|
|
|
|
|
|
Колку вредат возилата на „Перо Наков“
Инспекторите на УЈП во акција за присилно наплаќање на долгот од А1 и од „Плус продукција“
Горан Адамовски
Четири возила и еден мотор, од кои три во сопственост на „Плус продукција“ и едно возило на А1, се запленети во вчерашната акција на инспекторите на Управата за јавни приходи на „Перо Наков“. Повеќе од 110 возила, сопственост на двете компании, вчера добија налепница од УЈП откако инспекторите направија попис и процена на вредноста на автомобилите, комбињата и камионите. Двете фирми ќе можат да ги користат возилата, но по петнаесетина дена, УЈП може да ги заплени и да ги даде на аукција, односно на продажба.
Акцијата на инспекторите на паркингот на „Перо Наков“ каде што се сместени фирмите на Велија Рамковски уследи по барањето на УЈП за наплата на околу 10,5 милиони евра, што според нивните процени, ги должат А1 и „Плус продукција“, која ги издаваше дневните весници „Време“, „Шпиц“ и „**** ре“.
УЈП во понеделникот попладне ги извести надлежните во двете фирми дека се наложува сите над 150 возила, сопственост на компаниите, заед��о со сообраќајните дозволи и со клучевите да бидат донесени во кругот на А1.
Четворица инспектори од УЈП вчера околу пладне дојдоа во телевизијата. Откако во соработка со службите на двете фирми ги проверија документите на возилата, излегоа надвор за да ги попишат автомобилите, комбињата и камионите. На возилата им се ставаа налепници на ветробранското стакло (пример: А1 5). Атмосферата беше мирна, вработените во двете компании мирно набљудуваа што се случува.
„Ако ни ги одземат возилата, ќе ни ги одземат и последните можности за колку-толку нормално функционирање“, ни рече главниот и одговорен уредник на А1, Младен Чадиковски.
Дел од возилата беа на терен низ Скопје или во внатрешноста на земјава, па возачите се повикуваа да се вратат. По неколкучасовен попис на возилата, инспекторите си заминаа. Возилата со налепници останаа на паркингот. Вработените ќе можат да ги користат, но останува опасноста за нив по 15 дена инспекторите да се вратат и да ги запленат, а потоа да ги дадат на продажба.
Од А1 сметаат дека при вчерашната акција, УЈП не ги зела предвид жалбите на двете компании за изземање на половина од возилата од постапката за присилна наплата, бидејќи тие биле дадени како залог за кредит во една од домашните банки.
„А1 телевизија веќе побара даночните власти да дозволат плаќање на наводните долгови на рати со што би се испочитувала уставната обврска на државата да овозможи непречено функционирање на компанијата“, се огласија од телевизијата на нивната интернет-страница.
Во УЈП, пак, и вчера повторија дека нивниот став е добро познат.
„Даночните постапки се водат согласно со процедурите и со законите во Македонија. За даночната администрација е најважно што согласно со Законот за даночна постапка, даночниот обврзник е запознат со поединечните даночни акти и оттука нема да се впуштаме во нивно образложување ниту, пак, да ги коментираме шпекулациите на даночниот обврзник“, се вели во одговорот до „Утрински“ што го испратија од Управата за јавни приходи.
Вработените во „Време“ и во „Шпиц“ си ги бараат платите
Новинарите и вработените во дневните весници „Време“ и „Шпиц“ денеска ќе се соберат на протест во дворот од А1 телевизија и ќе побараат исплата на двете заостанати плати што им ги должи сопствеништвото на медиумите. Вработените велат дека за утре е планиран протест и пред надлежниот суд. Освен двете плати, според кажувањата на колегите од весниците, тие ќе побараат и целосно расчистување на односите со сопствениците.
Како што е познато, трите дневни весници на Рамковски престанаа да излегуваат поради неможност да функционираат. Формално, новинарите од весниците се испратени на принуден одмор исто како и најголемиот дел од новинарите во А1 телевизија. (Г.А.)
|
#
|
Статијата е прочитана 3336 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Сергеј |
Датум: 13.07.2011 00:26:33 |
|
Треба да протестираат пред владата и пред штабот на ДПМНЕ (кој е поголем од владата), затоа што оваа чорба токму тие им ја запржија. ( http://otpor.log.ph/ )
|
|
|
|
|
|
|
Од: sydney |
Датум: 13.07.2011 04:08:24 |
|
kako e mozno da velat deka NAVODNO imaat nekoi dolgovi koga od druga strana baraat da plakaat narati. znaci postoi neplaten danok a ne NAVODEN. |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 13.07.2011 07:02:58 |
|
1. Vo tekstot se veli: ,,za naplata na okolu 10,5 milioni evra.,, A vo clenot 9, stav (1) od Zakonot za danocnata postapka pisuva: ,,Sluzbeniete lica se dolzni kako danocna tajna da gi cuvaat site dokumenti,informacii,podatoci ili drugi fakto za danocniot obvrznik do koi dosle vo danocna, prekrsocna ili sudska postapka.,, (!!!???)
