биле на летување во Созопол, спасил тинејџерка од давење.

„Поим немавме дека нашиот Васко е херојот во Бугарија. Не си дојде навреме дома и се загриживме, но не ни кажа што му се случило. Нема сомнеж дека за друг би го ризикувал животот“, раскажува сопругата Фанче.

Мајката Севда, среќна што има ваков син, вели дека не е изненадена од алтруизмот на нејзиниот Васко. Од дете, иако навидум темпераментен, отсекогаш бил емотивно поврзан и пожртвуван за своите блиски и пријателите. Васко само неколку месеци пред несреќата во Пловдив, во сообраќајка во Битола го изгубил својот најдобар другар Сашо.

„Од мал возеше кола. Уште на 6 години во Свети Николе на натпревар за орање со трактор го освои првото место. Доби двоглед и диплома, кои се' уште ги чуваме за спомен“, вели мајката Севда.

Семејството Ристевски на 27 јули патува за Бугарија, ќе одат на море како награда и б��агодарност од градот Бургас за спасените животни на 25 патници од автобуската несреќа. Бугарскиот премиер Бојко Борисов лично му заблагодари на Васко за покажаната храброст. Она што го побарал Васко од него е да добие бугарски пасош зашто уште пред 4 години аплицирал за исправата кога нашата држава не беше дел од безвизниот режим. Васко вели никогаш не би ја напуштил Македонија, но тогаш сметал дека со бугарски пасош полесно ќе може да патува низ земјите на Европа.

На 6 декември годинава градот Бургас ќе го одликува Васко со Орден за храброст „Стара Планина“.

Во меѓувреме, нашиот херојот кога не вози за Бугарија, макотрпно работи на својот имот. На шега вели: „Работам се' за што се потребни мотика и раменици“. Обработува дури 20 хектари земја. Жнее пченица, наводнува пипер, работи бостан. Васко секоја година во септември извезува 200 до 300 тони од надалеку прочуените слатки лубеници од пелагониското Егри. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 6301 пати.

