Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Чии кодоши крие(ла) тајната полиција?

Изблиците „чии се службите“ влеваат несигурност кај
граѓаните, велат експерти

Оливера Војновска


Деновиве македонската јавност е сведок на жестока расправија меѓу сегашниот и поранешниот премиер, поврзана со нашата трагикомичната лустрациска сага. Двајцата политички ривали, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, меѓусебно се обвинуваат за злоупотреба на тајните безбедносни служби во функција на заштита на сопствените кодоши. Во препукувањата за тоа кој и кога ги проветрувал архивите со кодошките досиеја, неизбежно се вклучија и партиските централи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, додавајќи доза на драматика и загадочност.

Експерти предупредуваат дека вакви сериозни обвинувања за манипулација со специјалните служби, особено кога се јавно искажани од највисоки политички личности, имаат посебна специфична тежина. Посматрачите на нашите политички состојби посочуваат дека „ваквите изблици за тоа чии се службите“ влеваат несигурност кај граѓаните и дополнително го засилуваат сомнежот дека македонското општество има сила да спроведе праведна и правична лустрација.

Поли��ичкиот аналитичар, Алберт Муслиу не гледа искрена политичка волја да се спроведе лустрацијата. „ Треба да се понесе морална и политичка одговорност за институционално спроведување на лустрацијата без влијанија и притисоци“, вели Муслиу. За него е несфатливо како може личности кои се или биле на високи функции, да фрлаат сомнеж за работата на тајните служби, а со тоа и на легитимноста на процесот. „ Која е смислата на лустрацијата ако премиерот вели дека службите манипулирале со документите. Ако се имплицира дека во одреден период - кога некој друг бил на власт, се прочешлувале архивите и се фалсификувале документи, значи ли тоа дека и сега се фабрикуваат досиеја, или пак, тие се тргаат на сигурно место“, прашува Муслиу.

Професорот на ФОН, аналитичарот Мерсел Биљали вели дека злоупотребата на безбедносните служби е недозволива во демократски и организирани општества. „ Такво нешто е можно само во банана републики, но ние изгледа сме ја донеле државата токму во таква фаза“, со жалење констатира Биљали. Според него, владејачката партија прави се' само да го дефокисура вниманието од натрупаните проблеми на економски, социјален и надворешно-политички план. „Тоа е уште едно кукавичко јајце на ВМРО-ДПМНЕ, на кое опозицијата не смее да наседне. Милијарда кодоши не може да и' наштетат на државата, колку што може власта со ирационалната политика и потезите што ги влече. Затоа, опозицијата треба тука да ја насочи острицата , а не да лови кодоши во ВМРО-ДПМНЕ“, смета професорот.

Црвенковски неодамна коментирајќи ги најавите за масовна лустрација (ќе се контролираат сите сегашни и поранешни функционери од АСНОМ - 2 август 1944 година до 2019 година) изјави: „Што се однесува до мене и до целокупното раководство на СДСМ, власта може да предлага каков сака широк опфат и по структури на личности и по период. Едноставно нема ништо да најдат и повторно ќе се заплеткаат со некакви свои поранешни или сегашни членови и симпатизери“.

Премиерот Груевски пред два дена ја оцени како скандалозна оваа изјава на Црвенковски. „Граѓаните нека се прашаат како знае Црвенковски дека во редовите на СДСМ нема кодоши. Или тој имал некаков пристап до документите на тајната полиција кога бил премиер или, пак, можеби нешто менувал во тоа време, но може да се сомневаме и дека таа структура на власт во првите години по осамостојувањето уфрлала во опозициските редови луѓе што требало да вршат политички дисквалификации, кодошења и слично“, смета Груевски.

На ова од СДСМ возвратија:„Треба да се соочат со фактите дека прв премиер на независна Република Македонија беше Никола Кљусев, а прв министер за внатрешни работи беше вујкото на премиерот, Јордан Мијалков. Во дваесет години независност на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ на власт е веќе вкупно единаесет години, што потврдува дека Груевски точно знае и е лично одговорен што се' има собрано во неговата партија“.

Политичкиот аналитичар Ивица Боцевски, кој е еден од изготвувачите на Законот за лустрација, воопшто не е изненаден од ваквата кодошка кавга меѓу Црвенковски и Груевски. „Тоа е дел од вообичаениот политички фолклор. Очигледна е намерата за девалвирање на лустрацијата и нејзина политичка злоупотреба. Процесот треба да се спроведе транспарентно со целосно објавување на досиејата за научна, историска и публицистичка дејност“, смета Боцевски.

