Култура
Магично отворање на „Охридско лето"
13.07.2011, 14:02
Со прекрасната изведба на „Трилогија Романа" и инвентивниот концепт на компанијата „Ла Фура делс Баус" вчера почна „Охридско лето"
Тина Иванова
После долго време, Македонија, Охрид и "Охридско лето" доживеаја спектакуларен културен настан. Но, не спектакл во смисла на гравитациони, акробатски или огнометски атракции, туку спектакл во смисла на техничко-технолошка иновација, на прогресивно, современо видување на едно уметничко дело, нешто што и во светот е раритет и ексклузивитет и се исполнува претежно на големите, престижни сцени. Познатата шпанска компанија "Ла Фура делс Баус", својот најнов концепт, својата најнова визуелизација на прекрасното дело "Трилогија Романа" го претстави и на прексиноќешното отворање на 51. издание на "Охридско лето". Така и Македонија стана дел од светската премиера што оваа компанија од Барселона ја прави врз најпознатата творба од италијанскиот современик Оторино Респиги, заедно со Валенсија и Рим. Под диригентство на маестро Андреас Вајзер од Германија, "Римска Трилогија" доживеа свечена и извонредна изведба од страна на оркестарот на Македонската филхармонија, пред многубројната публика во Античкиот театар.
Исклучително беше искуството да бидеме сведоци на изведба на едно класично музичко дело со придружни ефекти на слика и светло, што, колку и за конзервативците да изгледа непотребно и бесмислено, во време на брз технолошки напредок, кога мултимедијалната форма е сеприсутна во сите уметнички сфери, заради еднакво задоволување на сите човечки сетила, е повеќе од добредојдено, особено кај нас.
(Целосниот текст ќе можете да го прочитате во утрешното печатено издание на „Утрински весник“)
|