Испрати коментар

Од: od risto
Датум: 13.07.2011 00:31:23
sekoja cest vistinski heroj so lavovsko srce toa e pravata humanost na eden vreden covek koj znae deka zivotot e naj dragocenoto nesto sto ne se kupuva za nikakvi pari ti cestitam prijatele
Од: Българин
Датум: 13.07.2011 00:39:31
Голяма Благодарност на Васко за спасения живот на мой приятел.
Од: Ivajlo
Датум: 13.07.2011 01:36:18
Българин съм ,живея в Канада ! От трибуната на "Утрински" сакам да кажам : БЛАГОДАРЯ ТИ, ВАСКО,БЛАГОДАРЯ ТИ БРАТКО ! Приеми прегръдки и целувки от цялата ни фамилия ! Дълбок поклон ти правим и Господ много здраве и живот да даде на теб и цялата ти фамилия ! С поздрав : семейство Иванови !
Од: Bane Gruneski
Датум: 13.07.2011 01:55:14
Нека му е алал,си ги спаси своите содржавјани.Барем со храброст си го заслужи, толку за него посакуваното Бугарското државјанство.Само храбро Македончиња,сите на Бугарските патишта и таму гинат,тоа е нашата лотарија.
Од: Българин
Датум: 13.07.2011 07:55:47
Още веднъж - едно голямо Благодарим, Васко. Желая ти весела почивка в Бургас. Ти си наистина герой и дано повече хора и в Македония, и в България, и по останалия свят, да постъпват като теб!
Од: Кирил
Датум: 13.07.2011 08:10:58
Поклон Васко! Да сте живи и здрави, ти и твоето семейство!
Од: лони
Датум: 13.07.2011 08:21:19
jас сум Бугарка От сето свое срцеблагодарам на тоj човек сакам му здравje срека на него неговото семеjство Има и големи луге во светот
Од: ivona
Датум: 13.07.2011 08:47:38
sekoja cest ,za humanosta i sposobnosta ,prisbnosta ,ama se poretki se vakvi luge recisi gi nema .
Од: Vesna
Датум: 13.07.2011 09:12:09
Gospod zdravje da mu dade na nego i na negovoto semejstvo
Од: dilan
Датум: 13.07.2011 11:16:34
Sekoja cest i pofalba za hrabrosta!!!!! P.S. Samo edna mala zabeleska do Vasko - ne trebase tolku javno da bara blgarsko grazdanstvo preku vesnicite 24 chasa i Trud. !Nemam nisto protiv da ima dvojno drzavjanstvo no ne tolku javno kazano ke se zloupotrebuva sepak!Inaku sekoja cest za hrabrosta!!!!
Од: Mudrec
Датум: 13.07.2011 11:22:20
Sekoja chest za spasenite zivoti i golemo UA za toa sto so sila se pravi bugarash.
Од: kris
Датум: 13.07.2011 13:18:14
Bravo Vasko....sekoja cest za storenoto delo.......
Од: vlatko
Датум: 13.07.2011 14:06:30
Oва сто го направи васко има две работи многу спритставени во првиот дел солзи ми потекоа од помослата дека има луѓе со толкаво срце, а вториот дел пак солзи ми потекоа дека истите тие лиѓе можат до толку да се непочитуваат самите себе и целиот свој народ за некаков пасош,затоа едно големо УА за вториот дел од работата што си го направил
Од: Tatjana Stojanovska
Датум: 13.07.2011 14:18:07
Vasko, porano im se poklonuvale na carevi i kralevi i na toj nacin im pokazuvale deka gi pocituvaat i gi cenat. Denes jas tebe ti se poklonuvam i te baknuvam. Ti si golem covek, so golemo srce. Ne sekoj se vpusta vo takvi stresni situacii , bidejki ne saka da si go remeti dusevniot, pa i fizickiot mir. A ti, ti ne si mislel na sebe, te vodela samo zelbata da pomognes i si spasil tolku mnogu zivoti. Sega ti vredis za tolku lugje kolku sto si spasil. Mi ostanuva samo da ti posakam dolg zivot, mir vo tebe i okolu tebe,da ti e zdrava i srecna celadta. Onie na koi si im go spasil zivotot ti dolzat mnogu, si im go spasil najmiloto, sto znaci treba da ti bidat iskreni i verni prijateli do krajot na zivotot, a covek so mnogu prijateli e bogat covek.Bravo.
Од: antiseparatist
Датум: 13.07.2011 14:56:16
Браво на хероjoт... тоа божие и храбро дело го сторил како вистински патриот и македонски бугарин!
Од: MxN
Датум: 13.07.2011 15:49:16
маката го натерала да побара бугарски пасош... не јадете бубрези.
Од: Ice
Датум: 13.07.2011 17:58:55
Golem mudrec.........ne go poznavas Vasko licno i komentiras,i zatoa vozdrzi se od komentari pozdrav Ice
Од: denes
Датум: 13.07.2011 18:08:24
Треба секој да види дека никој на овој свет бес цовецнос нема зивот ,секој ова не го прави ,зато Васко ке биде награден од Господ,така треба а не како насите поолитицари го крадат својот народ го грабат и го туркаат во беда каде ке му оди дусата.Овој цовек Господ ке го награди ,се гледа дека има срце дека има дуса ,и ако биле Бугари кои лосо се однесуваат со Македонија тој сепак им прузи голема помош ,тоа го прави само богат (во душата и срцето)

Најди! во Утрински
Насловна
Колку вредат возилата на „Перо Наков“
Балканот без двојни гранични контроли?
Атина полна туристи со плиток џеб
Хаџи-Ристески на гости кај Аугенталер
Двокатниот автобус на принуден одмор
Нови предизвици за старите партнери
Коце Трајановски доби нов двегодишен мандат на чело на ЗЕЛС
Кредитите и банките
Нова навивачка секс-бомба од Парагвај
Перушевски негира плетење во „Пајажина"
Оживеаната магија на Безистенот
Адреналин на ниво на тревога
Семафор за услугите на Пасошко
Раскошот и бедата на македонското новинарство
По него врескаат тинејџерките
„Шпиц" на протест пред „Перо Наков"
Падот на куќата Мардок
Магично отворање на „Охридско лето"
Редици за плаќање сметки во банка, а поштите празни
Стил
Чиле, Уругвај и Перу нови четвртфиналисти
Мекнамара
Онлајн вести

"""