Сепак, во неодамнешното интервју за „Утрински“ и Боцевски оцени дека сенките на безбедносните служби висат над лустрацијата: „Не е дозволива дволичност во политичкото однесување. Од една страна сакаме лустрација, а од друга страна, пак, гледаме како практично не постои парламентарна контрола врз безбедносните служби. Политичките партии треба да покажат јасна политичка волја за почитување на актуелните уставни начела за цивилна контрола врз војската, полицијата и безбедносните служби. Во досегашното македонско демократско искуство тоа не било случај. Сомнежите дека лустрацијата може да се претвори во „лов на вештерки“ и средство за политичка пресметка стануваат легитимни во услови кога новите измени на Законот ни се претставуваат како „фаит аццомпли“ од страна на двете владејачки партии“.


#
Статијата е прочитана 2195 пати.

Испрати коментар

Од: Аналитичари
Датум: 26.01.2011 12:47:12
Треба работници а не аналитичари.
Од: kaktus
Датум: 26.01.2011 12:54:19
Врти сучи пак проблемот се сведува на исто: Кој ќе ги лустрира лустраторите!
Од: pero magacinero
Датум: 26.01.2011 13:24:26
tocno e,kodosite se dlaboko navlezeni vo dvete partii sdsm i dpmne,golem del nezadovolni od politikata na sdsm se prefrlija vo dpmne no i ponatamu si ostanaa kodosi,cudno e sto se zboruva samo za onie sto kodesele za jugoslavija(citaj srbija)no nikakov kodos ne mozeme da vidime koi rabotele za bugarija ili grcija iako gi ima so lopata da gi rines,se posocuva dosta dimovska,lupco georgievski,mladen srbinovski,mile nedelkovsi ili emil nedjalkov,dimitar dimitrov,aleksandar lepavcov,vasil tuurkovski,branko ne bi trebalo da se plasi od lustracijata no da bide za site podednakvo
Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.01.2011 21:13:59
Ние обичните граѓани незнаеме и очекуваме обелоденување такви и кај власта и кај опозицијата.Е сега некој вели пред време да во неговото партиско опкружување немало такви,што значи бланко алиби пред да се донесе законот.И се знае ако евентуално се откријат таквите токму таму ќе се испорача она познатото,,власта се пресметува со своите неистомисленици,,.
Од: Realist
Датум: 27.01.2011 01:37:10
Kakvi analitacari takvi vodaci,Bilali izgleda zivee vo nekoj zamislen svet i se sto ke cue od Usa Ili Europa veruva deka tamu e se kako sto kazuvaat mediumite koi se pod vlianie na Politikata,primer Asang, zosto go zatvorija,vojnata vo Irak,Iran i nuklearnata programa,Severna korea,Makedonija i imeto,i uste bezbroj spekulacii forsirani od najgolemite tv kuki vo svetot.Samo eden primer,za da se sretnes so Obama ti trebaat 2 miloni dolari za lobisti koi ke sredat da te sretne polovina cas,sto e toa korupcija ili Biznis ajde vie Analiticarite dajte analiza na ovaa recenica.Ta i na vrapcite im e jasno deka koj e navlast pali i gasi dodeka e na vlast,pa neli tajnatsluzba mora da dae izvestaj za rabotata na ministerot na policija ,a koj e sefot na ministerot Premierot itn itn.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Не, јас не сум
Коалициски пазарења за фотелјата во Судски совет
„Кралскиот говор“ поведе со 12 номинации
Сите на улица!
Марти ја подели македонската делегација во Стразбур
Последен воз за откуп на дворовите
Изиграни рекреативци
Слабејте како холивудските ѕвезди
Бизнисот бара чист простор
Суетата на касапот Ѓуро Сатарот
Лук и белки од јајца против сезонски настинки
Операцијата е успешна! А пациентот?
Брат му живее во сиромаштија
Универзитетските професори на протести
Карикатура
Училиштата и градинките на штрек поради грипот
Прва жртва на свински грип во Македонија
Експлозии во Атина и на Закинтос
Митровиќ труен со бензин, олово и арсеник
Автомобил бомба во Дагестан, 4 загинати
Бајруш Сејдиу доби 12 години затвор