2.Vo clenot 139,, stav(1) tocka4) od istiot zakon stoi: ,,od prisilna naplata se izzemaat sustinski neophodnite sredstva potrebni za rabota..,, (!!!???)
|
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 13.07.2011 07:12:52 |
|
Kako sto trgnale rabotite sekoja kompanija sto nee so ovaa fasisticko, teroristicka i diktatorska vlada treba da postavat mitrolezi i minofrlaci za odbrana od UJP aramiite. Vo sekoja drzava na kompanii koi se vo kriza im se dava najpovolnata moznost za da gi namirat dolgovite kako ne bi se zatvorila firmata i kako luge ne bi ostanale bez rabota, a kaj nas e obratno, pravat sve i sesto kako da gi zatvorat, ali se znae zosto, zatoa sto ne se gazolizaci na VMRO. Koga ovaa vlada ke izgubi na izbori ke pukne tikvata i ke vidime kolku firmi sto se sopstvenost na VMRO-ovski podanici i dolzat pari na drzavava. Uste sega se znae deka takvo nesto postoi no za zal i ovie od UJP se VMRO-ovski slugi i gi izvrsuvaat naredbite na Grujo za osveta na neistomislenicite. Sekogas koga ke dojde nova partija na vlast pukaat tikvite na opozicijata, a poveke poradi osveta a ne poradi nezakonsko rabotenje. I cist da si kako solza nadleznite sepak ke najdat nesto nezakonsko za da se osvetat. Toa e nasata MK. |
|
|
|
|
|
|
Од: xxL from PP |
Датум: 13.07.2011 08:42:53 |
|
eden den i na tie so go zapocnaa ova,ke im se vrati |
|
|
|
|
|
|
Од: Толку галама за ништо |
Датум: 13.07.2011 10:00:37 |
|
Колку вредат возилата на „Перо Наков“??? Околу еден промил од парите што ги грабнал газда Велија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Борче Каменица |
Датум: 13.07.2011 10:00:56 |
|
Сами се изборија за ова.Ако им е! |
|
|
|
|
|
|
Од: Gorgi Lazeski |
Датум: 13.07.2011 10:01:49 |
|
Pajazinata na firmite KONARTIS,ZIMEKS i BUSE MAK na Goce Zelenkovski,kriminalot e cca 15 milioni evra!
Zelenkovski vo Begstvo,MVR ne go goni,Sudot ne raspisuva Megunarodna Poternica po Zelnkovski?
Selektivna Borba protiv Kriminalot. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 13.07.2011 10:09:57 |
|
Да,ова е добро,данокот мора да се плати.Но не треба да биде селективно.Нашите се редовни плакачи а вашите затајуват данок.Да се надеваме ,дека ке дојде ред да се наплатат даноците и на чесната фамилија.Само не ми е јасно дали може да се конфискуват деловни објекти и хотели во странство. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nenad |
Датум: 13.07.2011 11:17:14 |
|
Citiram "Во УЈП, пак, и вчера повторија дека нивниот став е добро познат."
Nesto ne go potvrdija nivniot stav koga bes evo prasanje Tutunskiot Boss Bajrush od Kumanovo??? Kako toa samo na onie sto se prezivaat na SKI se dokazuvaat... More mnogu prost narod sve, samo da ja snajde vladata kako vo Grcija i site chaush koj kade stigne... |
|
|
|
|
|
|
Од: koki |
Датум: 13.07.2011 13:25:27 |
|
Ocigledno Grujo gi drzi site konci vo raka....... bravo Grujo............za ovoj narod taka treba........... |
|
|
|
|
|
|
Од: trpe od gradsko |
Датум: 13.07.2011 15:18:44 |
|
Ova e golema steta posle zatavaranje na A1 i vesnicite Vreme , Spic i Koha e re ostan pustos vo mediumskiot prostor... St ostana provladnite MTV, Sitel i Kanal 5...ova e kako vo koumunizam vo koj se kazuvase edna vistina i velicese Komunistickata partija e sega VMRO-DPMNE i Gruevski..pa uzivajte...vo vladinite reklami, populizam i komunizam.. |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 13.07.2011 17:11:01 |
|
Ај се слагам се што е УКРАДЕНО неплатено,Да се одземе конфискува и еднаш засекога да се стави ред.Но вака него бива Некој Зеленкоски узреал си заминал.Некој место плати делат Бонови -Месо ако сите сме исти ај да бидеме.За газда Велија 101 година затвор ете неплатил 10 милони евра а колку за Зелениот кој опашал 15 милиони.Но секој што прави ќе мусе врати.На доброто со Добро на Лошото со Лошо.Што мислат БЛАДАРИВЕ?.До животно ќе владеат?. |
|
|
|
|
|
|
|
|