Кривичен суд
Перушевски негира плетење во „Пајажина"
13.07.2011, 15:38
Цело едно заседание скопскиот кривичен суд денеска потроши на поранешниот управител на „А1 Телевизија", Дарко Перушевски обвинет за четири тешки кривични дела.
„Јас сум шокиран од целата оваа постапка. Шокиран сум од начинот на кој ме третира Јавното обвинителство и од седумте месеци колку сум во притвор. Мојата 'одисеја' започна со повик од Финансиската полиција каде појдов на средба. Никој тогаш не ми кажа дека сум под истрага или осомничен. Само 24 часа подоцна бев повикан и на информативен разговор, а потоа, со усна наредба бев уапсен и притворен. И еве тој притвор трае цели седум месеци, а јас се' уште не можам да најдам одговор на прашањето: каде сум згрешил во работењето?", изјави екс-управителот на „А1 Телевизија", Дарко Перушевски, кој се расплака.
Обвинетиот Перушевски својата одбрана ја започна со потврда дека бил на челно место во телевизијата за која кажа дека секој што ја извршува таа функција треба да се чуствува гордо.
„Телевизијата, во времето кога јас бе�� управител, имаше 200 вработени и затоа е нелогично еден човек да управува со сите сегменти. Моите обврски беа изработка на програмската шема, набавка на нови програми, продукција, нова техника, анализа на рејтинзи на гледаност и помош во делот на маркетингот. Јас ниту се разбирам, ниту некогаш порано сум работел финансии и сметководство. За тие сегменти во работата имаше други кои беа задолжени, а јас им верував, бидејќи инспекциите на УЈП немаа замерки на работењето", кажа Перушевски. (Љ.С.)
|