22.07.2012, 17:21 Што прават денеска
Тања Кочовска
- актерка
Секој ден до 18 август ми има само една точка во дневниот план - проби на „Декамерон“ во објектот на МНТ, во секакви временски услови, по 12 часа на ден. Премиерата е на 18 август, на „Охридско лето“. Дотогаш единствената „перспектива“ ми се Боњо, Маја и Кони.
Васил Соколов
- нуркач
Веќе започнавме со експедицијата за ново истражување на пештерата Врело кај Матка. Веќе е дојден белгискиот тим на спелеонуркачи, а го очекуваме уште Луиџи Касати, кој треба да пристигне денес и со „полна пареа“ да се нурнеме во истражувањата на Врело.
Сашо Тасевски
- актер
Тазе сум вратен од одмор, во саботата, со боја како на Бо Мекејлеб. Сега треба интензивно да работам на „забивања“ во кошот и да го чекам денот ќе ми предложам дуел на Бо(рче). Купив билети за мечот , Вардар - Бате Борисов и сега ја чекам среда, немам обврски со театарот и живеам летноодморски. |