ЕЛТОН ЏОН
Брат му живее во сиромаштија
Познатиот поп-пејач Елтон Џон има натрупано милиони, поседува луксузни вили во татковината Велика Британија, Франција и во Америка, а на синот Захари, кој го роди сурогат-мајка на Божик, наводно, му купил посебен „де лукс“ апартман. Меѓутоа, малкумина знаат дека големата ѕвезда има помлад брат што живее во сиромаштво на северот на Велс. Елтон Џон и неговиот полубрат Џеф Двајт (43) ги делат 16 години, но тоа не е единственото што ги разделува. Кога Џеф (братот на Елтон по татко), имал пет години, неговиот брат бил голема ѕвезда и му купувал подароци на семејството. Иако добил стипендија, Двајт набрзо го напуштил училиштето и западнал во лошо друштво. Кога имал 18 години, бил осуден на 4 години затвор.
Во годините што следувале Џеф едвај успевал да врзе крај со крај, занимавајќи се со разни работи. Во еден момент бил принуден да го издаде станот во кој тогаш живеел и да направи шупа, во која преживувал, благодарение на тоа што храна му носеле пријателите.
И покрај тешкотиите во кои се наоѓа, никогаш не побарал помош од својот славен полубрат, од кого се отуѓил поради честите критики на сметка на нивниот заеднички татко. Контактот со братот го прекинал уште пред неколку години, а дури и кога тоа би го сакал, не би можел да стапи во врска со него. „Го немам дури ни неговиот број на телефон“ - вели тој.
Додека Елтон Џон се дружи со ѕвезди, како што е Том Круз, и годишно само на цвеќе троши 176.000 евра, неговиот полубрат и денес едвај преживува. Со партнерката Карен и едно од нивните седум деца и мачката живее во мала колиба во Ридн, на северот на Велс.
Меѓутоа, Двајт никогаш не би се менувал со својот брат. „Повеќе сакам да бидам Џеф Двајт отколку Елтон Џон“- изјавил тој за „Дејли мејл“ и додал дека го жали својот брат. „Изгледа малку осамено и тажно во својот меур од слава“. |