Копа Америка
Чиле, Уругвај и Перу нови четвртфиналисти
13.07.2011, 11:23
Репрезентациите на Чиле, Уругвај и Перу им се приклучија на Колумбија, Аргентина и на Венецуела во четвртфиналната фаза од јужно-американското фудбалско првенство „Копа Америка“. Ова е исходот по одигрувањето на натпреварите од третото последно коло во „Ц“ групата.
Доцна синоќа во Мендоза, Чиле со 1:0 го победи Перу. Стрелец на единствениот гол беше Андре Кариљо во последната минута од натпреварот.
Со истиот резултат победа оствари и Уругвај над Мексико во вториот натпревар од „Ц“ групата на шампионатот што се одржува во Аргентина. Победничкиот гол за Уругвај на стадионот „Сиудад де Ла Плата“ во Ла Плата го постигна Алваро Переира во 14.минута.
Конечна табела во групата „Ц“: Чиле 7 бодови, Уругвај 5, Перу 4 и Мексико 0.
Веќе е позната и првата четвртфинална двојка, а тоа е Аргентина - Уругвај.
За вечерва се закажани последните два натпревара од групата „Б“ во кои ќе играат Парагвај - Венецуела и Бразил - Еквадор. зс
|