Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Марти ја подели македонската делегација во Стразбур

Мехмети-Деваја од ДУИ изјави дека некoи формулации
од извештајот на Дик Марти звучат прејудицирачки

Парламентарното собрание на Советот на Европа вчера ја усвои Резолуцијата за истрага на трговијата со човечки органи во Косово на Дик Марти. Македонската парламентарна делегација во Стразбур замина со неединствен став како ќе гласа. Игор Ивановски од СДСМ пред гласањето изјави дека тој ќе гласа во прилог на Резолуцијата, нешто што претходно го најави и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од нашата тричлена делегација само пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети-Деваја, говореше пред Парламентарното собрание на СЕ при што настапи со став дека некои формулации од извештајот на Марти звучат „прејудицирачки“. „Мислам дека имаше потреба да се оспорат некои тврдења што со право се протолкуваа и доживеаја како тенденциозни, кои се однесуваат на улогата и мисијата на меѓународната заедница во постконфликтно Косово“, изјави таа по обраќањето. Пред заминувањето таа најави дека ќе гласа против извештајот на Марти, во согласност со ставот на нејзината партија.

Предлагачот на Резолуци��ата, Дик Марти, рече дека нема вистинска правда без вистина, одговарајќи им на делегатите кои изразија сомневање во вистинитоста на неговиот извештај. „Ние најдовме сведоци. Тие се кредибилни и ни дозволија да бидеме прецизни и затоа тоа ги плаши. Тие не се со Србите, тие сведоци го сакаат Косово, но се плашат бидејќи немаат доверба во нивното и во меѓународното судство, кое не знае да ги заштити сведоците“, изјави Марти. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 2317 пати.

Испрати коментар

Од: sv diitrija
Датум: 26.01.2011 12:53:38
Ako Dik Marty ima svedoci tie morat da izlezat vo janosta a sudot mora da ima odgovornost da se zashtitat.A ako toa se praveshe pred nosot na US i NATO znachi i tie se odgovorni .Ili ako nemate nikakvi dokazi makar i toa da se pravelo ,togash seto ova e zabluda .
Од: aleksandar makedonski
Датум: 26.01.2011 13:16:01
Се додека Македонија праќа представници како Ермира, или како представничката во Турција, ќе добива негативни поени од Европа, но и од својот народ! Цел свет знае дека за време на војната во Косово и Македонија се продавани органи од недолжни луѓе! Џелатите а и тие што ги подржуваат треба веднаш да се затворат! За да им се покаже на ѕверовите од луѓе дека за такви нема место меѓу цивилизираниот свет!
Од: viktorija
Датум: 26.01.2011 14:14:18
Potpolna i detalna istraga treba da se napravi. Do kolku Taci i negovite sorabotnici nemale nikakvo ucestvo vo toa togas ne bi trebalo da se voznemiruvaat od rezultatite na istragata. No vo sekoj slucaj vistinata mora da se znae.
Од: Od fakelaki
Датум: 26.01.2011 22:28:31
sigurno se nevini nemacad bez ogan......
Од: Nake Tufekciev
Датум: 26.01.2011 22:47:06
Tie sto ucestvuvale vo trgovija so organi treba da platat so svoi organi da vidat kako e pa neka setat posle slobodni dez eden organ da vidat kako e

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Не, јас не сум
Коалициски пазарења за фотелјата во Судски совет
„Кралскиот говор“ поведе со 12 номинации
Сите на улица!
Чии кодоши крие(ла) тајната полиција?
Последен воз за откуп на дворовите
Изиграни рекреативци
Слабејте како холивудските ѕвезди
Бизнисот бара чист простор
Суетата на касапот Ѓуро Сатарот
Лук и белки од јајца против сезонски настинки
Операцијата е успешна! А пациентот?
Брат му живее во сиромаштија
Универзитетските професори на протести
Карикатура
Училиштата и градинките на штрек поради грипот
Прва жртва на свински грип во Македонија
Експлозии во Атина и на Закинтос
Митровиќ труен со бензин, олово и арсеник
Автомобил бомба во Дагестан, 4 загинати
Бајруш Сејдиу доби 12 години затвор