Лук и белки од јајца против настинки
Здравјето е последица на секојдневните навики
Откако неколку години истражувал зошто некои луѓе никогаш не ги фаќаат вообичаените настинки и грипови, авторот на новата книга „The Secrets of People Who Never Get Sick“ („Тајните на луѓето што никогаш не се разболуваат“), Џин Стоув открил два клучни фактора: тие луѓе имале многу позитивен поглед на животот и што и да била нивната тајна - ја практицирале секојдневно.
Дали тајната е во јадењето лук, пиењето пивски квасец или попладневната дремка од половина час? Едно е сигурно, доследност на својот режим. „Зошто некои се секогаш здрави“? Кај повеќето тоа не е случајно. Тие веруваат дека здравјето е последица на секојдневните навики. Мислам дека тоа е најголемиот дел од одговорот на прашањето зошто тие никогаш не се разболуваат“, објаснува Џин Стоув.
Продукти за силен имунитет
По разговорот со повеќе од 100 лица што не заболуваат од сезонски болести, авторот на книгата издвоил 25 техники што му изгледале најделотворни. И самиот усвоил 15 од нив, а за време на процесот го елиминирал или го скратил траењето на своите вообичаени болки. Еве кои од овие мерки на пр��венција најдобро дејствувале кај него...
1. ЛУК
Јадел лук веднаш штом ќе почувствувал дека нешто го гребе во грлото. Вели дека не му се допаѓа мирисот ни вкусот на лукот, па затоа секогаш покрај себе има малку чоколадо за да го ублажи вкусот и свеж магдонос, кој го намалува мирисот.
2. ЗЕЛЕНЧУК
Втората тајна е да се осигурите дека поголем дел од вашите оброци се храна чиј извор е зеленчукот. Тоа е и причината зошто неговиот холестерол се преполовил.
3. ПИВСКИ КВАСЕЦ ЗА ПОЈАДОК
Некој го поучил дека денот може да го започне со пивски квасец, кој е богат со протеини и Б-витамини. За полесно консумирање, вмешајте го во житата.
4. ПОМАЛКУ КАЛОРИИ
Да се јаде половина од она на што сме навикнале, значи и намалување на внесот на дневни калории за 25 отсто, што, од друга страна, долгорочно би можело да ви осигури долга и мирна старост, на која нема да и' пречи висок крвен притисок и честа посета на лекар.
5. ВИТАМИН Ц И ВЕЖБАЊЕ
Сезонските настинки и грипови може да се спречат со секојдневно внесување витамин Ц заедно со урамнотежена исхрана и секојдневно вежбање.
6. БЕЛКИ ОД ЈАЈЦА
Ако секојдневно пиете разматени белки (посебно ако вежбате), со тек на време ќе зајакнете и ќе ги избегнете повеќето настинки.
7. ЧЕСТО МИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ
Луѓето што често ги мијат рацете и внимаваат да не се фаќаат за очи или да ја допираат устата со валкани раце - поретко се разболуваат.
8. ПИЛЕШКА СУПА
Докажано е дека состојките од пилешката супа штитат од настинки и го скратуваат времетраењето на оние што веќе почнале.
9. ДРЕМКА
Ако спиете редовно по половина час дневно, ќе го зајакнете организмот и подготвено ќе ги дочекате вирусите и бактериите. |